Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Обичаите што се изведуваат на Бадник се разликуваат од регион до регион, па дури и од село до село, но она што е заедничко секако се богатата софра, што се подготвува на Бадник навечер, коледниот оган и бадниковото дрво, како и коледарските песни.
За Бадник трпезата секогаш е посна, но исклучително богата ( посна сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и сл.) Пред да започнат домашните да вечераат, домаќинот го отворал прозорецот и го поканувал Дедо Боже на вечера со зборовите:
"Повели Дедо Боже да вечераме". Во некои места софрата се изнесувала во дворот и оттука се упатувала поканата кон Дедо Боже. Обичај е по вечерата софрата да не се крева. Храната останува цела ноќ, а во некои места така останува во текот на трите дена додека се празнува Божиќ. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани. На Бадник во секоја куќа се меси обредно лепче со пара, познато како кравајче во кое се става сребрена пара. Кога сите ќе седнат на вечера домаќинот откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата го крши кравајчето на толку делови колку што има членови семејството, оставајќи уште дел за Бога и за куќата. Сите присутни во својот дел од кравајчето ја бараат парата, и оној што ќе ја најдел парата ја ставал во чаша со вино од која сите пијат за здравје и среќа. На оној што ќе му падне парата се верува дека годината ќе му донесе многу среќа, радост, успех и богатство.Богати обичаи и верувања на Бадник се поврзани со обредниот оган, како и со горењето на бадниковото дрво. Најчесто се гори пенушка од даб. Таа ноќ, како што запишал Кузман Шапкарев, "сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, та од тоа се гледа дека таа ноќ е наречена: "Бадник - будник".
На Бадник се изведуваат и повеќе други обичаи, како што се сечењето и горењето на дрвото "Бадник" коледарските огнови и многуте песни што се пеат крај нив.
Децата утрото на Бадник ги посетуваат куќите каде што пеат песни, го најавуваат и го честитаат големиот празник "денеска е Коледе, утре е Божик" за што добиваат дарови (овошје, бомбони, пари итн.)
Коледе, леде!
паднало греде,
утепало деде.
Дедо се мачи,
баба го квачи,
со четири јајца
гускини, паткини!
О. О. коледе!
забава Бремените
Автор: bobik
Секој ден ни е подарен како празна страница. Но, често, наместо да ја ...
Заеднички моменти, незаборавни спомени
Во трката по обврски, планови и секојдневни задачи, лесно е да заборав...
Доењето не е само начин на исхрана. Тоа е еден од најприродните и најм...
Природна поддршка за забременување
Многу парови денес се соочуваат со предизвикот на неплодност или подол...
Митови и вистини за забременувањето
Темата за забременување е обвиена со многу совети, верувања и „тајни р...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?