namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Драг Тим,
Ги поминав изминативе денови чекајќи да се разбудам, чекајќи некој да ми каже дека ова е некаква одвратна шега, некаква ужасна грешка. Мислам дека конечно се помирувам и сега навистина никогаш повеќе нема да те видам.
Првите неколку дена ги малтретирав твоите пријатели (дали се СИГУРНИ ДЕКА Е ВИСТИНА?!, барајќи доказ, КАДЕ СИ СЕГА?!) и пребарував статии на Google да прочитам дека погрешиле. Секојпат кога ќе видев „RIP“ и „Avicii“ заедно во една реченица или крајната дата на твојот живот, чувствував шок, повторно и повторно. Кога видов дека ги промениле твоите податоци на Wikipedia од „е“ во „беше“, липав. Со минути зјапав, обидувајќи се да разберам зошто пишуваше дека си умрел на 20 април 2018. Немаше смисла. Ти си премлад и прекрасен и јас те сакам премногу за тоа да стои напишано до твоето име. Не се будам со твојата глава на моите гради и со Лука на моето рамено. Наместо тоа, секое утро одвлечена сум од сонот во реалноста со наплив на анксиозност и забрзано срце. Дали тоа се обидува да чука двојно, за нас двајцата?
Денот кога почина, отидов во твојата куќа за да те почувствувам околу мене. Лежев под тушот долго време и кога излегов и се свртив кон спалната, ти не ме чекаше. Не седеше во средината потпрен на таа ужасна сива перница. Легнав и ги немав твоите гради под моето лице и не можев да ти наредам да ме галиш по грбот непрекинато и подобро.
Ти кажував дека Лука нема да се сеќава на живот без тебе. Сега се надевам дека тој ќе го памти неговиот живот СО тебе. Јас ќе бидам таму да го потсетувам. Ќе му покажувам видеа во кои постојано те повикува.
Последниот пат кога те видов, ми ја врати книгата „Лолита“ затоа што ќе ? ја давав на Маја и знаев дека никогаш нема да ја прочиташ. Ти инсистираше дека ќе ја прочиташ... и сега никогаш нема да ја прочиташ... Како што и никогаш нема да му читаш чешки книги на Лука за јас и тој да ти се смееме на изговорот. Како што и никогаш нема да те слушнам како свириш на пијано пред да влезам во куќата и никогаш повторно нема да ја прекинеш музиката за да станеш и да ме бакне за „здраво“.
Секогаш кога ќе помислам на нешто кое нема да го завршиме, чувствувам физичка болка во моето срце. Никогаш не завршив да те убедувам дека името на нашата ќерка МОРА да биде Серафина. Ти никогаш не ја доврши тетоважата на раката во која на подлактицата ќе имаше лице кое случајно ќе наликуваше на моето.
Единственото нешто поубаво од твоите раце беше твојата душа. Срцето ме боли што знам дека никогаш повеќе нема да го почувствувам твојот допир, никогаш нема да те слушнам како се смееш, никогаш нема да ја видам твојата рака испреплетена со мојата непосредно откако ќе ги отворам очите. Никогаш повеќе нема да ја бакнам таа убава уста.
Ќе ми недостига да ја гледам твојата љубов за Лука...
Еднаш ми кажа дека мразиш, МРАЗИШ да ме слушаш како плачам. Дали сè уште те растажува тоа таму горе?
Мислам дека веќе реков извини за сите грешки кои ги направив додека бевме заедно, но не реков извини за сите нешта за кои не ми беше жал. Извини што те убедив дека имаш рак на кожата и те измачував со тоа додека не му дозволи на татко ми да ти ја отсече и испадна дека е само обична бемка. Извини што скоро секоја моја менструација оставаше крв на твојот кревет. Извини што само еднаш се дотерав за тебе во текот на целата наша врска.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...