vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Една маса е многу попријатна ако имате оставено личен печат. Нешто што е значајно за вас и вашите гости, ја прави вечерата посебна. Скоро и да не постојат правила за убаво наредена маса. Но, можеме да извлечеме некои општи насоки:
Постави главна тема на декорацијата - може да биде:
Весело - со интересни елементи, весели пораки - од салфетките до местата за седење. Комбинацијата на зелена и црвена е многу соодветна.
Стилски – голем чаршав, седефасти свеќи, крпи салфетки, преклопени на прекрасен начин. Класичните зелени и црвени се добро испреплетени со злато и сребро.
Рустикални - природни елементи, шишарки, цимет, гранки од елка. За оваа декорација многумина користат кафена, беж и бела боја.
Подредете така за на гостите да им биде удобно да јадат. Ова значи дека најголем дел од декорацијата е во центарот на масата, а не на краевите. Може исто така да се стави некоја декорација на чиниите. Ако вашата маса е округла, ставете ја основната декорација во центарот - збир на свеќи и гранчиња. Ако е правоаголна - поставете подолга права линија долж долгата оска на масата.
Извадете го најубавиот прибор, полирајте го, сервирајте ги најубавите јадења и чаши, сервирајте салфетки, запалете ја вашата најубава свеќа. Манирот од кој ние не се делиме, е да ги чуваме нашите прекрасни предмети ", за друг пат, за гостите, за посебна прилика". Па, ако Нова Година не е посебна пригода, која е? Извадете ги и не плашете се. Колку повеќе ги користиме работите, толку тие ги дефинираат нашите постапки.
На крај, дотерајте се
Најубавиот украс за секоја вечера е нејзината домаќинка. Барем еден час пред да дојдат гостите, излезете од кујната и направете го она што ви треба за да изгледате и да се чувствувате добро. Облечете убава облека дури и кога сте дома. Доброто расположение на сите зависи малку или многу од вашето.
И ова се само некои од идеите со кои можете да дојдете:



4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто е важно да влезете во бременоста со здрава тежина
Тежината пред бременоста може да влијае врз плодноста, текот на бремен...
Новороденчињата поминуваат голем дел од денот во сон, но нивниот ритам...
Преминот од пелени кон нокшир е важен чекор во развојот на детето. ...
Причини за вагинална сувост во бременоста
Бременоста носи бројни хормонални промени што влијаат врз целото тело,...
Природни начини за ублажување на настинка и грип
Топлите напивки, одморот и доволниот внес на течности можат да помогна...