Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Парфемите се едни од најпознатите подароци за жените, кои се подаруваат како од мажи, така и од жени, на многу празници во текот од годината. Таков е случајот и со празникот на вљубените, на кој најчести подароци се парфеми, патувања и накит.
Ако сакате да дознаете кои се едни од најдобрите парфеми за празникот на вљубените во 2014 година, продолжете да читате...
Givenchy Ange Ou Demon Le Secret е еден од најновите парфеми кои се појавија во изминатиот месец, специјално за празникот на вљубените. Парфемот е направен за дами на возраст меѓу 20 и 40 години, а најсоодветно годишно време за употреба е во пролет. Во неговиот состав може да најдете ноти на лимон, брусница, зелен чај, јасмин, крин, божур, мошус и светли ноти. Се очекува да пристигне во парфимерија пред празникот на вљубените.

Viktor & Rolf Bonbon е неверојатно заводлив женски парфем, кој беше претставен на почетокот на месец јануари 2014 година. Мирисот му е создаден во парфимеријата на Cecile Matton and Serge Majoullier и негова клучна состојка е карамел. Овој парфем е погоден за ладно време и главно за ноќна употреба за формални прилики, како вечери, средби, настани. Погоден е за дами меѓу 25 и 45 годишна возраст.

Miss Dior Blooming Bouquet е најновиот парфем од модната куќа на Christian Dior, кој исто така стана дел од колекцијата Miss Dior во почетокот на 2014 - та година. Ако сте имале среќа да пробате некој од претходните парфеми кои го носат името Miss Dior , тогаш овој може да ви се допадна уште повеќе, особено ако ви се допаѓаат обоените парфеми! Како што можете да заклучите од неговото име, во парфемот се крие букет од различни миризливи цвеќиња како: божур и роза, поткрепени со арома на мошус , праска и кајсија. Мирисот е разигран и погоден за млади дами на возраст меѓу 18 и 35 годишна возраст!

Lancome со новиот La Vie est Belle L 'Eau de Toilette кој да се надеваме дека наскоро ќе биде достапен и во нашите парфимерии. Мирисот на La Vie est Belle L 'Eau de Toilette е полесен од оригиналната верзија и со малку променет ароматичен профил. Соодветен парфем за подарок на дамите со љубовна арома на магнолија, бели цвеќиња и ирис, за возраст од 20 - 35 години.

George, Gina & Lucy GGLovely - неверојатни парфеми од марка која доста ретко се среќава во Македонските парфимерии, но секој парфем им вреди. Мирисот на GGLovely потсетува на шеќерни бонбони, сандалово дрво, зелено јаболко и јасмин. Погоден за дамите на возраст меѓу 30 и 50 годишна возраст.

3
3
3
2
забава Бремените
Автор: bobik
Вежби и движење за бремени жени
Бременоста не значи целосен одмор и избегнување физичка активност. Нап...
7 начини да поминете повеќе квалитетно време со децата
Во динамичното секојдневие, многу родители се соочуваат со предизвикот...
Кога е време да се побара специјалист за плодност?
Планирањето на бременост е возбудлив, но понекогаш и стресен процес. Д...
И покрај достапноста на информации, сe уште постојат бројни митови пов...
Развојни скокови кај бебето во првата година
Првата година од животот на бебето е исполнета со неверојатни промени....