|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто мозокот на детето има потреба од рибино масло?

Редакција Рингераја, 9.11.2020
Едно истражување покажа дека децата чии мајки конзумирале повеќе од препорачаните количини на морска храна за време на бременоста, имаат зголемени невропсихолошки резултати и помал ризик од аутизам

image
/11


Зошто мозокот на вашето дете има потреба од рибино масло?

Во првите 5 години од животот, мозокот кај децата расте многу брзо, со значително напредување во првите две години. Човечкиот мозок е сочинет од скоро 60% масти, па заради тоа, квантитетот и квалитетот на она што го конзумираме можат да влијаат врз развојот на мозокот.


Повеќе истражувања ја поддржуваат потребата од есенцијални масни киселини, како оние што се наоѓаат во рибите, за оптимален развој на мозокот кај децата.

 

Што се рибини масла?

Рибините масла содржат омега-3 масни киселини, еикозапентаеноична киселина (ЕПА) и докозахексаенонска киселина (ДХА).

Конзумирање риба може да ви обезбеди омега-3, но многу луѓе не консумираат големи количини риба. Поради оваа причина, додатоците на омега-3 масни киселини стануваат с? повеќе популарни.

 

Зошто рибините масла се корисни за развој на мозок?

Развојот на мозокот на фетусот и брзиот раст на мозокот во текот на првите години се под влијание на исхраната. Додека повеќето од нас нема да се борат да добијат адекватен внес на калории, голем дел од нас имаат мал внес на есенцијални масни киселини.

Есенцијалните масни киселини, особено ДХА, играат голема улога во развојот на мозокот, бидејќи нашиот мозок е 60% маснотии, како што споменавме погоре.

ДХА игра голема улога во развојот на видот, развојот и созревањето на мозокот, па дури и функцијата на имунолошкиот систем.

 

Дали рибините масла се безбедни за време на бременоста?

Голем дел од нас се предупредени за опасностите од морските плодови кои содржат жива. Поради оваа причина, не е невообичаено една бремена жена да ги избегнува сите или повеќето морски плодови за време на бременоста.

Желбата да бидеме сигурни дека не конзумираме токсини е одлична, но, за жал, со избегнувањето на морска храна, голем дел од нас не внесуваат доволно ДХА.

 

Дали јас и моето дете треба да примаме додатоци на рибино масло?

Доказите покажуваат дека есенцијалните масни киселини се неопходни за раст на мозокот. Одлуката дали да земете додаток обично се сведува на целокупната исхрана и целокупното здравје.

Диетата на сите е многу различна. Некои луѓе конзумираат многу морска храна, и на тој начин внесуваат многу DHA.

За децата, се чини дека адекватен внес на ДХА може да биде од витално значење за раст на мозокот. Едно истражување покажа дека децата чии мајки конзумирале повеќе од препорачаните количини на морска храна за време на бременоста, имаат зголемени невропсихолошки резултати и помал ризик од аутизам.

 

Дали можеме да имаме доволен внес на есенцијални масни киселини без додатоци?

Постојат неколку начини за внес на есенцијални масни киселини. Здрави масти може да се најдат во ореви, семе, алги, риба, авокадо, кокос, итн.

Ако сте многу свесни за вашата исхрана, може да се добие соодветен внес без користење на додатоци. Како и да е, за многу луѓе е голем предизвик да ги добијат сите свои хранливи материи без додатоци во исхраната.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
7
20 работи кои само сестрата ги разбира
Таа е една и единствена. Не можете да ја замените. Со вас е и во добро и во лошо. Постојат и ситуации кога ве доведува д...
4
И Хари Потер носи наочари...
Излегувате од лекарскиот кабинет, заедно со своето дете и се чувствувате многу збунети. Очниот лекар даде категорично ми...
4
Како да развеселите тажно дете?
Понекогаш децата се натажуваат, без за тоа да постои видлива причина, или не таква која возрасните ја разбираат. Тоа кое...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?