|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

10 нешта што новите татковци треба да ги знаат

Редакција Рингераја, 22.6.2020
Кога заминавме од болница со нашето малечко, баравме упатство за употреба на бебе. Секако, не најдовме никаде. Државата, очигледно, нема проблем со тоа да импровизирате. Но, не заборавајте, покрај тоа ви треба и упатство за употреба на сопругата
Клучни зборови:

image
/11


 

За разлика од државата, на која не ? е грижа, јас сум тука да помогнам.
Нашата прва лекција е „10 нешта што новите татковци треба да ги знаат за новите мајки.
Некои од овие се толку провидни, што ќе ве засрамат, но изгледа нашиот мозок не ги
регистрира кога новороденчето ќе дојде, така што не е лошо новите татковци да ја
отпечатите оваа практична листа и да ја читате на секои 5 минути:
1. Новите мајки се чувствуваат грдо. Постојат многу конфликтни чувства за нејзиното
ново тело во моментот. Од една страна, таа навистина верува дека е едно од
најпрекрасните суштества што шета на Земјата. А и зошто да не е така, кога во нејзиното
тело пораснало ЧОВЕЧКО СУШТЕСТВО. Но, од друга страна, таа се чувствува одвратно.
Телото делува растегнато и опуштено, има работи што течат.
На ова додадете ја и неможноста да застане повеќе од 2 минути пред огледало,како и
фактот дека повеќето од облеката не ја собира, и ете го моментот на грда мама. Ова е
совршен миг да бидете гласни за тоа како се чувствувате за нејзиниот изглед. Кога ви
изгледа особено убава додека го дои вашето бебе, кажете ? го тоа. Кога стои пред
огледалото со насолзени очи бидејќи ништо не ја собира, погледнете ја во очи и кажете ?
ги сите работи што ја прават убава. Таа треба да ги чуе овие работи од вас токму сега.
2. Новата мајка е опседната со бебето. Таа е преплавена од емоции. Дури и ако минува
низ постпородилна депресија и не е целосно поврзана со бебето, таа и натаму мисли
дека малечкото е прекрасно, и ќе става слики од него на Фејсбук дури трепнете. Таа е
како заљубена тинејџерка и не знае за доста. Нови татковци, веројатно ќе се чувствувате
како 13то прасе извесно време. Знам дека е тешко, но не е ништо лично. Ова едноставно
е дел од создавањето семејство.
3. Новата мајка е исплашена. Еден збор: СИДС (Синдром на ненадејна смрт кај
новороденче). Застрашувачка е помислата дека може да направите с? како што треба, а
работите сепак да тргнат наопаку. Станувањето мајка за прв пат многу жени ги соочува со
фактот дека животот е непредвидлив. Нештата можат да тргнат наопаку и покрај вашите
најдобри намери. Ова секако не се однесува само на екстремниот пример со СИДС. Се
однесува и тоа кога очекувате дека ќе фатите ритам на спиење со малечкото, а ќе
откриете дека минува низ епизоди на плачење и само сака да го држите и доите. Се
однесува и на миговите кога доите и придремувате, и менувате пелени, и уште не ја
чувствувате таа поврзаност за која ви зборуваа дека ќе ја доживеете. Се однесува и на
очекувањето да сакате да сте ПОСТОЈАНО со вашето бебе и на тоа кога ќе сфатите дека
би платиле голема сума пари за некој да го чува за да читате списание. Таа е исплашена
бидејќи нештата не секогаш се одвиваат како што очекувате. Кога ја обвинувате дека е
нерационална или има проблем со хормоните, без оглед што тоа може да е точно, сепак
не помага. Слушајте ги нејзините чувства, почитувајте ги и потсетете ја (со ваши зборови)
дека сте покрај неа. Таа треба да го чуе тоа.
4. Новата мајка е заштитнички настроена. Ја бомбардираат со толку многу совети од
сите страни. Мајка ? мисли дека треба да се врати на работа. Вашата мајка мисли дека
треба подолго да дои. Нејзината најдобра пријателка која се породи 5 недели порано
превозбудено сака да ? укаже дека прави грешки. А да не зборуваме за книгите што ги
читала и разноразни глупави статии. Сите овие совети создаваат заштитички настроена
мајка. Таа веќе е исплашена (погледнете под точка 3), и советите ги доживува како доказ
дека постојано греши. Бидете нејзина мажоретка и потсетете ја да си го следи инстинктот.
Бебето е нејзино, а не нечие друго, на крајот на краиштата.
5. Новата мајка не може да му се налути на бебето. Логично, новата мајка знае дека
причината што не може да заспие и што домот мириса на млеко е бебето. Тоа скапоцено,
неодоливо и слатко бебе на кое не може да му се налути, без оглед што се чувствува како
зомби. Поради ова, сите фрустрации ги истура на вас, нов татичко, како вие да сте тој што
ја буди во 2 часот по полноќ за да се гали и да јаде.
Ова можеби и не е најдобриот совет, но би било добро да бидете нејзината вреќа за
удирање, наместо да се обидувате да му бидете лути на бебето (ако покажувате со прст
кон него, викајќи „Тоа почна!“, нема да ве направи популарен кај пријателите, ниту има
некакво влијание).
6. Новата мајка нема што да облече. Ова е поврзано со точка 1, но повеќе се однесува
на фрустрацијата отолку на тагата. Нејзината облека пред да биде трудна баш и не ја
собира. Трудничката облека ? е точна, но тоа е просто тажно. И не сака да купува ништо,
бидејќи си вели, „Нема да бидам олкава засекогаш... или ќе бидам?“ Однесете ја на
шопинг и кажете ? дека е убава.
7. На новата мајка ? треба заштита. Жените генерално сакаат нивните мажи да се
заштитнички настроени и самоуверени (погледнете го успехот на „50 Нијанси Сиво“), но
мислам дека ова е далеку понагласено кога стануваат мајки. Новата мајка не сака да
биде онаа лошата што ќе им вели на луѓето да не доаѓаат на гости. Не сака да се
расправа со осигурителната компанија за погрешното покачување на провизијата. Таа
сака да биде заштитена. Таа сака од вас да поставите бариера меѓу неа и надворешниот
свет. Таа можеби е природно посамоуверена во врската и обично знае да се справи со
вашите родители, или знае да му „плесне“ на типот од кабловска, но сигурно би добиле
доста поени ако истапите и кажете „Остави да го средам ова.“
8. На новата мајка ? треба дозвола за одмор. Многу жени влегуваат во мајчинството со
верување дека можат с?. Мислат дека оние мајки со расфрлани домови и плачливи
бебиња едноставно не знаат што прават. Комплексот на супермајка доведува до брзо
„согорување“. Најлошото е што повеќето мајки одбиваат да си посветат време за себе.
Дајте ? на новата мајка дозвола да се одмори. Посочете дека бебето спие, дека сте ја
исчистиле кујната и дека таа треба да дремне. Кога ќе почне да објаснува, потсетете ја
дека за заштитувате... од самата себе.
9. Новата мајка има потреба да биде прашана што ? треба. Без оглед што делува
очигледно, многу мајки минуваат низ ова, а најдоброто што можете да направите е просто
да ја прашате за нејзините потреби.
10. Новата мајка навистина ве сака. Таа ужива да ве гледа како станувате татко.
Сака да слуша како ова мало суштество ве менува. Ужива во фактот што ова мало
човече ги има вашите уши и прсти. Можеби не звучи логично, но секој пат кога се
врзувате со малечкото, се врзувате со неа. Таа најдобро сведочи за тоа како се офомува
нејзиното семјество, и бидете сигурни дека нема подобра предигра од тоа.

За разлика од државата, на која не ? е грижа, ние сме тука да помогнеме.

Нашата прва лекција е „10 нешта што новите татковци треба да ги знаат за новите мајки.Некои од овие се толку провидни, што ќе ве засрамат, но изгледа нашиот мозок не ги регистрира кога новороденчето ќе дојде, така што не е лошо новите татковци да ја отпечатат оваа практична листа и да ја читаат на секои 5 минути:

1. Новите мајки се чувствуваат грдо. Постојат многу конфликтни чувства за нејзиното ново тело во моментот. Од една страна, таа навистина верува дека е едно од најпрекрасните суштества што шета на земјата. А и зошто да не е така, кога во нејзиното тело пораснало ЧОВЕЧКО СУШТЕСТВО. Но, од друга страна, таа се чувствува одвратно.Телото делува растегнато и опуштено, има работи што течат. На ова додадете ја и неможноста да застане повеќе од 2 минути пред огледало, како и фактот дека повеќето од облеката не ја собира, и ете го моментот на грда мама. Ова е совршен миг да бидете гласни за тоа како се чувствувате за нејзиниот изглед. Кога ви изгледа особено убава додека го дои вашето бебе, кажете ? го тоа. Кога стои пред огледалото со насолзени очи бидејќи ништо не ја собира, погледнете ја во очи и кажете ? ги сите работи што ја прават убава. Таа треба да ги чуе овие работи од вас токму сега.

 

2. Новата мајка е опседната со бебето. Таа е преплавена од емоции. Дури и ако минува низ постпородилна депресија и не е целосно поврзана со бебето, таа и натаму мисли дека малечкото е прекрасно, и ќе става слики од него на Фејсбук дури трепнете. Таа е како заљубена тинејџерка и не знае за доста. Нови татковци, веројатно ќе се чувствувате како 13то прасе извесно време. Знам дека е тешко, но не е ништо лично. Ова едноставно е дел од создавањето семејство.

 

3. Новата мајка е исплашена. Еден збор: СИДС (Синдром на ненадејна смрт кај новороденче). Застрашувачка е помислата дека може да направите с? како што треба, а работите сепак да тргнат наопаку. Станувањето мајка за прв пат многу жени ги соочува со фактот дека животот е непредвидлив. Нештата можат да тргнат наопаку и покрај вашите најдобри намери. Ова секако не се однесува само на екстремниот пример со СИДС. Се однесува и тоа кога очекувате дека ќе фатите ритам на спиење со малечкото, а ќе откриете дека минува низ епизоди на плачење и само сака да го држите и доите. Се однесува и на миговите кога доите и придремувате, и менувате пелени, и уште не ја чувствувате таа поврзаност за која ви зборуваа дека ќе ја доживеете. Се однесува и на очекувањето да сакате да сте ПОСТОЈАНО со вашето бебе и на тоа кога ќе сфатите дека би платиле голема сума пари за некој да го чува за да читате списание. Таа е исплашена бидејќи нештата не секогаш се одвиваат како што очекувате. Кога ја обвинувате дека е нерационална или има проблем со хормоните, без оглед што тоа може да е точно, сепак не помага. Слушајте ги нејзините чувства, почитувајте ги и потсетете ја (со ваши зборови)дека сте покрај неа. Таа треба да го чуе тоа.

 

4. Новата мајка е заштитнички настроена. Ја бомбардираат со толку многу совети од сите страни. Мајка ? мисли дека треба да се врати на работа. Вашата мајка мисли дека треба подолго да дои. Нејзината најдобра пријателка која се породи 5 недели порано превозбудено сака да ? укаже дека прави грешки. А да не зборуваме за книгите што ги читала и разноразни глупави статии. Сите овие совети создаваат заштитички настроена мајка. Таа веќе е исплашена (погледнете под точка 3), и советите ги доживува како доказ дека постојано греши. Бидете нејзина мажоретка и потсетете ја да си го следи инстинктот. Бебето е нејзино, а не нечие друго, на крајот на краиштата.

 

5. Новата мајка не може да му се налути на бебето. Логично, новата мајка знае дека причината што не може да заспие и што домот мириса на млеко е бебето. Тоа скапоцено,неодоливо и слатко бебе на кое не може да му се налути, без оглед што се чувствува како зомби. Поради ова, сите фрустрации ги истура на вас, нов татичко, како вие да сте тој што ја буди во 2 часот по полноќ за да се гали и да јаде. Ова можеби и не е најдобриот совет, но би било добро да бидете нејзината вреќа за удирање, наместо да се обидувате да му бидете лути на бебето (ако покажувате со прст кон него, викајќи „Тоа почна!“, нема да ве направи популарен кај пријателите, ниту има некакво влијание).

 

6. Новата мајка нема што да облече. Ова е поврзано со точка 1, но повеќе се однесувана фрустрацијата отколку на тагата. Нејзината облека пред да биде трудна баш и не ја собира. Трудничката облека ? е точна, но тоа е просто тажно. И не сака да купува ништо,бидејќи си вели, „Нема да бидам олкава засекогаш... или ќе бидам?“ Однесете ја на шопинг и кажете ? дека е убава.

 

7. На новата мајка ? треба заштита. Жените генерално сакаат нивните мажи да се заштитнички настроени и самоуверени (погледнете го успехот на „50 Нијанси Сиво“), но мислам дека ова е далеку понагласено кога стануваат мајки. Новата мајка не сака да биде онаа лошата што ќе им вели на луѓето да не доаѓаат на гости. Не сака да се расправа со осигурителната компанија за погрешното покачување на провизијата. Таа сака да биде заштитена. Таа сака од вас да поставите бариера меѓу неа и надворешниот свет. Таа можеби е природно посамоуверена во врската и обично знае да се справи со вашите родители, или знае да му „плесне“ на типот од кабловска, но сигурно би добиле доста поени ако истапите и кажете „Остави да го средам ова.“

 

8. На новата мајка ? треба дозвола за одмор. Многу жени влегуваат во мајчинството со верување дека можат с?. Мислат дека оние мајки со расфрлани домови и плачливи бебиња едноставно не знаат што прават. Комплексот на супермајка доведува до брзо „согорување“. Најлошото е што повеќето мајки одбиваат да си посветат време за себе. Дајте ? на новата мајка дозвола да се одмори. Посочете дека бебето спие, дека сте ја исчистиле кујната и дека таа треба да дремне. Кога ќе почне да објаснува, потсетете ја дека ја заштитувате... од самата себе.

 

9. Новата мајка има потреба да биде прашана што ? треба. Без оглед што делува очигледно, многу мајки минуваат низ ова, а најдоброто што можете да направите е просто да ја прашате за нејзините потреби.

 

10. Новата мајка навистина ве сака. Таа ужива да ве гледа како станувате татко. Сака да слуша како ова мало суштество ве менува. Ужива во фактот што ова мало човече ги има вашите уши и прсти. Можеби не звучи логично, но секој пат кога се врзувате со малечкото, се врзувате со неа. Таа најдобро сведочи за тоа како се офомува нејзиното семејество, и бидете сигурни дека нема подобра предигра од тоа.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Јазикот зборува за здравјето
Дали имате навика додека ги миете забите во огледалото да го погледнете јазикот? Тоа е многу едноставен, но и корисен на...
6
Избираме најубава творба: Матеј Богатиноски
Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати воспитувачката на Матеј...
4
Не сакам, не може, не давам...
Една фаза во детскиот развој се вика – фаза на негативизам, бидејќи тогаш детскиот негативен став е најизразен.
3
16 работи кои не треба да ги кажуваме на д...
Некои од фразите - позитивни или повеќе негативни, кои ги користите во воспитувањето на своите деца, можат да имаат долг...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?