namesp во 10:12
Кога имате дете...
Редакција Рингераја, 24.1.2014
Кога имате дете, никогаш не сте сами
Обидете се да одите во тоалет, да се истуширате или да јадете од неговите бисквити во тајност...овие скапоцени моменти да се биде свој, веќе се во мнатото. Вашиот верен пријател секогаш ќе биде до вас, да трча и да коментира. Тоа е многу побезбедно отколку да биде надвор од вашиот поглед.
Кога имате дете, добро внимавајте што зборувате
Да, симпатично е кога вашето дете ќе прозборува. Неверојатно е да се слушне како неговиот јазик се развива како зборовите стануваат се појасни и појасни. Но не е баш идеално да се слушнат оние зборови кои ги изговоривте кога корпата со перени алишта ви падна на нога. И не, не е прекрасно кога истата фраза ќе ја каже гласно во преполниот маркет. Исто така не е брилјантно кога на келнерот во кафуле ќе му рече: “За мене едно вино”.
Кога имате дете, ќе откриете нов вид на логика
Не постои друга логика како детската логика. Ако сака тост со зеленчук едниот ден, другиот ден ќе го мрази. Ако сака да носи капа и шал во најжешкиот ден, нема да сака да носи кога е најладно. Ќе се научите да не објаснувате, да не аргументирате, да не се трудите да разберете, бидејќи не вреди. Нема ништо лошо во тоа да се носат гумени чизми секој ден и во секоја прилика.
Кога имате дете, ќе почнете да се плашите од тишината
Ако не можете да го видите или слушнете вашето дете, подгответе се да го најдете како пишува по ѕидовите, седи на ногата на помалото братче, се качува по скалите или се подготвува да предизвика голема катастрофа. Не мислете дека нема да забележи ако заминете во другата соба на една минута – ќе забележи. И тогаш ќе се подготви да направи се што сте му забраниле.
Кога имате дете, подобро е да ги знаете сите одговори
Подгответе се да одговорите на прашањето “зошто” 300 пати на ден. Секој ден. Или беше секој час?
Кога имате дете, ќе го научите значењето на зборот тантрум
Ќе се научите да ги откриете знаците на предупредување. Понекогаш ќе добиете известување неколку минути претходно, понекогаш тантрумот ќе трае цел ден, а понекогаш ќе ги премне сите граници. Ако имате среќа, ќе успеете да му го одвлечете вниманието и да го смирите детето. Ако немате среќа, ќе се најдете во маркет во количка полна со производи. Ќе гледате како вашето дете фрла, кине, крши и тоа ќе ви изгледа како вечност, но ќе помине. Само концентрирајте се на мислата: Ќе помине.
Кога имате дете, нема да ви биде важно што другите луѓе мислат
Ќе се откажете од опсесијата да ги бришете малите прстиња од екранот на телевизорот. Ќе го нахраните детето со палачинки со еурокрем за да му се поправи расположението и ќе го ставите цртаниот филм Пепа Прасе на Repeat. Понекогаш е подобро да се предадете и да кренете бело знаменце.
Кога имате дете, вашите преговарачки вештини можат да ви донесат работа во Обединетите Нации
Се што ќе откриете, ќе ви служи за преговарање. За неколку дена вашето мито ќе бидат бисквити. Во подобри денови тоа ќе биде одење во парк. Животот ќе ви се состои од повторувачка серија на разговори во која нудите екстравагантни работи, а за возврат барате да го облечете/избањате/нахраните/легнете детето. И повторно и повторно.
Кога имате дете, ќе најдете свој начин на релаксација
Тоа би можело да биде теретана, ноќ во град со пријателките, или релаксирачка бања. А би можело да биде и вино.
Кога имате дете, ќе се заљубувате повторно секој ден
Кога ќе се повредат ќе ги подадат своите раце кон вас за да ги подигнете. Кога ќе се разбудат од спиење првото нешт што ќе речат ќе биде “мама”. Кога ќе ви ја донесат истата книга да им ја читате по 17 пати во ден. Кога ќе ве прашаат зошто. Кога ќе ви се фрлат во прегратка и ќе почнат со серија на лигави бакнежи. Кога ќе ве стегнат како што никој не знае да го направи тоа. Кога ќе ве погледнат во очи ќе ви се насмеат. По милион пати на ден повторно ќе се заљубувате во нив.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Книгата му дава на детето моменти на забава, но и нови сознанија. Еден дел од слободното време на детето треба да се исп...

Првите трајни заби никнуваат околу 6-тата година од животот и затоа се нарекуваат шестогодишни катници.

Половина деца, помали од 12 години изјавуваат дека би биле тажни кога би немале интернет, а секое петто дете кажува дека...

Се прашувате дали Вашето дете е доволно зрело за да може понекогаш да остане само дома? Ќе Ви помогнеме да добиете одгов...
