vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Разбирањето на обврските и одговорностите се составни делови на бракот, а тоа мажите тешко го прифаќаат. Повремено, мажот поминува низ различни фази на прилагодување на бракот.
Заради тоа, неговиот живот може да биде поделен на четири фази.
Прва фаза: Блаженство
Она на што се однесува оваа фаза е преземање на улогата на маж. Со други зборови, тој се прогласува за глава на куќата. Тоа е омилена фаза на секој маж и трае до раѓањето на првото дете.
Втора фаза: Грмотевици во рајот
Втората фаза кај мажите се карактеризира со чувство на немање на слобода на избор и дека до нејзино губење дошло со склопување на бракот.
Тоа се случува по 2-3 години од бракот, кога мажот ќе сфати дека неговата жена е поинаква отколку што ја замислувал. Со други зборови, ја гледа како странец кој се појавил од нигде – никаде и ја украл неговата слобода. За да ја компензира загубата тргнува во “поход за ослободување”.
Ја изневерува, се однесува грубо кон неа и се труди на секој можен начин да му наштети на бракот. Некои жени овде ќе се скршат и ќе престанат да се борат за својата љубов, додека други ќе истраат и подоцна ќе ги берат плодовите на својот труд.
Трета фаза: Бегство од затворот
Победата во бескрајните расправии скоро секогаш е во рацете на жената. Мажите кои не поднесуваат пораз, бегаат од бојното поле. Не е реткост да започнат нова врска, во која ќе се трудат да најдат разбирање и љубов.
Паровите кои вистински се сакаат ретко доаѓаат до оваа фаза. Таа е деструктивна за сите нејзини актери, а најмногу за децата.
Четврта фаза: Разбирање
Најпосле мажот сфаќа дека жената на која и ставил прстен на рака, е најдобрата жена на светот. Тој се враќа и со длабока понизност се обидува да ја обнови љубовта.
На крај, ја сфаќа одговорноста кон своето семејство и комплетно му се посветува.
4
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Колку се чести уринарните инфекции кај децата?
Уринарните инфекции се меѓу почестите бактериски инфекции во детската ...
Зошто е важно да влезете во бременоста со здрава тежина
Тежината пред бременоста може да влијае врз плодноста, текот на бремен...
Новороденчињата поминуваат голем дел од денот во сон, но нивниот ритам...
Преминот од пелени кон нокшир е важен чекор во развојот на детето. ...
Причини за вагинална сувост во бременоста
Бременоста носи бројни хормонални промени што влијаат врз целото тело,...