Тогаш детето го спознава првото чувство за идентитет.
Ги развива своите когнитивни (интелектуални) способности
Со тоа што употребува сè поголем број на зборови, а со тоа ја развива вештината за изразување за подобро да се разбере со луѓето кои го опкружуваат.
Развива чувство за правила
Детето почнува да разликува врсти на однесување. Ова значи дека може да ги следи случувањата врзани за повеќе ликови и да почне да ги сфаќа причините за нивната акција.
Посветува внимание на детали
Детето ги забележува сите детали од приказната која сака да ја разбере. Повторувањето му помага на памтењето. Всушност тоа е и е целта на цртаните, да ја подобрат меморијата. За дете од 2 години повторувањето е многу важно затоа што му помага да го провери сеќавањето и разбирањето на акцијата, но и да ги поврзе ликовите, случувањата и заплетите. Затоа не треба да ве чуди лутината доколку цедето се изгребе, цртанот го избришете или пак ако ја промените приказната. Не ги збунувајте децата со спротивни случувања од оние на кои детето се сеќава.
Идентификација со ликовите
Со повторувањето детето полесно се идентификува во ликовите, а со тоа се спознава себеси.
Идентификација
Овој елемент е за запознавање на надворешниот свет. Акцијата и реакцијата на ликовите го учат што се случува во светот. Го водат до откривање на различни типови на однесување и им овозможува вистинско искуство .
Детето не во можност да разликува реалност од фантазија
Тоа се чувствува како протагонист секогаш и во сè. Бајките и цртаните го олеснуваат овој процес затоа што се базира на фантастичен свет во кој сè е возможно.
Совети за родителите:
Направете му го ќеифот на детето: не станува збор за испад на детето туку е фаза на развој. Овој период трае од 2 до 4 години, но кај некои деца и подолго затоа што се обидуваат да ги разберат сложените работи и чувства.
Измислувајте нови приказни или купете му ја играчката со омилениот лик за самото да оди во нови предизвици и авантури со помош на омилениот јунак.Навикнете го детето и на книги:Цртаните ја ограничуваат фантазијата по малку. А испишаните страници на книгата нудат поширока фантазија, каде детето само мора да замислува и да проектира.