vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Некогаш одамна имало некоја жена која имала четири мажи. Најмногу го сакала четвртиот маж. Го облекувала со скапа облека, го хранела со најубава храна и секогаш му го давала најдоброто. Третиот маж исто така многу го сакала. Секогаш била до него, но и покрај тоа, се плашела дека еден ден тој ќе ја остави поради друга. Го сакала и вториот. Тој и бил верен пријател, мил, внимателен и трпелив со неа. Секогаш кога била соочена со проблем, тој бил тука за да и помогне. Благодарение на него ги поминувала сите тешкотии во животот. Првиот нејзин маж бил лојален и многу ја сакал. Сепак, таа не го сакала и речиси не го забележувала
Еден ден жената се разболела. И преостанувало уште малку време за живот. Тоа ја натерало да размисли за својот живот и си рекла: Јас сега имам четири мажи, но кога ќе умрам ќе останам сама. Го повикала четвртиот маж и му рекла: „Те сакам најмногу, ти дадов се. Сега кога сум на смртна постела, те молам не оставај ме сама да заминам.“ „Нема шанси“, одговорил и си заминал без да каже ни збор повеќе. Неговиот одговор како остар нож го прободел нејзиното срце. Тогаш се обратила на третиот маж: „Те сакам целиот свој живот. Сега кога умирам, дојди со мене за да не сум сама.“ „Никако, животот е премногу убав. Кога ќе умреш јас ќе се оженам со некоја друга“; одговорил третиот. Нејзиното срце било скршено. Го побарала вториот маж и му ја упатила истата молба: „Секогаш си бил до мене, секогаш си ми помагал, ќе дојдеш ли со мене?“ „Жал ми е, не можам да ти помогнам овој пат. Најмногу што можам да направам е да одам до тебе и да те испратам до гробот“, одговорил вториот. Овој одговор ја погодил како гром. Тогаш еден глас се јавил: „Јас ќе дојдам со тебе. Ќе те следам каде и да одиш.“.Жената погледнала нагоре и го здогледала својот прв маж. Со солзи во очите се запрашала: „Зошто не се грижев за тебе, зошто те запоставував?“
Всушност, таа жена и сите ние имаме по четири сопатници во животот.
Четвртиот е телото. Без оглед колку го негуваме, еден ден тоа ќе остари и ќе не остави.
Третиот е богатството. Кога ќе умреме, ќе отиде кај други луѓе.
Вториот е семејството и пријателите. Без разлика колку не сакаат, на крајот на патот
тие едноставно можат да стојат до нас.
Првиот е духот. Често го забораваме, давајќи им предност на богатството, моќта и задоволствата.
Меѓутоа, духот е единствениот кој не следи и секогаш ќе биде со нас.
5
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како стерилитетот влијае на самодовербата?
Стерилитетот не влијае само врз физичкото здравје и можноста за зачнув...
Мастите во исхраната и плодноста
Квалитетот и видот на мастите во исхраната може да имаат улога во репр...
Телото по породувањето не е исто. Еве што е нормално
По породувањето, телото поминува низ голем број нормални физички и хор...
IVF (ин витро оплодување) се препорачува кога постои проблем со зачнув...
Што е себум и зошто и е потребен на кожата?
Кога ќе слушнеме „себум“, често помислуваме на мрсна кожа, сјај на лиц...