Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Работа на детето е да си игра и да истражува
Дали сте сретнале дете кое нема да истрча во каллива бара со желба да скока во неа, или да ја прескокнува? Од каде таа потреба? Најважната работа можеби е собирање, а потоа и обработка на информациите, што и е интелегенцијата. Токму заради тоа, во периодот на развој детето има инстиктивна потреба да собере што повеќе информации, односно да научи што повеќе.
Ова ќе стане јасно ако ја замислиме следната ситуација: бегаме од група волци кои не стигнуваат. Веројатно ќе не стигнат за две-три минути. А ние до стигнувањето на сигурно место имаме 2 минути. Во тој момент мозокот презема целосна контрола и не не прашува скоро ништо, бидејќи тука нема многу време за размислување. Секое движење, секој детал е сега важен. Нашиот живот во оваа ситуација зависи од тоа што сме го научиле до тој момент. Во трчање гледаме пред себе гранка, која го попречила патот и е на висина на струкот. Десно е провалија, а лево густа шума. Јасно е дека од таа патека не можеме да свртиме. Бидејќи се наоѓаме во животна опасност, мозокот ги вклучува сите резервни капацитети и работи седум пати побрзо, а во таква ситуација прима многу поголем број на слики отколку вообичаено. Заради тоа ни се чини како да сме во успорен филм, а една секунда изгледа како седум секунди. Реално, во полн трк, една патека од 20 метри се истрчува за 3 секунди, додека нас ни се чини дека тоа трае 20 секунди.
Од каде е таа способност на мозокот да го успори времето? Тоа е еволутивна адаптација развивана милиони години, бидејќи мозокот на тој начин ни дава дополнително време да најдеме решение. И додека трчаме кон гранката, која никако да ја стигнеме, мозокот забележува дека на гранката нема ниту еден лист. А се наоколу е полно со лисја. Тогаш мозокот ни испраќа слика од детството кога сме кршеле суви гранки во шумата. И заклучуваме дека таа гранка е сува и сфаќаме дека не мораме да ја прескокнуваме, ниту да се провлекуваме под неа, туку ја кршиме со своето тело. Што би било доколку не сме кршеле суви гранки како деца во шумата. Можеби би застанале пред оваа гранка и би изгубиле 3-4 секунди. А можеби би го изгубиле и животот.
Обработката и поврзувањето на информациите е суштина на интелегенцијата. Така станува разбирливо зошто детето мора да скока во кал, да се качува на дрва, да скока по кревети, бидејќи на тој начин го стимулира развојот на когнитивните способности. Прашање е што ќе биде со денешните деца кои дневно лежат по 2-3 часа. Заради тоа пропуштаат илјадници влезни импулси и со тоа го ослабуваат развојот на важни механизми (динамичка акомодација на окото, фиксација на предмети во движење, комплекси видови на движења во трчање). Некој може да помисли дека играњето видео игра е добар начин детето да прими илјадници импулси, но тоа не е активност која е во согласност со еволуцијата. Добро е позната мислата на Тесла дека ние сме производ на со векови непрекинато прилагодување и дека големите и нагли промени можат да произведат катастрофални последици. Заради тоа е важно детето да поминува што повеќе време во трчање, скокање, прескокнување, да престојува во природа и слично. Со самото тоа, обврска на родителите е да му ги овозможат на детето овие активности. Бидејќи на тој начин го подготвуваат детето за живот. Постојат многу нешта што можат да ги направат родителите, но за почеток, кога ќе дојдат пролетните и летни дождови, добро би било детето да добие гумени чизми и да оди, па дури и да скока по барички колку што сака. Наместо да ги спречуваме, на децата треба да им обезбедиме сигурно опкружување за истражување и радост во природата.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Натусана - 20 години присуство на македонскиот пазар
Оваа година се навршуваат 20 години од присуството на Натусана на маке...
НАГРАДНА ИГРА: Парови спои и Лакалут награди освои
Ајде да играме Меморија и да освоиме награди! Натусана и Рингераја орг...
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?