namesp во 10:12
Блог: Текот на бременоста и воопшто се поврзано со моето лично искуство, за мене е БОЖЈА работа
Редакција Рингераја, 6.12.2020Бременоста се одвиваше во најдобар ред, гадењето се јавуваше во првите седмици, кога да бидам искрена не ни знаев дека сум бремена, за разлика од киселините кои беа присутни иако не беа секојдневни, кога ќе се појавеа беа навистина неподносливи.
Уредно и редовно одев на контроли кај матичниот лекар во нашиот град а паралелно со тоа правев контроли и во приватна болница . Бебето полот никако не сакаше да си го покаже, така што папочната врвца секогаш му беше помеѓу ножињата.Во шестиот месец од бременоста разбравме дека е машко, како штo поголемиот дел од околината претпоставуваше.
Матичниот лекар ми кажа: - Ова бебе 38ма седмица ќе се роди, не сака повеќе да е внатре ситуацијата е одлична. Со оглед на тоа дека тогаш бев 36та седмица во бременоста ме фати паника дека за две седмици ќе станам МАЈКА !!! Да мајка , збор кој има огромно значење и вредост во мојот живот а сигурна сум дека и поголем дел од нацијата се согласува со тоа. Од тука незнаејќи што правам, отидов на Гинекологија. Ме прегледаа и ми кажаа дека е сеуште рано, дека бебето ќе излезе дури после четириесеттата седмица. Ми закажаа ЦТГ преглед во почетокот на 38ма седмица. Беше вториот ден од седмицата односно дваесет и шестиот во месецот ноември кога имав закажана контрола на кардиотокографија или познато како ЦТГ што се користи за откривање и идентификување на пореметувањата на фетусот во третиот триместар од бременоста. Бев гладна, (бебето беше гладно) не се слушаше добро со што требаше да се вратам во петок на 30.11.2018. Петокот утрото, мојот сопруг замина на работа а јас фино се средив и отидов на закажаната контрола. Попатно додека возев каснав половина мандарина и една банана. Кога стигнав ме ставија на ЦТГ со што изразот на докторката не кажуваше дека нештата се одвиваат најдобро. Течноста односно плодовата вода била намалена, а папочната врвка околу вратот на бебето... го гушела... (секако за тоа разбрав откако на свет го донесов малиот палавко) . Се собраа доктори и со поглед комуницираа, а мојата интелигенција ми кажува дека нешто НАВИСТИНА НЕ Е ВО РЕД! Од тука станав отидов во канцеларијата на финекологот кадешто ме извести дека ќе ми отвори историја на што јас одговорив во ред и потоа соопшти дека денес јас ќе се породам !!!!
ШООООООООООООООК !!! Ја замолив да слезам долу да отидам до дома да си го земам спремниот куфер (хаха) и дека ќе се вратам, на што добив одговор : - ,, Не, се ќе ти донесат ти од тука не мрдаш никаде, освен во породилна сала а и до таму со инвалидска количка“ Исплашена бев екстремно многу, се плашев и од пораѓајот но оваа новонастаната ситуација дополнително ми предизвикуваше стрес ! Во ред, отидов во салата и бидејќи бев јадена анестезиологот не сакал да ми стави анестезија зошто кога е во прашање СПИНАЛНА анестезија родилката треба да биде гладна такашто не би дошло на нејзино задушување за време на пораѓајот ! Анестезиологот (наклон до земја) и Гинекологот (наклон до земја ) не можеле никако да се усогласат. Анестезиологот сакал да поминат 5 часа за да се свари храната а Гинекологот доколку чека 5 часа нема да извади живо бебе!! ХАОС , ОПШТ ХАОС секако јас сето ова не го знаев тогаш. Анестезијата ми ја ставија веднаш, го слушав докторов и внимателно ги следев нековите инструкции. Пораѓајот беше со царски рез и се водеше како КРИТИЧЕН ЦАРСКИ, кога го слушав персоналот кога се собираше, ѕвонеа по телефони : -,, БРЗО ИДИ ВО ПОРОДИЛНА, ИМАМЕ КРИТИЧЕН ЦАРСКИ“ Со брзина на светлината се собра целиот персонал (бабица, доктори, сести ) , на кои до крајот на животот ќе им бидам благодарна бидејќи беа несебично внимателни и после пораѓајот. Се беше во ред.
Се роди ЗДРАВО машко дете, се роди Лукијан.
Бев свесна за време на пораѓајот па така веднаш ми го дадоја да го бакнам и погалам со допир на лицето. Потоа како и секоја родилка бев на Интензивна. Како што и по горе напоменав, благодарна сум на целиот гинеколошко - акушерски персонал во градската болницата ,, Борка Талески“ – Прилеп. На секои 15-20 минути доаѓаше сестра да ме види, да ми донесе се што ми е потребно, да ми го даде лекот кој ми требаше .
Моја препорака до сите идни мајки, НЕ ПЛАШЕТЕ СЕ !!! Раѓањето е природна работа, ние жените сме толку силни што ете Бог ни ја доделил нас таа улога, да носиме нови животи на овој свет !!
Препорачувам секоја од вас, што е во можност (доколку дај Боже , нема компликации) да роди природно, и да го осети БЛАГОСЛОВОТ ДА СЕ БИДЕ МАЈКА.
СО ЛЕСНО, ТИ СИ ПОСЕБНА БИДЕЈЌИ СИ ЖЕНА !!!
Со љубов, мајката на Лукијан @mommybbyl
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Кај повеќето родители овој симптом предизвикува страв и итна посета на педијатар. Прво треба да се препознаат ситуациите...

Креативното размислување е важен дел од нашиот живот, потребно ни е во училиште, на работа и во слободните активности

Нова игра на подароци на Рингераја.мк, во соработка со Mama's! Вклучете се и Вие во Креативното катче на Mama's и добијт...

Ние живееме на село, во многу стара куќа без непотребен конфор или телевизија. Нашиот двор со шума од бамбуси и природно...
