vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Но, она на што јас се фокусирам е дали детето следи наредби, и има доволен фонд на зборови и дали ги поврзува во реченица. Моментот кога детето ги користи концептите, како големо/мало, горе/долу се очекува да се јави и препознавањето на боите.
Кога почнувате да ги учите боите, потребно е да изберете неколку основни бои.
Првиот чекор за учење на боите е нивното препознавање односно барање на нивниот пар.
Понудете му на детето стапчиња, колички, разни картички или кругчиња, каде секоја боја ќе има свој пар.
Целта е детето да ја пронајде бојата која вие ја имате кај себе.
Едноставно, фатете црвена боја во раката и замолете го детето да пронајде во останатите играчки црвената боја.
Вториот чекор за учење на боите е нивното препознавање.
Поставете предмети во различни бои пред детето и откако сте му ја претставиле бојата која сакате да ја научи детето, дадете му задача да ја пронајде бојата. Во почетокот нека биде дилемата помеѓу две бои, за со тек на време да му нудите се повеќе бои.
Може да користите коцки, топки, картички и други играчки.
Не очекувајте дека детето веднаш ќе ви ја каже бојата, туку оставете време, во кое ќе ги повторувате активностите, редење, сортирање и именување.
Третиот чекор е “Која е оваа боја?”
Во овој стадиум на учење, потребно е детето не само да ги разбере боите, туку да направи проценка и да ја именува бојата.
Користете ги истите алатки и играчки како и во првите два чекори, со тоа што тука, детето треба бојата да ја именува. Може да ги прашате детето да каже боја која вие ќе треба да ја пронајдете, при тоа да му покажете друга боја.
На пр.”Детето вели црвена, а вие му давате сина боја”
Кога ќе се совладаат овие чекори, следно е генерализирање на боите, односно, да работите и на бои од вашето опкружување. Така на пример, може да го прашате детето каква боја е неговиот велосипед, кој во моментот не е во неговото видно поле. За ова е потребно разбирање на бојата и детето да има развиено вештината за визуелизација и памтење на предметите.
Како и во се, децата со различен интерес и брзина ги совладуваат и учат боите.
Ако кај едни деца овој процес на учење бои оди брзо, кај други се одвива многу бавно и неуспешно.
Доколку забележите дека детето не успева да ги совлада боите, вратете се на првите чекори и дадете му повеќе време на детето, или пак одложете го учењето на боите за подоцна.
Автор:
Follow on Facebook Логопедски кабинет Среќичка
Follow on Instagram Logoped @srekjichkaofficial
4
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Колку сон и е потребен на трудницата?
Бременоста носи големи физички и хормонални промени, па заморот и потр...
Како хормоните влијаат врз женската плодност?
Хормоните имаат клучна улога во женскиот репродуктивен циклус. ...
Што чувствува мајката за време на породувањето?
Породувањето е различно за секоја жена. Некои чувствуваат силна болка,...
AMH и женската плодност. Што треба да знаете?
AMH (антимилеров хормон) е хормон што се создава во јајчниците и најче...
Кои навики помагаат во секоја фаза од бременоста?
Бременоста носи различни потреби во секој триместар. Не постои совршен...