vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Во последно време новороденчињата во Македонија добиваат нови имиња како Лука, Теа, Давид, Мила, Леа. Сепак старите македонски имиња сеуште се најзастапени. Според државниот завод за статистика до крајот на 2009 година во Македонија имало запишано 23 815 лица со името Александар и 21 379 лица со името Марија.
Според статистиките на државниот завод во периодот од 2001 до 2009 година најзастапени 5 имиња дадени на новородените дечиња по пол се следни:
Машко име | Број на деца со ова име | Женско име | Број на деца со ова име |
Филип | 2679 | Сара | 3080 |
Андреј | 2507 | Анастасија | 1790 |
Стефан | 2329 | Јована | 1722 |
Никола | 2238 | Ангела | 1702 |
Давид | 2166 | Елена | 1321 |
Најчести имиња кои се дадени на новороденчиња во 2009 година се Андреј - 309 дечиња и Сара 312 дечиња. Верувале или не името Онур се јавува кај 20 машки дечиња родени во 2009 година, Шехерезад сеуште ја нема во листата, но ќе ја очекуваме листата од 2010.
Навистина сакаме да дознаеме, кое машко а кое женско име е најчесто кај Рингерајчиња.
Доколку сакате да учествувате во статистиката која ја правиме на Рингераја, впишете го името на вашата ќеркичка во темата Кое женско име е најзастапено кај Рингерајчиња? или на вашето синче во темата Кое машко име е најзастапено кај Рингерајчиња?.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да го одржувате крвниот притисок во здрави граници
Крвниот притисок е еден од важните показатели за здравјето на срцето и...
Доењето го одржува притисокот на мајката на ниско ниво
Мајките кои ги дојат своите бебиња шест месеци се повеќе заштитени од ...
Како телесната тежина влијае на плодноста?
Телесната тежина може да има значајно влијание врз плодноста и кај жен...
Брачниот живот, секако, ако е хармоничен, позитивно влијае на здравјет...
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...