|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Замина најтивкото бебе

www.dnevnik.com.mk, 24.7.2013
Не дочека да порасне и да игра со тропалките и плишаните мечиња, ниту дочека да ги обуе чевличките за првите чекори, за храбро да зачекори во животот, кој за него почна многу сурово - со отсечен јазик. Најден беше најтивкото бебе што сме го имале...

image
/11


 

 

Најден беше најтивкото бебе што досега сме го имале на одделот - само тој од сите деца не плачеше поради тешката повреда. По првиот месец почна да пушта глас налик на крик, по кој го препознававме, но и тој исчезна откако направија отвор на дишникот. Најден многу ќе ни фали на сите, но, за жал, таква му била судбината, раскажува низ солзи Јулија Авеловска, медицинска сестра на Kлиниката за детски болести и фебрилни состојби во Скопје, каде што Најден беше хоспитализиран од почетокот на април годинава.

Бебето го пронајде жител на село Арачиново, кој го слушнал како плаче во дворот. Новороденчето било голо и покриено со мало парче крпа, а со крв во устата лежело до оградата. Веднаш било пренесено во болница, каде што лекарите утврдија дека му е пресечен јазикот, а на вратот имало модринки од стискање.

„Дневник“ ја следеше тажната приказна за Најден уште од првиот ден.

Д-р Софијанова: Срцето престана да му работи...

Молк и тага на одделот за интензивна нега на клиниката каде што бебето Најден пред три дена ја изгуби битката со животот - срцето беше премало за да ги издржи преголемите трауми... Вработените не смеат да погледнат кон креветчето каде што лежеше бебето-херој, кое го нарекуваа „местото на Најден“.

- Едноставно, срцето престана да му работи... како да доживеа инфаркт и почина ноќта меѓу саботата и неделата во три часот. Бебето имаше преживеано преголема траума, од свирепиот чин кога му е пресечен јазикот останаа лузни... Дополнително и тоа што му ставивме трахеостома, преку која тој дишеше на помошен отвор на душникот, а се подготвувавме да му ставиме и гастростома, за да го храниме... Но за толку мало, 4-месечно бебе, тоа што му се случи по раѓањето беше тешка повреда, па слабиот дотек на кислород во мозокот го направи своето - попушти срцето на Најден. Не можеше повеќе, срцето престана да му работи - вели директорката на Kлиниката за детски болести, д-р Аспазија Софијанова.

Д-р Лилјана Kојиќ, шеф на одделот за интензивна нега на Kлиниката, вчера раскажуваше:

- Целиот оддел се бореше 24 часа за детето, кое беше донесено во катастрофална состојба. Бевме згрозени од тоа што едно убаво, здраво бебе, со добра прогноза, беше со толку оштетувања предизвикани намерно... Kога состојбата почна да му се подобрува, бевме среќни, во план беше и ставање гастростома, но срцето попушти. Знаевме дека тој не е добро, но не сакавме да веруваме дека уште повеќе ќе се влоши состојбата на Најден - вели д-р Kојиќ.

Ваква трагедија да не му се случи на ниедно дете

Од веста за смртта на Најден многу беше потресен и ракометарот на „Вардар“ Стојанче Стоилов, кој со своите другари организира хуманитарна акција за помош на бебето.

- Многу е тажно..., не знаеме што се случи, а се надевавме дека со донацијата барем малку ќе може да му го олесниме закрепнувањето на Најден, но се чини, не му било пишано да живее. Многу сме потресени и жалиме за ова бебе, но се надеваме дека ваква невидена трагедија нема да му се случи на ниедно дете - порача Стоилов.

И младите скопјани Арманд, Столе, Стефан, Мартина, Златка и Даниел, кои организираа хуманитарни вечери посветени на Најден, се многу тажни што замина нивниот херој, кого го посетија пред околу два месеца забележувајќи дека некои деца не живеат во бајка... Тогаш „падна договор“ Арманд и неговата тајфа да му направат соба од бајките на Најден и да му купат еден куп играчки... Најден не дочека да ужива во собата и во играчките, туку замина.

На 1 јули - американски лекар донесе сонда за хранење

Познат американски лекар донесе посебна сонда со која значително се олесни хранењето на бебето Најден за побрзо да заздрави хранопроводникот, во пресрет на операцијата на јазикот, кој му бил намерно пресечен.

Пред овие интервенции, на Најден само еднаш му бил извршен оперативен зафат, кога лекарите ги санирале повредите од грозниот чин по раѓањето. Најден во меѓувреме имаше и воспаление на белите дробови.

Подготвеност да се вклучи во лекувањето на бебето изразил и нашиот сонародник во Австралија, лекарот Зоран Бечваровски, претседател на лекарското друштво во Австралија и специјалист за уво, нос и грло во приватната болница „Свети Џорџ“ во Сиднеј.

Лекарите планираа на Најден да му пресадат и јазик кон крајот на годинава, а детето требаше малку да зајакне и да има повеќе сила за таква сложена операција. Во план беше и Најден да биде даден на посвојување...

За жал, Најден не ја дочека ниту интервенцијата ниту да биде посвоен од родители што ќе му ја дадеа вистинската љубов...

На 26 јуни - трахеотомија на Kлиниката за уво, грло, нос

За да му се подобри здравствената состојба, Најден на 26 јуни беше опериран на Kлиниката за уво нос и грло, откако поради повредата на јазикот, му се влошило здравјето.

- Го изгубивме! - помислив. Детето помодре, ние сите над него без здив бдеевме, но тој силно ги отвори очињата. „Еве сум, сакам да живеам!“, како да рече. Му се врати бојата на лицето, а ние успеавме да завршиме една многу тешка операција - трахеотомија. Најден е чудо од дете, како лекар не можам да поверувам во неговата волја за живот, каков борец е тој, изјави по операцијата д-р Никола Николовски, директор на Kлиниката за уво нос и грло.

Истражниот судија и Судска медицина ќе решат каде ќе биде погребан

Директорот на градските гробишта „Бутел“, Илија Филиповски, вчера не знаеше да одговори дали малиот Најден ќе биде погребан кај нив.

- За тоа ќе одлучат истражниот судија и Судска медицина. Ние немаме врска со тоа, а досега не сме имале случај да се погреба дете оставено од родителите - кусо изјави Филиповски.

Најден ја крена Македонија на нозе

„Сигурно неговото мало срце не издржало од тага, нему очајно му требаа бакнежите на мама и милувањето на тато, за него се грижеа многумина во клиниката, стотина млади пееја за насмевката на Најден, хумани луѓе му купуваа и даруваа пелени, играчки, доби многу љубов од сите, но му требаа само вистинските мама и тато. Најден ја дигна и Македонија на нозе, никој не праша дали е Македонче, Албанче, Ромче - сите помагаа за ова несреќно дете, кое ќе беше голем човек... Се надевам дека сега малку ќе здивне од сите игли, операции и сонди и дека конечно овој Ангел ќе биде слободен!“, вели Марија Тасев, новинарката на „Дневник“ што преку приказната за Најден уште од првиот ден откако тој беше пронајден во почетокот на април, ја известуваше јавноста за неговата состојба.

Малиот ангел нè потсети на хуманоста

„На сите срцата ни се исполнети со болка. Го сакавме сите како да е наше родено. Најден нè научи и нè потсети на многу работи. Нè потсети на нашата хуманост како луѓе, ни даде сила со својата волја за живот, ни покажа нашите битки да ги водиме со посилна волја, да не ги забораваме вистинските вредности на животот и да не бидеме слаби и во најголемите премрежиња. Нè потсети на љубовта, надежта, добрината... Најден ќе го паметиме по сето тоа. Лесна му земја“.

Ова е напишано на страницата на социјалната мрежа „Фејсбук“ „Да му помогнеме на Најден“, каде што пријателите и хуманите луѓе вчера изразија жалење по веста дека бебето почина. „Длабоко ме потресе веста за Најден“, „Нека почива во мир малото ангелче“, „Господ му подари живот, некој сакаше да му го одземе“, „Нека почива во мир, а тие што му го направија ова треба да се најдат и да лежат доживотен затвор“, се дел од коментарите што може да се прочитаат. Страницата каде што хуманите граѓани се интересираа за здравствената состојба на Најден и прашуваа како може да помогнат има над 2.500 поддржувачи.

Истрагата сè уште трае

За жал, нема нови моменти во истрагата за пронаоѓање на родителите што го оставија Најден во близина на Арачиново. Досега полицијата презема сè што треба да се направи, од увид на местото каде што беше најдено бебето до разговор со лица и други потребни мерки што се на располагање. Истрагата не е завршена и полицијата презема сè за побргу да се откријат несовесните родители - изјави вчера помошникот-министер за информирање во МВР, Иво Kотевски.

 

Автор: Љубица Балабан

www.dnevnik.com.mk

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Знаци за паразитска инфекција кај децата
Типични паразити се: пантличара, глиста, нематоди и едноклеточни протозои. Симптомите варираат од еден до друг паразит, ...
6
Маски - идеи за шминкање
Денес секој може да биде што сака, од човек - камила, од старица - дете, од маж - невеста,од просјак - цар, а ти драго д...
4
Храна за душа
Великодушност, моќ за простување, љубов, но и одредени ритуали и обичаи, па дури и чуда се клучни работи за здрав душеве...
3
Девојчињата прерано на штикли
Многу од производителите на чевли во својата понуда денес имаат и штикли за деца. Лекарите предупредуваат дека носењето ...
3




Анкета

ТЕЛЕВИЗИЈА.
пеперутка16

Колку време вашето дете гледа телевизија дневно?