Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Работејќи во градинка, сум се изнагледала примери на претерана грижа на родителите. Во сеќавање посебно ми остана тригодишниот Славик. Грижливите родители мислеле дека тој секогаш мора да изеде се, инаку ќе ослаби. Не знам како го хранеле дома, но во градинка дојде со нарушување на апетитот. Џвакаѓе и голташе механички се' што ќе му дадев. Требаше ние да го храниме, бидејќи не умееше да јаде сам. И така јас го хранам првиот ден и на неговото лице не забележувам никаква емоција: му принесувам каша – ја отвора устата, џвака, голта. Морам да кажам дека на готвачот во нашата градинка, кашата не му одеше од рака. Тој ден многу деца не сакаа да јадат (и потполно ги разбирам). Славик изеде скоро се. Го прашувам: “Дали ти се допаѓа кашата?” – “Не” и продолжува да ја отвора устата, да џвака и да голта. “Ако не ти се допаѓа, немој да јадеш”.
Очите на Славик блеснаа. Немаше појма дека може така. Најпрвин уживаше во добиеното право да не јаде и пиеше само компот. Потоа почна да бара од таа хртана која му се допаѓа и да ја турка чинијата со храната која не му се допаѓа. Стекна самостојност во изборот. После тоа постепено престанавме ние да го храниме, бидејќи храната е природна потреба и детето кога ќе огладне ќе јаде само.
Јас сум мрзлива мајка. Во некој момент станав мрзлива да ги хранам своите деца. Кога ќе наполнеа една година, ќе им ја тутнев лажицата и кашичката и ќе седнев и јас до нив да јадам. На година и пол веќе баратаа и со вилушка.
Природна потреба е, како што знаеме и вршењето нужда. Славик тоа го правеше во гаќи. Неговата мајка ми кажа на секои два часа да го водам во тоалет. “Дома го ставам на нокшир и седи се додека не заврши се.” И така, веќе големото дете, чекаше некој да го однесе во тоалет. Кога тоа никој немаше да го направи, детето се мочкаше во гаќи, па не бараше ниту некој да го пресоблечи. За една недела го решивме и тој проблем: “Ми се мочка” – гордо викаше Славик и одеше сам да изврши нужда.
Јас сум мрзлива мајка, Преку викенд сакам да се наспијам. Една сабота се разбудив околу 11 часот. Мојот две и пол годишен син гледа цртан филм и јаде медењак. сам го вклучил телевизорот, сам го нашол далечинското. А постариот, кој има 8 години не е дома. Претходната вечер доби дозвола да оди со другарчето и неговите родители на кино. Му кажав дека не ми се станува толку рано и ако сака да оди на кино, да го навие часовникот и да стане сам. Секако и јас го направив телефонот да ѕвони, слушав како се подготвува и ја затвора вратата и чекав СМС од мајката на другарчето...но детето не виде ништо од тоа.
Мрзлива сум и не ја проверувам училишната торба, опремата за вежбање и не пишувам домашна со него. Мрзлива сум и да го фрлам ѓубрето, па го фрла тој кога оди на улилиште.
А имам и маана да го замолам да ми направи чај и да ми го донесе. Се' ми се чини дека со текот на годините ќе станам по мрзелива. Но чудна ли промена кога кај нашите деца ќе дојде баба. Постариот син во истиот момент заборава дека знае сам да напише домашна, да стопли јадење, да гио спакува книгите и да оди на училиште сам. Се плаши и да заспие сам, баба мора да биде покрај него.
А нашата баба не е мрзлива.
Децата не се самостојни ако така сакаат возрасните.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Натусана - 20 години присуство на македонскиот пазар
Оваа година се навршуваат 20 години од присуството на Натусана на маке...
НАГРАДНА ИГРА: Парови спои и Лакалут награди освои
Ајде да играме Меморија и да освоиме награди! Натусана и Рингераја орг...
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?