namesp во 10:12
Јагоди во детското мени
Редакција Рингераја, 3.2.2011
Се смета дека силниот алерген потекнува од мувлата, која се развива на нивната површина кога зреат. Истовремено, јагодите се многу вкусна и корисна храна. Прашањето е, може ли јагодата да се вклучи во менито на детето и кога? Одговорот е да, но при определени услови. Погледнете кои.
Детето треба да го прославило ПРВИОТ роденден
Родителите треба да внимаваат ако во нивното семејство има наследна историја со алергиски болести, бидејќи и нивните деца ќе бидат подложни на такви реакции. Независно од тоа дали има или нема алергиски манифестации во Вашето семејство, јагодите во детското мени треба да ги вклучите откако детето ќе наполни една година. Тогаш детето ги консумира речиси сите зеленчуци и овошја (освен цитрусните) и ризикот од алергија е минимален.
Започнете со половина јагода
Најважно што треба да знаете, кога за прв пат ќе му понудите јагода на детето, е да започнете со половина плод. Вклучете ја јагодата во претпладневното мени и во следните денови постепено зголемувајте ја количината. Зошто претпладне? Зошто, ако евентуално се појави алергиска реакција, подобро е тоа да се случи во првиот дел од денот. Појавата на алергија може да Ви се чини многу подраматична навечер. Сега ќе се запрашате зошто да дадете само половина јагода.. Затоа што силата на алергиската реакција зависи од количината на примените алергени (т.е. од количината на изедени јагоди) Ако детето одеднаш изеде 56 плода, тоа може да добие многу силна и тешка за справување алергиска реакција, која може да има најразлични манифестации.
Прва помош при алергиски реакции
Најчести значи се: црвенило на кожата, кое обично многу чеша и тоа го прави детето нервозно и плачливо. Друга манифестација на алергија може да се стомачни болки, повраќање и пролив. Ако имате и најмало сомневање за постоење на алергиска реакција, веднаш консултирајте се со педијатар. Лекувањето се спроведува со антиалергиски лекови и почитување на диета која ги исклучува сите алергени од исхраната на детето и трае до целосно исчезнување на симптомите.
7 причини зошто да ги вклучите јагодите во детското мени
Честите алергиски реакции од консумирањето на јагоди, не треба да бидат причина за да ги исклучите јагодите од детското мени, бидејќи се многу корисни.
Причини:
- Нивниот хемиски состав ги прави прекрасни лековите средства при општа слабост и анемија.
- Го потпомагаат исфрлањето на наталожените токсични метаболити создадени од размената на материи.
- Содржат витамин Р, чиј недостаток води до општа слабост, болки во мускулите и нозете и точкести крварења по кожата.
- Јагодите се богати со пектини кои се корисни при мрзливи црева и други гастроинтестинални заболувања.
- Имаат антибактериско дејство кон предизвикувачите на цревни заболувања, стрептококи, стафилококи, пневмококи.
- Ја подобруваат размената на материи и го будат апетитот, заради што е добро да се вклучат во менито на децата кои не јадат.
- Содржат Витамин Ц
Ако Вашето дете го прослави првиот роденден и ако внимателно ги следевте нашите совети, слободно може да ги вклучите овој плод во исхраната, барем еднаш неделно. Еве и два вкусни рецепти кои сигурно ќе му се допаднат на Вашето дете.
Бисквит торта со јагоди
Потребни состојки:
- 300 гр. јагоди
- 2 чаши павлака
- 1 кафена лажица шеќер во прав
- 400 гр. пишкоти
Начин на приготвување:
Во блендер се миксираат јагодите, павлаката и шеќерот.
Во чинија се подредува првиот ред пишкоти и се покрива со ½ од кремот од јагоди. Над кремот се поставуваат останатите пишкоти и се полеваат со останатиот крем од јагоди.
Тортата се украсува со цели јагоди.
Млечен крем со јагоди
Потребни состојки:
- 1 чаша пресно млеко
- 1 лажица нишесте
- 2 кафени лажици шеќер
- 100 гр. јагоди
Начин на приготвување:
Нишестето се раствора во малку млеко и се става во млекото кое врие, заедно со шеќерот. Оставете го да врие неколку минути, со постојано мешање. Исечените јагоди се ставаат во сад и се полеваат со изладениот крем.
Извор: BG Mamma
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Неделата за ментално здравје на децата се обележува од 1-ви до 7-ми февруари, 2021 година. Оваа година темата е "Изрази...

Иако вам можеби ви се чини дека свекрвата сака само да ви „соли памет“, не сте сосема во право. И на свекрвите им е тешк...

Мајки со деца можеме да видиме насекаде, но татковци - ретко. Ова се фотографии на славни татковци со своите мали дечиња

Како Ви оди шиењето копчиња? Ако имате кутија полна со копчиња, кои не одговараат на бојата на Вашата облека, еве неколк...
