vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Што претставуваат всушност афтите?
Афтите се појавуваат најпрво како мали црвени точки, па до бели сивкави и плитки јазолчиња (понекогаш со големина колку зрно леќа) во усната празнина. Најчесто се појавуваат по внатрешната страна на образите или усните, врз или под јазикот, позади на грлото, до мекото непце и тонзилите.
При посериозна инфекција јазолчињата можат да бидат и гнојни. По принцип траат од 4 до 14 дена. Заболувањето се изразува во тоа што едни исчезнуваат, а се појавуваат други, но не повеќе од 4 на број по целата уста.
Која е причината за појава на афтите?
- Повеќе специјалисти сметаат дека вирусот Herpes simplex labialis, причинителот на херпес, води до појава и на афти.
- Пастите за заби кои содржат натриум лаурил сулфат се чести причинители на афти.
- Препаратите за свеж здив можат да бидат причина за појавата на афти бидејќи тие ја сушат оралната лигавица, а со тоа таа е лесно подложна кон инфекции.
Како да се лекуваат афтите, а воедно и како да се спречи повторното појавување?
Избегнувајте:
Површината на афтите би можела да се третира со 3% раствор на H2O2, но сепак тоа не се препорачува и за малите дечиња.
Во секоја аптека има раствор наменет специјално за афти со кој всушност се ограничува воспалителниот процес, но и дејството на плунката.
Особено важна е оралната хигиена која треба да е на највисоко ниво. Четката за заби треба да се менува почесто (препорака за пациентите со афтозен стоматит, генетска предиспозиција), но таа треба да биде мека.
Устата се плакне со чај од камилица, а врз самите афти може да се дава и пчелна млеч (ако не се алергични!).
Сето тоа има ефективно дејство во процесот на лекување на афтите. Лактобацилус ацидофилус (пробиотик) штити од нова повторна појава на афтите во усната празнина.
д-р Фросина Дајо
Доктор по општа стоматологија
6
6
5
5
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто е важно да влезете во бременоста со здрава тежина
Тежината пред бременоста може да влијае врз плодноста, текот на бремен...
Новороденчињата поминуваат голем дел од денот во сон, но нивниот ритам...
Преминот од пелени кон нокшир е важен чекор во развојот на детето. ...
Причини за вагинална сувост во бременоста
Бременоста носи бројни хормонални промени што влијаат врз целото тело,...
Природни начини за ублажување на настинка и грип
Топлите напивки, одморот и доволниот внес на течности можат да помогна...