|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Дали Вашето дете некогаш зело нешто без да праша? Играчка во продавница? Сокрило од Вас рака бонбони иако му рековте дека смее да земе само една? Нешто полошо?

image
/11


 

Ако одговоривте позитивно на некое од овие прашања сигурно знаете дека таа постапка се дефинира како кражба и не може туку-така да помине.

Кражбата е тема за која многу малку родители сакаат да разговараат, но за жал присутна е секаде. Но пред да се испаничите, прочитајте во кои случаи станува збор за кражба и што можете да направите.

 

Кога детето треба да дознае дека тоа е лошо?

На возраст меѓу 18 месеци 2 години детето поминува низ цела серија фази на развојот кои се важни за дефинирање на индивидуалноста. Во таа фаза детето го открива поимот “јас” како и зборот “не”. Овие зборови детето ги повторува често, обидувајќи се да се автоафирмира. Ова чувство се манифестира преку изразот “мое” кој детето го употребува за сите работи со кои е во контакт.

На оваа возраст е природно детето  да се идентификува со се што е околу него. Заради тоа реагира кога некој ќе сака да му земе нешто од раце. Дури по 2-та година детето, со помош на родителите, ќе почне да ги забележува потребите на другите и да го сфаќа поимот “сопственост”.

Околу петтата година, заедно со поимот сопственост детето треба да научи што значи да се “краде”, во смисла – да се земе нешто што му припаѓа на друг и да се присвои. Исто така на детето треба да му се објасни дека на овој термин му се припишуваат негативни карактеристики.

Овој поим детето може да го разбере благодарејќи на родителите кои ги пренесуваат добрите вредности и го едуцираат детето, но и во поврзување на поимите присутни во бајките, цртаните и детски филмови и приказните во кои често се појавува негативниот лик на “крадецот”. Од овие причини детето често ќе го глуми крадецот во игра.

Но понекогаш се случува тоа однесување да се пренесе и надвор од играта, а детето да не ја сфати разликата. Во тој момент може да се случи детето да украде нешто (кекс, бонбони, тетратка...), за да биде фатено.

 

Зошто го прави тоа?

Доколку се работи за еден изолиран случај, може да биде и случајност. Меѓутоа, ако ова однесување се повторува, причината треба да се бара во опкружувањето на детето. Ако детето продолжи, значи дека му треба постабилна животна средина, или му недостасуваат позитивни примери во секојдневниот живот. Во овој случај може да помогне разговор со детски психолог кој може да му помогне подобро да разбере што му припаѓа нему, а што им припаѓа на другите.

Доколку забележите дека детето поткраднува, немојте да го намалите значењето на овие ситни кражби кон кои детето е наклонето. Барајте објаснување за кексот кој не му го дадовте, или за лижавчето кое не му го купивте. Запомнете – не постои мала кражба! Согледајте го проблемот и пресечете го во корен. Детето од мало треба да ја сфати кражбата како нешто сосема забрането.

 

Како да знае дека тоа не е само игра?

Работите се менуваат кога целта на “кражбата” повеќе не е игра (некој да го открие и фати ) туку присвојување на нешто што детето би сакало да го има, а го нема. Фактот дека детето оваа акција ја прави скришно е главен критериум за тоа дали се работи за игра, или не.

Првите мали кражби се случуваат во градинка бидејќи присуството на врсниците создава прилики за споредување и натпревар со другите деца околу работите кои ги поседуваат. Иако ретко, ова споредување може да го наведе детето да присвои некој посакуван предмет, ако се најде во ситуација да го направи тоа без да го види никој.

 

Две типични ситуации и решенија

Судејќи по начинот на кој се одвива кражбата таа може да покаже дали детето е свесно за својата постапка:

1.      Детето го наоѓа предметот кој му се допаднал заборавен на некое место и го става во џеб. Можеби не му е сосема јасно дека тој предмет му припаѓа на некој друг. Кога мама ќе го најде овој предмет потребно е да го праша детето каде го нашло и да му објасни дека е најдобро да го даде на учителката, или на сопственикот кој најверојатно ќе го бара.

2.      Детето зема нешто што стои на вообичаеното место (на пр. играчка во туѓ ранец). Во овој случај детето ја зема играчката, иако знае дека краде. Реакцијата на родителите треба да биде одлучна и јасна и на детето веднаш да му се објасни дека тоа е неприфатливо однесување и кои се последиците од него.

 


Извор: Mental Health Matters

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зошто е добро пешачењето на плажа?
Пешачењето е фантастична активност за вас и вашите деца. Децата можат да бидат слободни, спонтани, а заедно и вие со нив...
4
Пелтечење кај школските деца
Пелтечењето е нарушување на течноста во говорот, а може да се нарече и нарушување во комуникацијата кое што влијае на м...
4
Само уште пет минутиииии!
Една од најголемите битки кои се наметнуваат за водење, најверојатно се крие токму во оваа реченица. Знаете ли како да н...
3
16 работи кои не треба да ги кажуваме на д...
Некои од фразите - позитивни или повеќе негативни, кои ги користите во воспитувањето на своите деца, можат да имаат долг...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?