За повеќето парови, замислата за бременост изгледа прилично едноставно. Одлучувате дека е време и наскоро следи позитивен тест.
Фото:Canva/Секој пар што се обидува да добие бебе го знае тој момент на надеж, исчекување и прашањето “зошто не сега?”. Но вистината е дека процесот на забременување може да потрае и тоа е сосема во ред.
За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Но, реалноста често е поинаква. Процесот на забременување може да биде различен за секој пар, и времето кое е „нормално“ да се случи тоа зависи од многу фактори.
Просечно време за забременување
Медицински гледано, кај пар без здравствени проблеми кој има редовни односи без заштита, шансата за забременување е околу 15-25% месечно.
Тоа значи дека:
- Околу 50% од паровите ќе забременат во првите 3 месеци.
- Околу 75% во рок од 6 месеци.
- До 85-90% од паровите ќе забременат во рок од една година.
Затоа, лекарите сметаат дека е нормално процесот на забременување да трае до 12 месеци кај жени под 35 години кои имаат редовен менструален циклус.
Во кои случаи времето може да биде подолго?
Постојат различни фактори што можат да влијаат на времето потребно за зачнување:
- Возраст на жената игра голема улога бидејчи фертилноста постепено опаѓа по 30-тата година, а по 35-тата опаѓа побрзо.
- Телесна тежина прекумерната и премалата можат да влијаат на овулацијата.
- Редовност на циклусот. Жените со нередовна овулација имаат помала шанса да погодат плодни денови.
- Навиките и стилот на живот како пушење, алкохол, стрес и недоволно спиење влијаат на квалитетот на јајце-клетките и спермата.
- Здравствени состојби како синдром на полицистични јајници (PCOS), ендометриоза или хормонални нарушувања можат да го отежнат процесот.
Кога да се побара лекарска помош?
- Ако по една година редовни односи без заштита кај жени под 35 години не дојде до бременост.
- Ако жената има повеќе од 35 години, препорачливо е да се побара совет по 6 месеци обиди.
- Ако има познати здравствени проблеми како нередовен циклус, болки при менструација или претходни инфекции.
Лекарот може да препорача едноставни тестови како следење на овулација, хормонални анализи или проверка на спермограм кај партнерот.
Психолошки аспект
Многу парови доживуваат стрес и анксиозност кога процесот трае подолго од очекуваното. Но треба да се знае дека ова не значи дека постоење на одреден проблем туку уникатноста на секое тело кое има свој сопствен ритам. Притисокот, постојаното следење на тестови и броење на денови може само дополнително да го забави процесот.
Процесот на забременување е различен за секој пар. За повеќето е сосема нормално да потрае неколку месеци, па дури и до една година. Клучот е во стрпливоста, здравиот начин на живот и редовните лекарски контроли.
Бременоста не секогаш доаѓа кога ќе ја испланираме, но кога ќе се случи доаѓа во вистинскиот момент.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Треба ли да ослабнете пред да планирате бр...
Кога се планира бременост, често се поставува прашањето дали прво треба да се намали телесната тежина. Одговорот не е ис...
4
5 насоки за побрзо забременување
Специјалистите за плодност ги споделија своите стручни насоки, кои ќе ви помогнат да ја зголемите плодноста и побрзо да ...
4
Емоциите додека се обидуваш да забремени
Патот до бременоста понекогаш е директен, а понекогаш полн со чекање, испишана една црта, тишини, неизвесност и прашања ...
3
Ендометриоза – болест кај жените
Ендометриозата е болест која се манифестира со отсуство на внатрешната обвивка на матката во празнината на матката. Боле...
3