vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Д-р Катерина Ставриќ, директорка на Клиниката за детски болести, вели дека донеле одлука прегледите што не се итни да се одложат за март. Тоа не важи за пациентите на невролошко одделение зашто амбулантата за овие деца е издвоена и тие кога одат на преглед, не се мешаат со други.
– Во услови кога имаме и грип и морбили, мислам дека е добро да ги заштитиме здравите деца да не се заразат. Знаете дека имаме дечиња со заразните заболувања. Им се јавуваме на сите оние чии прегледи се одложуваат и им кажуваме за кога се одложени. Станува збор за прегледи што може да почекаат, на пример: ехо на срце, алерготестови, контроли на бебиња… – вели д-р Ставриќ.
За да има простор за сите што треба да лежат во болница, д-р Ставриќ вели дека гледаат хоспитализираните пациенти пократко да лежат во болница.
– Оние што можат, продолжуваат на домашно лекување. Има и такви што доаѓаат секој ден за терапија – објаснува докторката.
Д-р Ангелчо Андоновски, директор на Институтот-Козле, вели дека се откажуваат сите тековни прегледи закажани во наредните две недели.
– Ќе ги викнеме на преглед штом ќе се намали ризикот да се разболат здрави деца. Му се јавуваме на секој поединечно – вели д-р Андоновски.
Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство донесе нови дополнителни мерки за заштита на населението од епидемијата на морбили.
– Сите родители што имаат деца со наполнети 6 месеци, а живеат на територијата на градот Скопје, од утре треба да се јават во најблискиот вакцинален пункт за да ги вакцинираат своите деца со МРП-вакцината. Родителите, пак, што имаат деца на училишна возраст, а не се ревакцинирани или воопшто не примиле МРП-вакцина, да ги вакцинираат децата, и ова се однесува за сите деца што живеат во Македонија – информираат оттаму.
Родителите што ќе се посомневаат дека нивните деца се заразиле со морбили или имаат висока температура или, пак, веќе имаат исип на кожата во работните денови прво да ги однесат на матичен лекар. Доколку детето треба да се прегледа навечер или за време на викенд, прво треба да се јават на преглед во пунктови во здравствените домови и по процена на лекар од пунктовите, само со упат да се насочуваат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
Во текот на епидемијата од мали сипаници се разболеле 220 лица, а вакцинирани се 6.550.
4
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Што е себум и зошто и е потребен на кожата?
Кога ќе слушнеме „себум“, често помислуваме на мрсна кожа, сјај на лиц...
Следна бременост по ИВФ. Што треба да знаете?
Ако претходната бременост била постигната со вонтелесно оплодување (IV...
Причини за слаб квалитет на сперма
Квалитетот на спермата е важен фактор за машката плодност. На него мож...
Нередовна овулација и проблеми со зачнување
Овулацијата е моментот кога јајникот ослободува јајце клетка која може...
Како да изберете соодветен метод за контрацепција?
Не постои еден метод за контрацепција кој е најдобар за сите жени. Она...