|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Заљубеноста не е љубов

Александра Олјеска, 10.3.2011
Најштетна во љубовта е вообичаената анализа на саканата личност. Саканата личност не се анализира,ги сакаме и нејзинита слабости. Анализата често води кон рамнодушност. Кај вистинската љубов постои и радост и тага и добро и лошо

image
/11


Постои место на кое љубовта почнува и место на кое завршува..... Постои допир на две раце кои се отпорни на сите лексикони.... Раце, очи – со нивна  помош љубовта се бори и се гради.... Постојат чевли кои ги носи љубовта и нејзиното доаѓање е тајно....Постои место на кое љубовта е  на сите јазици, но не е најдено ниедно помудро од ова:„Постои место на кое љубовта почнува и место на кое завршува – а љубовта не бара ништо“. (Карл Сандберг):

Навистина, поетите се најдобри толкувачи на љубовта, која е основа на нашиот живот, врвен закон на Универзумот. За  љубовта се зборува многу, но  никогаш не се  докажува, нема дефиниција, готови правила. Но  затоа  пак за заљубеноста е кажано се. И сосема е сигурно- заљубеноста не е љубов. Заљубеноста е опиеност, занес, често и илузија. Заљубените зрачат со посебна радост. Заљубените живеат надвор од светот, надвор од проблемите. Во моментите на заљубеност не функционираат нормално, сметаат психолозите. Кога сме заљубени, се јавува чувство на моќ и се чини дека можеме се. За таквото чувство се заслужни хормоните на еуфорија, стрес и хормонот на среќа.

Некои дури велат дека заљубеноста е погрешна љубов, всушност лажна љубов, само илузија на љубовта. И како таква таа е залудно уживање во зголемената температура, бесмислена фикција на трескава состојба која го зафаќа целото човечко битие. И ако  заљубеноста  односно  наклонетоста  кон лицето со кое сме, потрае подолго, а да не се надоградува, може да не однесе далеку од љубовта. Така се јавува сурогат на љубовта односно идоли.

Затоа, експертите тврдат дека заљубеноста не е вистинска љубов бидејки заљубувањето не е засновано врз дејствување на волјата или свесен избор. Заљубувањето не бара напор во изразување на љубовта, туку е поврзано со инстиктот и личноста  која е заљубена често не е заинтересирана  да  работи на односот со својот партнер, туку има чувство  дека стигнала до  целта. Смееме ли тогаш да заклучиме дека заљубеноста е шарена лага, а кога ќе ја отфрлиме, остануваме со празни  раце ?

 

ЉУБОВТА СЕ УЧИ

Вистинската љубов е нешто сосема друго. Љубовта е емоционална, но не и опсесивна, таа ги соединува разумот и чувствата, бара волја и дисциплина. Затоа, основна потреба не е да се заљубиме, туку да бидеме сакани и да сакаме.

Психолозите велат: љубовта не се јавува на прв поглед, љубомората не е знак на вистинска љубов, фантазирањата се знак на заслепеност, а не на љубов, љубовта не е слепа, љубовта не е трајна идила, треба и да е практична, односно  како  што  се вели во поговоркатата, од љубов не се живее, за тоа се потребни материјални средства. Љубовта се учи, во љубовта може да се напредува, љубовта треба да се негува. Опасност за љубовта се површноста, себичноста, тврдоглавоста, љубомората, зависта. Треба да се излезе од самиот себе, а само себичноста не спречува да сакаме. Многу е важно да се научи да се разговара со саканата личност. А јазикот на љубовта, велат психолозите, не е тешко да се научи.

Важни се зборовите  на пофалба и на охрабрување бидејки кога  партнерот  добива позитивни вербални поттикнувања, ќе биде мотивиран да се труди уште повеќе за да ни ја  покаже љубовта. Поминувајте заедно што е можно  повеќе време, шетајте, заедно, подготвувајте ја вечерата, разменувајте мисли и бакнежи. Бидете покрај Вашиот партнер, посебно кога му требате. Со поминување на времето заедно создаваме многубројни спомени, кои подоцна  ќе ни користат во ерупцијата на чувства кон партнерот. Научете да подарувате. Подарокот е знак на внимание, а ако купувате за партнерот, значи дека мислите на него. Направете го она што посебно ќе го израдува партнерот било да е помош при раскревање на омилените весници и книги, купување подароци за неговите родители, готвење на храната што ја сака или миење на садовите. Понекогаш не се потребни зборови, допирот ќе зборува наместо Вас. Милувањето по коса, масирањето на грбот,  држењето за раце, гушкањето – ќе ја покажат Вашата љубов. Допирот е многу важен дел од комуникацијата во љубовата. Прегрнете ја вашата партнерка кога се плаши, стегнете ја раката на вашиот партнер кога ќе добие лоша вест од работа, бидете заедно во добро и во  зло. Најштетна во љубовта е вообичаената анализа на саканата личност. Саканата личност не се анализира, ги сакаме и нејзините слабости. Анализата често води кон рамнодушност. Кај вистинската љубов постои и радост и тага и добро и лошо.

 

СЕ Е ТОА ХЕМИЈА

Истражувањата покажуваат дека љубовта благотворно дејствува на организмот, го зајакнува имунитетот, го разубавува телото, го чува менталното здравје. Она што е наречено „молекул на љубовта“ е фенилетиламинот, кој настанува по природен пат во нашиот мозок. Заедно со допаминот и со норепринефинот е одговорен за појавата на љубовната еуфорија. Всушност, фенилетиламинот помага при ослободување на допаминот ( супстанција која овозможува проток на информации во мозокот) во т.н центри  за задоволство. Допаминот прави да се чувствуваме убаво, норепинефринот  го стимулира производствот на адреналин, кој влијае, меѓу другото, нашето срце забрзано да чука. Комбинацијата од овие три супстанци доведува до чувство на заљубеност, возбуденост, блаженство и среќа. Нивната активност е причина поради која  заљубените се чувствуваат еуфорично. Опојната емоција на заљубеност,  поврзан со забрзан пулс, влажни дланки, чувство на отежнато дишење – често се толкува како прекумерно лачење на фенилетиламин. Производствот на оваа супстанција може да предизвика  и  нежен  допир  на  рацете, поглед, насмевка... Интересно е дека и скокањето со падобран, возењето со параглајдер и скокањето исто така придонесуваат за зголемена активност на овие три супстанции. Всушност, и заљубеноста е секогаш ризик.

Научниците сметаат дека по извесен период телото се навикнува на љубовните стимуланси бидејки се зголемува толеранцијата на фенилетиаминот. Кога  ќе се случи тоа , односот помеѓу две лица, може да тргне кон распаѓање, односно  кон незаинтересираност или кон усовршување или кон уште посилна приврзаност и поврзаност. Тоа првото не треба да се објаснува, но кога ќе се случи ова другото, тогаш мозокот ќе излачува ендорфин, кој доведува до чувство на смиреност, намалување на анксиозноста, топлина, доверба и спокојство. Нели е тоа знак на вистинска  љубов, мир, сигурност, радост, оптимизам, самодоверба ? Или  како  што велат поетите:човек без љубов секогаш е во загуба.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Направете најубави Велигденски украси!
Идеи за брза Велигденска декорација
7
Вештачката интелигенција ги управува апара...
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќинството имаат функции напојувани од алгоритми за ...
4
Секс за време на бременоста: Што е во ред,...
Дали бременоста ви го зголеми интересот за секс? Или, сексот е последното нешто што ви паѓа на памет? Во секој случај, е...
4
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?