propertydealer во 16:52
на тема RE: Рингераја радио
Кој е Murat Yildirim?
Додека студирал за машински инжењер, направил радикална одлука да стане глумец. Тој вели :”Во ниту еден момент не сакам да бидам ѕвезда. Не би сакал партнерките во филмовите на мене да гледаат како на секс објект, туку како на добар актер”. Додека се чувствува пресреќно од вниманието кое го добива, изјавува дека :”Славата е како нож кој може да го користите за сечење на парче јаболко, или за убивање. Јас сакам само парче јаболко. Сакам да бидам добар актер, не сакам да бидам ѕвезда”.
Ве сметаат за многу привлечен актер. Какво е чувството да Ве посакуваат толку многу жени и да се биде толку популарен?
Понизен сум пред фактот што ме сметаат за убав и привлечен, бидејќи не се сметам за таков. Да ти се восхитуваат е одлична работа и тоа многу исполнува, но кога си актер, таа ситуација може да биде болна. Да бидете славен актер, значи дека чекорите по вистинскиот пат, но кога чекорите по ѕвездениот пат тоа е опасно, бидејќи тој пат е стрмоглав.
Зошто одлучивте да станете актер подоцна во животот?
Уживав во решавање на математички проблеми и ја гледав својата иднина како инжињер. Ова ми беше првиот план. Наоѓањето на себеси во позиција на актер беше голем пресврт за мене. Тоа започна како хоби, но кога ги заработив првите пари, тоа стана моја професија. Ова беше една радикална одлука.
Во брак сте со Burcin Terzioglu. Кои се Вашите чувства во врска со бракот?
Кога ќе размислам во општа смисла, да се посвети животот на една жена е многу убава работа. Јас сум среќно оженет човек. Го направив тоа без многу размислување. Burcin е посебна личност за мене.
Како гледате на Саваш Балдар, ликот кој го глумите во серијата “Љубов и казна”
Кога ја добив улогата на Саваш Балдар во серијата “Љубов и казна”, со сопругата се пошегувавме дека сега сме дел од најпознатите мафијашки семејства во Турција, бидејќи Burcin истовремено играше во серијата “Ezel”, во улогата на Azad Karaeski, ќерката на најголемиот мафијашки boss во Истанбул. Јас ја снимав “Љубов и казна”, во која сум централен лик во богатото семејство Балдар и шеф на најголемото племе во турската провинција Ван. Племето е вмешано во нелегален бизнис на трговија со дрога, каде жителите сеуште живеат многу традиционален живот, почитувајќи ги старите традиции и непишаните правила на однесување. Ми се допаѓа ликот на Саваш Балдар.
Како Вашата жена реагира на романтичните сцени? Дали е љубоморна?
Една лекција во актерството вели дека не треба да се внесуваат лични емоции во улогите, бидејќи тогаш не сте добар актер. Кога улогата бара да снимаме романтична сцена, тоа го правиме само за потребите на филмот. Ако се побара од мене да го направам тоа за рејтинг, а не е во сценариото, нема да го направам. Сакам партнерките во филмот на мене да гледаат како на добар актер, а не како на секс објект.
Кога гледачите гледаат серија, тие се обидуваат да ја оживеат серијата и во сопствениот живот. Како гледате на ова?
Тоа не е мисија на серијалите. Не верувам дека телевизијата има толкава моќ за да го насочи животот на луѓето. Секој си донесува сопствени одлуки. Гледачите гледаат тоа што им се допаѓа.
Гледачите ќе имаат можност да уживаат во уште повеќе серии со овој актер.
Извор: Asi Greek Fan Club
забава Бремените
Автор: bobik
Какви се хороскопските знаци на плажа?
Плажа, песок, море и…12 различни начини на уживање. Хороскопските знац...
Природен рецепт против кандида
Овој напиток има антифунгални, антисептички и алкални својства кои мож...
Што сонуваат бебињата? Тајните на најневините соништа
Во тишината на ноќта, додека светот тоне во длабок сон, малите бебиња ...
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат ил...
Зголемен ризик од бубрежни камења во лето – еве зошто!
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладувањ...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?