|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

10 модни совети за бремени жени

Редакција Рингераја, 9.7.2011
Најважното нешто што треба да го запомните, кога станува збор за модата е дека не мора да го промените Вашиот основен стил само затоа што сте бремени.
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Бременоста носи разни видови на хормонални промени, но ниту една од нив не предизвикува жестока желба за пастелни бои или полиестер. Значи, задржете го својот идентитет. Едноставно направете некои мали ревизии на Вашиот стил, колку да се приспособите  на промената на Вашето тело.

 

Следете ги овие 10 модни совети за да изгледате модерно во текот на бременоста:

 

1. Избегнувајте ги сите синтетички материјали, тие имаат поголема веројатност да предизвикаат алергии.

2. Одлучете се за меки, природни материјали како што се лен, свила, памук и волна. Најидеални би биле хипоалергиските материјали, како на пример органскиот памук.

3. Изберете широка облека што не се стеснува околу стомакот и нозете, кои се поделикатни како резултат на бременоста.

4. Купете еден добар пар фармерки, панталони и здолниште, кои ќе можете да ги носите во текот на целата бременост.

5. Купувајте во  големите продавници кои имаат мали труднички линии по поволни цени. Можете да ја дополните својата гардероба со парчиња облека кои се прилагодуваат на Вашето тело без премногу да се потрошите.

6. Купете два труднички градници (ако планирате да доите, осигурајте се дека немаат жица за поддршка на градите). Многу е битно да им дадете на Вашите гради добра потпора. Ако имате големи гради, спијте со градник за да си обезбедите заштита на ткивото кое е особено кревко за време на бременоста. Во зима, купете специјални труднички хулахопки.

7. Купете неколку добри, удобни и безвременски парчиња облека кои ќе можете да ги носите додека сте бремена, но и потоа.
 
8. Ако сте накачиле малку повеќе тежина од таа која што сте ја очекувале, позајмете неколку кошули од Вашиот партнер. Носете ги малку раскопчани за обичен, секси и удобен изглед што оди совршено со фармерки. 

9. Првите три месеци Вашето стомаче нема многу да се познава, па за да избегнете индискретни погледи и прашања носете широки блузи, но не оние кои имаат ластик директно под градите. Спротивно на јавното мислење, тие го потенцираат дури и најмалото стомаче.

10. Во зависност од Вашиот стил, од 4-5 месеци па натаму ќе можете да носите облека што се движи по линијата на Вашето тело (се додека не е претесна) за да се потенцира Вашата женска фигура. Трапезоидните блузи би Ви дале пропорција.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

6 совети за убавина за време на бременоста
За време на бременоста, телото претрпува многу промени. Ова секогаш влијае на кожата, што бара промена на вашите дневни ...
3
Стрии и телесна тежина: Каква е поврзаноста?
Стриите не се само „женска тема“, не се срам и не се нешто што мора да се крие. Тие се кожа што зборува, за раст, промен...
3
Што се’ ќе се случува на Fashion & Lifesty...
Датумот [22-23 март] и местото [Македонска опера и балет] за третото издание на Fashion & Lifestyle Expo се веќе познати...
3
Вистината за слабеењето
Сакате да ослабите? Помалку јадете и килограмите ќе се стопат, покажува најновото истражување.
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali denot go zapocnuvate so utrinsko kafence?

Da (50%)

Ne (0%)

Ponekogas (50%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!