|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Колку е Facebook значаен во нашите животи?

Барбара, Редакција Рингераја, 13.3.2012
Видување на уредникот

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Би лага и помина!

Facebook не се затвора, ми падна камен од срце.

 

Вчера интернетот беше преплавен со информацијата дека апокалипсата на Facebook е на 15.03.2012 година.

И лани не препалија, не им е ова прв пат.

Имаат ли тие обзир за нашето кревко срце, кога е во прашање Facebook? Знаат ли дека може и сонцето да престане да свети, на Земјата да завладее тотален мрак, вода да нема, леб и бели печива, ама Facebook мора да го има - или има да не нема!

Рингераја вчера забележа фрапантна аналитика, по објавувањето на спорниот текст за крајот на Facebook. Овој текст е отворен неверојатни 24,765 пати. Досега, во овие три години, не се случила толкава заинтересираност за еден текст во еден ден.

Само за споредба, текстот "Најчести симптоми на бременоста", еден од првите текстови на Рингераја, стар колку и неа е отворен 34,719 пати. Во три години!

Текстот "Растење на плодот по недели", стар колку и нашата драга Рингераја е отворен 26,963 пати, во три години.

Ашколсун!

 

Facebook ни е поважен од бременоста, забременувањето, кашичките, пелените, зелените каки, породилните маки и сексот. Нашата Редакција може да се труди и да остане трудна од напор, од составување на квалитетни статии, од следење на потребите на корисниците, од чувството за нивните проблеми...а некои други, со една лага, никому драга, можат да котираат највисоко на скалата наречена рејтинг.

Рејтинг во што? Во новинарски патки? Во жолт печат и шунд?

Може ли една мала, малечка Рингераја да дојде до израз во земјата на патките, шундот и жолтиот печат? Може ли со квалитет, точност и издржаност на статиите да котира високо на анализата на Google?

Не драги мои, тешко дека ќе и се може.....

 

 

Но ако. Ако. Пополека - подалеку, велеше покојниот ми татко.

Рингераја и понатаму ќе Ве известува точно, квалитетно и проверено. И понатаму ќе ги следи Вашите желби, потреби, грижи. Ќе продолжи да пишува за движењето на бебето во стомачето, за зелените каки, за породилните маки. Понекогаш ќе Ве почести со некој трач, со некоја смешна слика, или забавно видео, колку малку да Ве развесели и да живне, да мрдне малку погоре на скалата на Google.

 

Во тој контекст, официјална потврда од CNN - Facebook ќе постои!

Ухххххх, вечерва ќе спијам мирно....

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како жената правилно да се грижи за својат...
Ние не се сомневаме дека вие сте жена која редовно ја одржува интимната хигиена. Во прилог се неколку постапки кои треба...
3
Зошто е бразилската депилација опасна?
За илјадници жени ширум светот, депилацијата во подрачјето на препоните, па и подлабоко, е дел од редовната нега на тело...
3
Природни трикови за мазна и природна коса
Дали сакате мазна и уредна коса, или пак да и дадете природен изглед на косата, но без да ја изложувате на високи темпер...
3
Избор на капут според фигурата
Во студените денови бараме спас во топлата прегратка на капутот. Освен дека треба да е модерно и од добар материјал, ка...
3




Анкета

Kakvi placinki obozavate?
Jana9

Kakvi palkacinki obozavate?

Samo so krem (0%)

Krem,slag,bana (43%)

Med i orevi (14%)

Krem,lesnici,banana,slag (14%)

Ovosna (0%)

Solena (29%)


Број на сите гласови: 7

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!