namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Рингераја: И годинава ја заокружуваш со уште еден успешно завршен проект. Неодамна излезе од печат третата книга со хуманитарен карактер.
Какво е чувството кога ги држиш во раце трите книги? И воопшто, што твоето име стaна синоним за хуманитарност?
Софија: Чувството е прекрасно. Токму денес, размислував за сите три книги, за тоа колку труд се вложи во нив, колку позитивна енергија и љубов содржи секоја испишана страница, јас едноставно сум горда на самата себе пред сe, што го создадов овој прекрасен хуманитарен проект со книга, но и горда и среќна што рамо до рамо со мене застанаа моите драги колеги и колешки по перото и ја поддржаа оваа хумана приказна. Јас сум среќна и благодарна на Бога што овој хуманитарен проект со книга ТВОРИ-ЧИТАЈ-БИДИ ХУМАН ми помогна да ги исполнам моите две најголеми желби: првата желба е да помагам онаму каде најмногу треба помош. А втората желба е, да ја промовирам поезијата како литературен вид, да ги поттикнувам читателите, пред с? младите да читаат поезија, да учествуваат на литературни конкурси, да се охрабрат да пишуваат и секако, да бидат хумани.
Рингераја: Покрај примарната цел - собирање средства за оние на кои им се најпотребни, преку овие проекти ги обединуваш авторите од земјава. Каков беше интересот кај истите овојпат?
Софија: Па, со оглед на тоа што за оваа книга беше наведено да се јават на повикот од 30 до 35 автори, а се јавија точно 30, јас сум презадоволна. Со секоја книга, критериумите се различни, како во однос на темата за пишување, така и во однос на бројот на автори, возраста и слично. Но, она што мене лично многу ме радува е тоа што секогаш има автори од различни делови на Македонија, па дури се јавуваат и наши автори кои живеат во странство и тоа е убавината на овој проект, меѓу другото, бидејќи сите автори заедно комуницираме, се дружиме, споделуваме идеи и мислења итн.
Рингераја: Цената на книгата е 250 денари и со купување на истата, читателите директно донираат средства наменети за едукативниот центар „Сумнал" од Скопје. Како дојде до таа одлука?
Софија: Ова е мал хуманитарен проект и јас сакам да помогнам секаде по малку. Па така, со секоја хуманитарна книга, донирањето се врши на различни места. Она што е секогаш исто, тоа е дека одбирам организации кои работат со деца или возрасни каде таргет групи им се социјално загрозени семејства, пред с? самохрани родители и деца.
Рингераја: Каде може да се набави книгата?
Софија: Книгата може да се купи лично од мене, сите заинтересирани може да ме контактираат на мојата официјална фејсбук страница Поезија на Софија во порака или пак, да им пишат на авторите кои се застапени во истата. Книгата, како што и самите кажавте, чини 250 денари и ја испраќам преку карго.
Рингераја: Досега имавте промоција на првата хуманитарна книга ,,Снежни стихови " во Валандово, во Културниот дом ,,25 Мај", за втората книга немавте промоција, но дали за ,,Песочен часовник" е планирано такво нешто?
Софија: Мојата желба, како и желбата на самите автори да се видиме и лично, ( иако со дел од нив веќе се запознав), е голема. И јас би сакала за оваа книга да има промоција или пак, поетски настан. С? уште е рано да зборувам за било што, имам многу убави идеи кои ги имам запишано на хартија и се надевам дека ќе станат реалност. Во секој случај, доколку има настан, јавно ќе биде објавено на мојата страница за с? и сите ќе бидете навремено информирани.
Благодарност до Софија за издвоеното време.
забава Бремените
Автор: bobik
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат ил...
Зголемен ризик од бубрежни камења во лето – еве зошто!
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладувањ...
Летото е време за авантури, патувања и романтични моменти крај плажа. ...
Сакате бебе? Еве колку често треба да водите љубов!
Кога ќе одлучите дека сте подготвени за бебе, едно од првите прашања ш...
Здравјето на мажите по 40-тата година
Навлегувајќи во четвртата деценија од животот, мажите почнуваат да се ...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?