|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

За нас жените кои уринираме со отворена врата

Jovana K, 11.10.2016
Го мерам времето со моето бебе по чувствата, по насмевките, по прегратките, по нишкањето, зборувањето, скокоткањето, играњето, преповивањето, по бањањето, по галењето. Го мерам времето според својата присутност, по тоа колку сум се дала...
Клучни зборови:

image
/11


 

Тргнав накај куќата на моите родители да пишувам текстови. Го облеков фустанот кој веќе неколку денови виси на закачалката во бањата. Не го пеглам иако е поприлично истуткан и има трага од закачалка на грбот. Додека го облекувам, ги гледам своите гради со нееднаква големина. Левата доминира и како голема планина фрла сенка на десната, која изгледа поприлично мртво. Моментално за мене и за нив во Србија, а и пошироко, не постои адекватен брусхалтер. Идеален би бил со лева корпа број 85 и десна број 70.

Тргнав со велосипедот. Ненаспиените очи ја губеа битката со сонцето. Додека возам ми се чини дека спијам. Вртам јас и се помрднувам од место, но како да не сум тоа јас на велосипедот. Како да е тоа нечие туѓо тело, туѓи раце, туѓи нозе. Само срцето е мое.

Во продавницата купувам нескафе, за да си помогнам себеси. На излезот гледам дрвена гајба со убави круши. Си помислувам како би било добро да и направам кашичка за ужинка. Таа сака круши.

Во станот ме дочекува тато. Влегувам бела како вар, тој ме поздравува црн како јаглен. Тато е водоинсталатер. Често копа надвор да види каде има пукната цевка.

Го затекнувам седнат на трпезариската маса. Со прекрстени нозе јаде геврек и печена пиперка. Со длабока воздишка ми соопштува дека малку ќе прилегне. Го кажа тоа на начин како да е тоа некоја казна, како некој да го тера со сила. Јас го гледам и замислувам дека сум на неговото место. Да легнам откако ќе се најадам, да шалтам по каналите и да потонам во сон.  А кога ќе се разбудам, тромаво да отидам до шпоретот, да ставам ѓезве со вода на ринглата и да чекам да се свари кафето. А потоа да го пијам бавно, како да е некој еликсир на животот.

Одеднаш почнав да забележувам луѓе кои се одмараат, кои се испеглани, кои со часови седат во кафуле, кои се сончаат од утро до мрак на плажа, кои се разбудуваат природно и лежат кога не знаат што да прават со себе.

Луѓе кои го имаат сето време на светот само за себе.

Забележувам жени кои одат бавно, кои не брзаат никаде. Жени со високи потпетици. Забележувам се она што некогаш сум била, како некогаш и сама сум живеела.

Се она што беше пред неа.

Сега сум мајка на деветмесечно бебе. Многумина би рекле сосема доволно време за да влезеш во шема, добро да се организираш, да се испеглаш, да подремеш, да се исфенираш и да искулираш.

Да, поминаа девет месеци. За некого можеби брзо, за некого бавно, но јас не го мерам времето така. Не на прсти, не со броење на часови или денови, не со гледање во календар, туку по чувствата. Го мерам времето со моето бебе по чувствата, по насмевките, по прегратките, по нишкањето, зборувањето, скокоткањето, играњето, преповивањето, по бањањето, по галењето. Го мерам времето според својата присутност, по тоа колку сум се дала, по тоа колку моето бебе е среќно.

Тоа што не сум одморена, исфенирана, насмеана, со лак на ноктите, испеглана, сита, безгрижна, со средена куќа, испран веш, зготвен ручек, испиено кафе, празен мијалник, не го сметам за своја неспособност, туку за своја огромна присутност во животот на моето бебе.

Што направи таа за мене во ова време?

Можеби ненаспиена жена со нееднакви гради. Жена која не се сеќава кога последен пат прочитала книга. Или гледала филм. Или излегла во град. Или жена која се тушира брзо или бриче уште побрзо. Која уринира со отворена врата и вика: “Доаѓа мама.” Жена која спие со отворени очи, која се почесто се расправа со сопругот, која е ранлива, театрална, збунета. Жена која гледа во скоцканите луѓе и понекогаш им завидува.

Но сето тоа е толку неважно наспроти она што го направи со мојата душа. Како да ја реанимира. И беа потребни само девет месеци за од мене да направи жена, која конечно знае за што живее.

И заради што е тука каде што е.

"Идиличниот" живот на мајката на п...
Илустраторката и мајка на две деца, Line Severinsen од Норвешка, направи серија на пресмешни илустрации на ситуации во к...
4
Кога е време за логопед?
“Моето дете не зборува” “Сеуште не изговара Р, а има 3 години” “Почна да пелтечи” “Моето дете погрешно чита” Помош?
3
Развод (прв дел)
Разводот е стресна ситуација за родителите и децата подеднакво.
3
Зошто родителите немаат авторитет?
Ние, родителите, сме личности на кои авторитетот му припаѓа по природата на нештата и за тоа не ни е потребна согласност...
3


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Со кого?
Jana9

Со кого одите на шопинг?

Со мајка ми (0%)

Со сестра ми/брат ми (0%)

Со другарки (0%)

Со дечко (0%)

Со сопруг (100%)

Сама (0%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!