|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Подготовки за првиот училишен ден

Редакција Рингераја, 31.8.2011
Првиот училишен ден е возбудлив момент не само за првачињата, туку и за нивните родители.

image
/11


 

Првиот училишен ден е возбудлив момент не само за првачињата, туку и за нивните родители. Возбудата околу овој ден е последица на позитивни и не толку позитивни мисли и чувства. Големиот чекор кој го прави Вашето дете, чекорот со кој почнува да го бара и гради своето место во општеството е неверојатно искуство за секоја мајка и татко. Несомнено, со овие силни чувства, секогаш оди и чувството на загриженост. Училиштето е место каде што детето нема да биде под постојан надзор на возрасен чевек и ако детето не е психички подготвено за оваа промена, може да го доведе до стрес и конфузија.

 

Како да го подготвиме психички детето за првиот училишен ден

Најдобра подготовка е детето да посетува предучилишна група, која се наоѓа во училиштата. Така ќе се надмине границата на безгрижниот живот, исполнет со игри, со училишните обврски, пишувањето на домашни и почитувањето на одредена дисциплина.

 

Не ги покажувајте Вашите стравови

Секој родител се плаши не само како ќе се снајде детето во новата средина, туку и како ќе биде прифатено од неговите соученици. Кога родителите покажуваат страв, истиот го впиваат и нивните деца. На овој начин тие исто така се загрижени за овој ден, наместо да се радуваат, а тоа доведува до повлекување на детето, па дури и недостаток на комуникација со соучениците. Така детето паѓа во изолација.

 

Како да го натераме детето да се радува на првиот училишен ден?

Подготовките за првиот училишен ден треба да бидат радосен момент за детето. Тоа ќе се случи ако постојано разговарате со Вашето прваче, ако му зборувате убаво за тоа што му претстои и дека се гордеете со него затоа што порасна. Психолозите тврдат дека кога детето чувствува радост заради првиот училишен ден, тоа ќе се одрази и на неговите идни, позитивни успеси во училиште.

 

Заборавете ги финансиските грижи

Едно прваче, или воопшто еден ученик, исклучително го оптоварува семејниот буџет, Сепак, обидете се овие материјални грижи да не ги пласирате пред детето, бидејќи тоа треба да го смета првиот училишен ден како радосен момент, а не како товар или тежина на родителите. Ви препорачуваме да не го користиме изразот “Немаме пари” , или “Не  можиме да си дозволиме” кога на детето ќе му се допадне нешто, туку да му објасните дека тоа нешто во моментот не му е потребно.

 

Двајцата родители  на првиот училишен ден

Многу е позитивно кога и двајцата родители ќе го придружуваат детето на првиот училишен ден. Ова ќе помогне за поттикнување на неговата самодоверба. Не ги испраќајте бабите во придружба на детето во овој важен ден, бидејќи секогаш ќе жалите што не сте биле на овој ден со Вашето дете.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Тодор Гечевски: Се радувам на секој збор н...
За еден родител најтешко е ако не може да му помогне на своето дете, вели ко­шар­кар­ска­та ѕвезда Тодор Гечевски, кој в...
6
KidzOmegaTM
KidzOMEGA е одличен извор на OMEGA 3 масни киселини EPA I DHA, со прекрасен вкус на портокал во кој ќе уживаат децата. ...
2
Алергија на мобилен телефон?
Американските експерти откриле дека долгото држење на мобилните телефони може да предизвика алергиска реакција на никел.
2
Нова епизода на „Кој кого расте“
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водител е Зорица Црношија вонедела на 07.04.2013 во 10.20 ...
2




Анкета

kakvi zeni sakas
daniel



crni (59%)

plavi (9%)

smegi (32%)


Број на сите гласови: 22

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!