|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Изгледаат толку мали и немоќни, а веќе дојде момент за прв пат да го пречекорат училишниот праг

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Да, тоа се Вашите мали дечиња, кои како очите ги пазевте толку време, а сега треба да се разделите од нив и да ги испратите на училиште.

Сигурно од возбуда Ви се насолзуваат очите и сеуште неможете да увидите дали се од радост и гордост, или од страв и загриженост. Во тој момент секој родител се прашува:”Дали ќе се навикне?”, ”Дали ќе му биде тешко без мене?”, ”Дали ќе успее лесно да се прилагоди?”

 

Прелиминарна подготовка

Се прашувате ли, откако сте обземени од спротивставени емоции, како ли се чувствува Вашето дете? Вие сте неговата потпора и треба да го натерате да се чувствува заштитено и сакано, особено во овој важен, за него и за Вас, момент.

Како за почеток добро е детето претходно да го разгледа училиштето каде што ќе учи. Ако постои можност, би било многу добро ако го запознаете и со неговата учителка, па на првиот училишен ден нема да се соочи со потполно непознат човек.

Тоа се двата најважни чекори, со кои ќе му помогнете на детето да се успокои. Ако детално му раскажувате за училиштето, ќе добие првична слика за она што го очекува, а за едно дете тоа е многу важно.

 

Заедно по училишен прибор

Соодветна можност за да му раскажете на детето за училиштето е да одите заедно во книжарница и да ги купите сите неопходни работи за малиот ученик. Оставете го сам да избере ранец, а притоа само вклучете се со практичен совет. Облеката и обувките, исто така, оставете да си ги одбере само – сепак тоа ќе ги носи и треба да му се допаѓаат. Со купувањето на различните училишни помагала: пенкала, моливи, боички, линијари, блокчиња на цртање, детето ќе добие подобра претстава за активностите на училиште.

Добро е да му се објасни и елементарното однесување: да не зборува кога не му е даден збор, да не ја нарушува дисциплината на час, да слуша кога зборува учителката, да се однесува како добро воспитано дете. Тоа се работи за кои е добро да разговарате со детето, внимателно.

 

Мамо, се чувствувам напуштено!

Некои деца може да се почувствуваат напуштени од своите родители, но брзо ќе им стане јасно дека и покрај тоа што ги оставате, подоцна ќе се вратите по нив. Објаснете му на детето дека не сте го оставиле, туку сте го испратиле да учи и да се забавува со своите врсници. Добро е, на почетокот, да го носите и земате детето на училиште, додека не го научи патот. Бидете сигурни дека детето ги знае наизуст своето име и презиме и името на мајката и таткото, точната адреса и домашниот телефон, па ако се изгуби, лесно ќе му се помогне.

 

Собата на детето

Пред почетокот на учебната година добро е да ја преуредите собата на детето. Ако е прваче, потребни се позначителни промени – биро, стол и орман за книгите. Постепено менувајте ја собата на детето, изнесувајте некои играчки, а внесувајте предмети кои ќе му бидат неопходни за во училиште. Ќе направите грешка ако од неговата соба изнесете многу од омилените играчки. Можеби порасна во ученик, но уште долго ќе биде дете, па дури и да не игра со играчките, тие ќе имаат важна емотивна вредност за него, уште долго време.

 

Дојде и големиот ден!

Во пресрет на првиот ден на училиште, обезбедете му на детето мирна атмосфера, не покажувајте дека сте под притисок и дека сте загрижени за тоа како ќе помине утрешниот ден.

Направете го првиот училишен ден најголем празник за Вашето дете, особено ако е прваче. Во овој ден треба да се чувствува посебно, затоа опсипете го со внимание. Покажете му дека се гордеете со него, дека е возрасен човек и ученик. Завршете ги подготовките ден порано и поминете го целиот ден забавувајќи се со него.

Првиот училиштен ден е искуство кое се памти цел живот. Подарете му на вашето дете неверојатни емоции, кои ќе го топлат додека порасне.

 

Рингераја им посакува среќно поаѓање во училиште на сите првачиња!

 

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Буцкасто дете – идеал на родителите
Мајките на буцкастите деца често мислат дека нивните деца имаат здрава и нормална телесна тежина, додека мајките на деца...
4
Навикнување на нокшир
Кои се чекорите за навикнување на нокшир? (англиско видео)
3
Кога ќе пораснам ќе бидам...
Уште како мали мечтаеме за тоа што ќе бидеме кога ќе пораснеме. На некои ќе им се исполни желбата, на некои не, но од ти...
3
Како да препознаете дисхармоничен развој к...
Со навршени 2 години пред родителите се појавуваат многу прашања кои многу често си ги поставуваат за растењето и психом...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali vie kako roditeli treba da placete pred vaset_o dete?

Da (33%)

Ne (67%)


Број на сите гласови: 6

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!