|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Кога ќе пораснам ќе бидам...

Редакција Рингераја, 11.8.2011
Уште како мали мечтаеме за тоа што ќе бидеме кога ќе пораснеме. На некои ќе им се исполни желбата, на некои не, но од тие детски интересирања може многу да се научи.

image
/11


 

 

Психолозите кажуваат дека кај децата се раѓа интерес за идната професија околу четвртата – петтата година, но сепак е тоа индивидуално. На таа возраст децата почнуваат да играат разни улоги.

Сигурно сте виделе прекрасни девојчиња како невешто одат во чевли и штикли имитирајќи ја својата мајка, или божем готват ручек. Колку има момчиња на кои столчето им служи како возило, или со пластичен чекан поправаат нешто во домот.  Улогата на мајката и таткото е прва со која децата се идентификуваат, а потоа следат професии кои им се познати. Тоа се повторно оние со кои се занимаваат нивните родители.

 

Виртуелни професии

Девојчињата најчесто сакаат да бидат учителки, воспитачи, пејачки, јавни личности, стјуардеси, фризерки или продавачки, а момчињата одбираат да бидат сообраќајци, лекари или градежници... За жал, во последно време, децата се почесто се поистоветуваат со ликовите од сериите или реалните шоуа, кои ги гледаат дома. Тоа не се квалитетни содржини за деца, па родителите би требало да обрнат внимание кога ќе гледаат нешто што им е интересно ним. А на децата би требало да им понудат некои едукативни содржини. Децата исто така се поистоветуваат со јунаците од цртаните филмови, кои најчесто не се оние добри Дизниеви ликови, или со ликови од видео игри – во кои има агресивност и насилство. Тоа покажува дека поминуваат долго време покрај малите екрани и пред компјутерите. Затоа е потребно родителите да поминуваат повеќе време во заеднички активности со децата.

 

Променливи примери

Улогата на мајка, татко, продавачка од самопослуга...се омилени ликови на децата од целиот свет и тоа не се менува со години. Се менуваат интересирањата, во смисла на доминантни играчки кои се нудат на пазарот, како и актуелни содржини по медиумите. Личностите со кои децата се идентификуваат се исто така променлива категорија.

- Во еден период е актуелна една естрадна ѕвезда. Повеќето девојчиња ја имитираа и сакаа да бидат како неа. Сега работите се изменија бидејќи никој не може да доминира предолго на сцената. Нормално е и детето периодично да ги менува своите интересирања. Тоа е случај кај поинтелигентните деца, бидејќи се радознали и сакаат се да испробаат. Забележавме, што е добро, дека малите деца се повеќе се идентификуваат со успешните спортисти – ги копираат, купуваат одредени спортски реквизити. Во деведесеттите години на минатиот век, децата во градинките неретко изигрувале криминалци, што никако не смее да се случи, но тоа е последица на тоа време,  а децата само пренесувале тоа што се говорело во нивниот дом. Би требало ние, како родители, да водиме сметка децата да се поистоветуваат со позитивни примери.

 

Малите деца во различни улоги

Играта на различни улоги е важна за децата заради идентификација на женски односно машки пол. Низ сите тие игри децата учат, ги проучуваат ситуациите, го избираат она што им е важно, го отфрлаат она што не им годи, го потврдуваат она што го знаат – и така се стекнуваат со самодоверба. Понекогаш повторувањето на одредени активности им дава сигурност дека нешто можат и дека нешто знаат. Пожелно е девојчињата да се испробаат и во машки игри,  а момчињата во женски, бидејќи така можат да се стекнат со искуство во различни ситуации.

Децата кои престојуваат во претшколски установи, многу ги сакаат игрите со улоги, бидејќи се тие повеќе застапени во градинките. Во таканаречените катчиња на кујна, фрижидер, библиотека, сообраќај, градежништво, театар...децата секојдневно имаат некоја улога. Децата самостојно се организираат и за кратко малата фризерка веќе прави фризура, готвачката подготвува храна, а во театарското катче веќе почнала претставата... Детскиот избор треба да им биде знак на родителите и воспитувачите за тоа што го интересира детето, што му е важно, кои игри најчесто ги одбира, што гледа на телевизија, како се развива, со кого се дружи.

 

Неопходна поддршка од возрасните

Има деца кои веќе на возраст од четири-пет години изразуваат желба да се занимаваат со некаков спорт, или да свират на некој инструмент. Но се случува откако ќе започнат со тоа да побараат нешто друго. Психолозите советуваат родителите да се вооружат со трпение и максимално да го поддржат детето во неговиот избор. Бидејќи и тоа е дел од растењето, а детето со тек на време ќе одлучи што најмногу му одговара.

- Често родителите грешат кога му кажуваат на детето:”Немој да фантазираш” или “Не зборувај глупости”, додека детето ја рецитира песничката која тукушто ја напишало. Тоа треба да се поттикне бидејќи никогаш не се знае – можеби во Вашето дете лежи иден писател, композитор...

Наспроти тоа постојат родители кои премногу ги форсираат своите деца, така што ги запишуваат на разни курсеви и тренинзи. Мотивите за тоа им се различни: неисполнети желби на родителите, страв дека детето ќе најде некаков негативен предизвик, социјализација и дружење со други деца или препорака на лекар.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Ќерката на Бијонсе веќе прави музичка кариера
Штотуку родената ќерка на Бијонсе и Џеј Зи, малата Blue Ivy Carter нема ни една недела откако се роди, но веќе прави муз...
4
Кога немаат интернет, децата се тажни!
Половина деца, помали од 12 години изјавуваат дека би биле тажни кога би немале интернет, а секое петто дете кажува дека...
3
МЕНСА препорачува: пуштете ги децата да ск...
Др. Ранко Рајовиќ, член на Управниот одбор на MENSA International препорачува: пуштете ги децата да се вртат додека им е...
3
Не можам да ти купам, немам пари
Честа ситуација кај родителите е да ја сокриваат беспарицата, односно да не признаваат зошто на децата не можат да им к...
3




Анкета

Тежина за време на бременоста.
пеперутка16

Дали се здебеливте за време на породувањето? Колку?