|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Ранко Рајовиќ: Родителите се најважни учители

Редакција Рингераја, 26.10.2016
Зборувајте со вашето бебе како да ве разбира се'. Искористете ја секоја прилика да му објасните на бебето што се случува околу вас, во паркот, во станот, или на прошетка... Иако не знае да зборува, тоа е стимулативно за развојот на мозокот

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Гласот на родителите не може да го замени програма на ТВ. Можете, освен со говор, да се разбирате  со очи, со движења на рацете, телото, прстите и главата, бидејќи секој начин на комуникација е стимулативен за развој на мозокот на детето.

 

Луѓето се живи суштества создадени за движење и напредок. Тоа посебно е важно за децата во развој и за нив движењето е една од најважните активности, бидејќи движењето го потпомага развојот на мозокот. Така родителите мора да знаат дека одењето е важно, а трчањето е уште поважно за вкупниот развој на способностите на детето. Детето располага со огромна енергија која му е биолошки дадена за движење кое позитивно влијае на развој на важните структури на мозокот. Со движењето (одење, скокање, превртување, трчање, тркалање...) се создаваат нови нервни патишта и детето се подготвува за живот и создава основа за правилен развој на когнитивни функции.

 

Не треба ниту да им олеснуваме кога ќе наидат на препрека. Детето кое лази и сака да ја фати топката, но има мала препрека пред себе, почнува да плаче. Секогаш е подобро детето да се охрабри да ја совлада препреката, отколку да му се расчисти патот или да му се донесе топката.

Да се штитат децата е пожелно, но да се презаштитуваат е штетно. Мудроста на родителството е да се најде границата. Детето кое проодува паѓа, но немојте да го спречите да падне така што нема да го пуштате да оди по улица или по бетонско игралиште. Водете го во шума, на плажа, во парк на снег...таму може да падне, а да не се повреди.

Понекогаш мама мисли дека игрите на тато со детето се бесмислени, понекогаш и опасни, но и тие игри можат да го помогнат развојот на детето. Пуштете го тато да си игра со детето, само во паркот, но не на компјутер. Татковците мора да знаат дека поминати три часа на компјутер се десетина илјади движења помалку, а детскиот мозок се развива во движење.

Учењето е игра...Детето најдобро ќе научи кога не мисли на учењето, туку кога учењето е дел од играта. Кога детето ќе наиде на проблем во играта, чувствува среќа кога ќе го реши проблемот.

Репродуктивното учење за мозокот скоро и не постои. На детето во училиште не смее да му биде досадно, бидејќи тогаш нема да научи. Методите на настава мора да бидат интересни, стимулативни, неочекувани и понекогаш духовити и нелогични. Учителите кои можат да организираат таква настава се извор на среќа и знаење на децата.

Доволно слобода да можат да истражуваат, да поврзуваат и да размислуваат, да добиваат нови идеи, до знаењата да доаѓаат сами и така да ја развијат својата креативност.

Детето знае дека тревата не расте високо до сонцето, но ако така нацрта, оставете го – тревата нека биде порасната до сонцето на неговиот цртеж. Детето со помош на фантазијата отвора нов свет, ужива и се препушта на таквата игра. Поврзува работи кои немаат многу смисла, но децата всушност со такви игри стимулираат важни центри во мозокот, кои се значајни за развој на креативноста.

Учителите отсекогаш биле важни личности во животот на детето, посебен авторитет и поткрепа. Научете  ги децата да ги почитуваат родителите, тако што и вие самите ќе ги почитувате, послушате, поддржувате. Учителите биле и мора да бидат авторитет бидејќи заедно со родителите прават рамки каде детето безбедно се движи, истражува и учи.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Совети за среќен живот
Еве некои совети како да им помогнете на своите деца да живеат посреќно во денешниот свет, исполнет со брзање, напнатост...
17
Забавни игри и активности
Родителството понекогаш бара пауза. Но добрата вест е дека можете да ги забавувате вашите деца додека одмарате! Овде се ...
3
Децата мора да седат во скутот на Дедо Мраз?!
Ние не сме против децата да седат во скутот на Дедо Мраз или да добијат прегратка од него, ние сме против децата да бида...
3
Каков татко таков син
Креативни татковци со своите синови. Инспирација за многу заеднички активности!
3




Анкета

Dali
AnMari

Dali nekoj mnogu ve razocharal, a potoa sto mu prostile?

Da (67%)

Ne (33%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!