Дишењето е нешто што сите го правиме автоматски, без да размислуваме. Но, за време на бременоста и породувањето, начинот на кој дишеме може да има големо влијание врз нашето тело, ум и емоции, но и да помогне при целата бременост и породувањето.
Дишење-бременост и породување
Вежбите за дишење не се само техника за релаксација, туку вистински алат кој помага при болка, стрес и создавање на врска со бебето.
Зошто се важни вежбите за дишење во бременоста?
- Го намалуваат стресот и анксиозноста. Правилното дишење ја активира парасимпатичката нервна состојба и носи смиреност.
- Подобра оксигенација. Мајката и бебето добиваат повеќе кислород.
- Намалување на болките во грбот и затегнатоста. Правилното дишење ја релаксира мускулатурата.
- Подготовка за породување, учење техники кои ќе помогнат во справување со контракциите.
Вежби за дишење во бременоста
1. Длабоко абдоминално дишење
- Седнете или легнете удобно.
- Ставете една рака на градите, другата на стомакот.
- Вдишете длабоко низ нос, така што стомакот, а не градите ќе се подигне.
- Полека издишете низ уста.
Оваа техника ја намалува напнатоста и ја подобрува циркулацијата.
2. 4-7-8 техника
- Вдишете на нос броејќи до 4.
- Задржете го здивот до 7.
- Издишете полека на уста до 8.
Одлична е пред спиење или во моменти на вознемиреност.
3. Релаксациско дишење
- Дишете ритмично и бавно.
- При секое издишување, замислувајте како телото се опушта и „топи“ од тензија.
Корисно за време на првите контракции.
Вежби за дишење за време на породување
1. Дишење за време на контракции
- Кога започнува контракцијата, земете длабок здив и издишете за смирување.
- Продолжете со плитко, ритмичко дишење како нежно „испуштање на воздух“.
Ова помага да се избегне задржување на здивот и го намалува стресот.
2. Плитко брзо дишење при интензивни контракции
- Вдишувајте и издишувајте брзо, плитко и лесно, како кученце кое дише.
Оваа техника спречува напнување пред време и помага кога болките стануваат интензивни.
3. Дишење за време на туркање (втора фаза на породување)
- Земете длабок здив кога ќе дојде контракција.
- Задржете го здивот и туркајте надолу како при празнење на дебело црево.
- Издишете и повторете ако контракцијата трае.
Правилното дишење овде помага да се координира туркањето со телото, а истовремено го штити перинеумот.
Совети за подобро вежбање
- Вежбајте дишење секојдневно, дури и по неколку минути.
- Комбинирајте ги вежбите со лесни вежби за истегнување.
- Вклучете го и партнерот. Тој може да ве потсетува и да ве води за време на породувањето.
- Користете музика или медитација за да ја засилите релаксацијата.
Вежбите за дишење се најприродниот начин да се справите со промените во бременоста и со предизвиците на породувањето. Тие не ја елиминираат болката, но ја прават поподнослива, ја зголемуваат самодовербата и создаваат чувство на контрола. Со малку пракса, дишењето може да стане вашиот најмоќен сојузник на патот кон мајчинството.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Прв знак на бременост или само циклус?
Кога се обидувате да забремените, секој грч или капка крв може да изгледа загрижувачки, но тоа може да биде добар знак!
3
Најдобри вежби за полесно породување
Породувањето е еден од најинтензивните моменти во животот на секоја жена. Иако не можеме целосно да го предвидиме негови...
3
Вртоглавица и несвестица во бременоста
Ниското ниво на шеќер во крвта, нискиот крвен притисок, пребрзото станување или високата собна температура можат да допр...
3
Тестот за бременост му го спаси животот
Еден маж одлучи да го испроба тестот за бременост, кој во неговиот стан го заборавила бившата девојка. Резултатот бил шо...
3