|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Анксиозност поврзана со хормони: што помага?

Редакција Рингераја, 8.2.2026
Хормоналните промени можат значително да влијаат врз расположението, мислите и нивото на анксиозност.

image
Фото:Canva/Редовни оброци богати со магнезиум, омега-3 и протеини помагаат во стабилизирање на нервниот систем и нивото на шеќер во крвта.
/11


ПМС, бременост, постпартален период, перименопауза или проблеми со тироидната жлезда се состојби можат да донесат внатрешна напнатост. Добрата вест е дека постојат природни начини кои можат да помогнат во стабилизирање на телото и умот.

 

1. Балансирана исхрана за хормонална поддршка

Ниското ниво на шеќер во крвта може да ја влоши анксиозноста.

Фокусирајте се на конскумација на: сложени јаглехидрати (овес, интегрален ориз), здрави масти (авокадо, семиња, маслиново масло) и протеини (јајца, мешунки, риба).

Магнезиумот и витамините од Б групата се исто така особено важни за нервниот систем.

 

2. Редовно, но нежно движење

Физичката активност го намалува кортизолот и ја зголемува продукцијата на серотонин.

Најдобар избор е да се занимавате со: пешачење, јога, истегнување и пилатес.

Дури и 20 минути дневно од некоја од наведените активности прават разлика.

 

3. Дишење и нервен систем

Кога телото е во „бори се или бегај“ режим, анксиозноста расте.

Пробајте: дијафрагмално дишење, бавно издишување подолго од вдишувањето и техники како 4/6 или 4/7/8 дишење. Ова директно го смирува нервниот систем.

 

4. Сонот како терапија

Недостатокот на сон ја влошува хормоналната нестабилност.

Легнувајте секогаш во исто време и избегнувајте гледање во екран пред спиење.

Со еден збор создадете вечерна рутина за добар и квалитетен сон бидејќи тој е основа за емоционална рамнотежа.

 

5. Поддршка од природата

Престојот на свеж воздух, сончевата светлина која испорачува витамин Д и едноиставен контакт со природа имаат директен смирувачки ефект.

 

6. Билни помагала, но со консумација со претпазливост

Некои билки како камилица, лаванда маточина може да помогнат, но не се за секого.

Ако сте бремени, доите или земате некаква терапија задолжително консултирај се со лекар.

 

7. Поставување граници и намалување на стресот

Хормоналната анксиозност често се влошува кога преземаме премногу обврски и одговорности, а ги игнорираме сопствените потреби.

Учењето да кажете „доволно е“ е форма на самогрижа.

 

Кога да побарате стручна помош?

Ако анксиозноста е постојана и е придружена со панични напади, тоа може да влијае врз секојдневието

Разговор со лекар или психотерапевт е важен чекор.

 

Анксиозноста поврзана со хормоните не е слабост, туку сигнал дека телото бара поддршка. Со нежни, природни промени и разбирање кон себе, можно е значително олеснување и подобра рамнотежа.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Ќе родам момче или девојче?
Не можете да дочекате да дознаете дали носите момче или девојче? Можеби ќе Ви делува чудно, но може да се забавувате дод...
9
Избегнувајте ги овие 2 пијалаци
Нашето тело е прецизен хормонски механизам. Секојдневните избори кои ги правиме, од храната, до она што го пиеме, директ...
3
Рецепти за чај од ѓумбир за бремени жени
Ѓумбирот е познат по своите бројни здравствени придобивки, а особено кај бремените жени кои се соочуваат со утринска мач...
3
Со лакирани нокти на породување?!
Постои научна причина зад барањето за отстранување на лакот за нокти пред да влезете во породилната сала, особено ако им...
3




Анкета

Кој ги чува вашите деца?
Jana9

Кој ги чува вашите деца кој неодат во градинка или пак во школо?

Мама (50%)

Тато (10%)

Баба (30%)

Дедо (0%)

Жена кој ја плаќаме (5%)

Некој друг (5%)


Број на сите гласови: 20

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!