Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Сите знаеме дека на лагата и се кратки нозете и дека кармата функционира по принципот “Се' се враќа, се' се плаќа”, но понекогаш едноставно одењето на работа, или извршувањето на некоја работа звучи полошо од бесилка. Признајте колку пати сте дошле во искушение наутро да го повикате својот шеф, да лажете колку што сте долги и широки, само да не морате да одите на работа? Веруваме дека многумина го направиле тоа.
На Ваша совест ставаме дали ќе лажете или не, на надредените и колегите на работа. Ако веќе сте се одлучиле на таков чекор, ние сме тука да Ви помогнеме да смислите уверлива лага. Имено, не можете баш секој пат да имате висока температура и да одите на погреб кај роднини и пријатели.
Понекогаш наједноставната лага звучи најуверливо, затоа немојте да комплицирате, но исто така бидете подготвени да одговорите на дополнителни прашања кои ќе Ви бидат поставени за време на телефонскиот разговор, или кога ќе се вратите на работа. И немојте ни случајно по еден месец да не се сеќавате на лагата која ја смисливте и да бидете фатени.
Лага број 1
Бевте на пат за на работа кога соседот Ви јави дека пукнала цевка и дека Вашата визба е поплавена. Мора да се вратите дома – ВЕДНАШ!
Лага број 2
Знаете дека Вашиот шеф е љубител на животни, искористете го тоа. На Вашето милениче му се случила несреќа и мораше да оди на брза интервенција кај ветеринар.
Лага број 3
Имате лажно труење со храна! Сите го доживеале и може секому да се случи.
Лага број 4
Стигнавте на работа и упс...добивте лажен пролив. Никој нема да Ве гњави ако заради тоа одите дома, бидејќи на сите ќе им биде незгодно да Ви постават прашање.
Лага број 5
Ви се расипа колата и чекате служба за влечење.
Лага број 6
Вашата братучеда доби породилни болки, а Вие сте единствената личност која може навреме да ја однесе на болница. Внимавајте, кога ќе се вратите на работа ќе мора да имате разработено цела приказна, а можеби и фотографии од новороденчето.
Лага број 7
Забот ужасно Ве боли и морате итно на заболекар. Добро е што ниеден шеф нема да Ви рече да ја отворите устата за да провери.
Лага број 8
Ако е Вашиот надреден маж, вадете се на женски проблеми. Не грижете се, нема да Ви поставува непотребни прашања.
Лага број 9
Ве викнаа на суд како сведок, а законот мора да се почитува. Внимавајте, шефот може да Ви побара покана за сведок.
Лага број 10
Добивте воспаление на мочниот меур и завршивте на итна помош. Тоа што е добро е што може само еден ден да имате симптоми.
Лага број 11
Ги заклучивте клучевите од колата в кола и го чекате клучарот да дојде.
Лага број 12
Близок член на семејството имаше сообраќајна несреќа. Брзате во болница за да проверите колку се сериозни повредите.
Лага број 13
Вашата септичка јама се затна и поплави. Никој нема да го доведе во прашање Вашето доаѓање на работа.
Лага број 14
Ве касна пчела и завршивте на итна помош заради алергиска реакција. Се уште ништо не гледате пред себе и не можете да зборувате.
Лага број 15
Имате мигрена и не можете да станете од кревет. Сите барем еднаш во животот имале силна главоболка и се знае дека тогаш не можите да работите.
Па среќно! :)
забава Бремените
Автор: bobik
Педикирот не е само естетска навика, туку и важен дел од хигиената и з...
Биди најдобриот пријател на себеси
Колку често им кажуваме убави зборови на другите, а колку ретко си ги ...
Тонус на мускулите кај бебињата
Тонусот на мускулите е еден од првите показатели за здрав развој на бе...
Најефективни вежби за топење на мастите на стомакот
Стомакот е дел од телото од кој најчесто не сме задоволни и ја буди на...
Зошто бебињата плачат веднаш по раѓањето?
Плачот е првата „порака“ што новороденчето му ја испраќа на светот. За...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?