Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.
ВАШИОТ момент на породување!
Детали
Ник: tnade
Датум на породување: 25.02.2011 год.
Тип на породување: природно
Болница: Во Чаир
По три и пол години исчекување, заврши периодот на плачење кога ќе ми дојдеше гостинката. Еден убав сончев, јунски ден се договорив со една пријателка вечерта да одиме да трчаме. Кога му кажав на маж ми, тој ми се насмевна и ми рече, кажи и на другарка ти дека нема да трчаш со неа, не е време за трчање. Нормално јас се налутив и што се не му изнакажав, а тој само се смешкаше и ми рече ке ти кажам на 15-ти. Е зошто на 15-ти-го прашувам? Кога дојде датумот за одговор јас љубопитна го прашувам, а тој ми вика за некој ден ке ти каже чичкото (мислеше на гинекологот). Следното утро отидов да купам леб и бидејќи веке ми доцнеше гостинката, си купив тест, следното утро си ги видов двете црвени цртички, кои ми го сменија животот за 360 степени.
Следуваа девет месеци со галење на малото суштество кое растеше во мешето на мама. Терминот ми беше 14.02.2011. Редовно одев на контроли кај матичниот гинеколог се до 21.02 кога целиот испаничен рече дека мора да одам во болница да видат што се случува. Истиот ден (понеделник) бев примена на патологија во Чаир. Во вторникот ми ставија стрес-тест на кој не реагирав, во средата добив провокација, со која исто така ништо не постигнавме, штрумфетка не сака да чуе за надвор, па тоа ти е. Во четвртокот околу 15 часот маж ми донесе вагиналета Простин, ми ја аплицираа и некаде околу 21 почнаа болките. Во 1 часот по полноќ ме симнаа во родилна сала, бев поставена на ЦТГ до 3, (таму ми пукна водењакот), и на бокс лежев од 3 до 6 25, кога конечно штрумфетка се накани да излезе. Беше високо поставена, малку видов мака ама кога ми ја покажаа заборавив на сите болки. Сега се е во ред, се гушкаме со штрумфетка и татичко и многу ни е весело.
Инаку нашата мала штрумфетка се вика Теодора, се роди 3010 гр, 48 цм.
Рингераја и посакува среќно детство на Теодора !
Топ 10 породилни приказни
nadica: Мојата породилна приказна
Anushka: Мојата породилна приказна
Тања: Мојата породилна приказна
kikicka: Мојата породилна приказна
cecka: Мојата породилна приказна
ananikol: Мојата породилна приказна
AnnaMolly: Мојата породилна приказна
мичо: Мојата породилна приказна
Ели: Мојата породилна приказна
Palce: Мојата породилна приказна
Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?
Прочитајте како во статијата Породилни приказни.
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Може ли да се користи повторно тест за бременост?
Тестовите за бременост се едни од најчесто користените домашни медицин...
Грчеви и мигрена во бременост: како да ги спречите?
Бременоста носи многу промени во телото на жената. Покрај радоста и ис...
Приватна градинка, што треба да знаете?
За многу родители уписот на детето во приватна градинка е важна одлука...
Како да преживеете во минијатурен стан?
Животот во мал стан може да биде предизвик, особено ако просторот треб...
Зошто децата се најнемирни токму покрај мајката?
Многу мајки се соочуваат со истиот проблем детето е мирно во градинка,...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?