Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.
ВАШИОТ момент на породување!
Голема благодарност до Маја, ник Надица, која реши да го пробие ледот и прва да ја раскаже својата приказна од породувањето.
Детали
Ник: Надица
Датум на породување: 27 Август, 2008 година
Тип на породување: Природно
Породување во болница: во Кавадарци
Читајќи ги вашите патешествија се сетив и на моето и решив да го споделам со вас. Терминот ми беше на 16.08.2008 година. Неколку дена пред тоа заедно со семејството си дојде и девер ми од Велика Британија, со цел да ја пречекаат принцезата. Арно ама на мојата принцеза не и се излегуваше на време, добро и било кај мама, па ги испративме гостите на 25 Август и продолживме да ја чекаме да реши да излезе.
Во меѓувреме добивав мали кратки лажни контракции. Утрото на 26 немаше каде и отидовме пак на контрола. ЦТГ правев секој ден откако ми помина терминот. Докторот кога ќе ме видеше уште од врата прашуваше “Болки има?”, а јас пак истиот одговор “НЕ” . Ме виде на ехо, правевме ЦТГ и рече дека може уште некој ден да одам, ама свекрва ми, (инаку акушерка) вика “Аман докторе, уште колку” и докторот рече “Ајде да видам дали е бистра плодовата вода”, па со тоа ми го пукна и водењакот. Останав во болница, ми дадоа една подготвителна инјекција за провокации. Следниот ден во 5 часот утрото требаше да ми вклучат систем со синтацинон за да ги забрзаат болките, но јас веќе во 22 часот вечерта добив добри болки и почна добро да напредува отворањето. На мојот маж му се јавував за време на паузи и не му кажав дека имам болки, а некаде околу полноќ му кажав дека ми се спие. Тогаш отприлика почна породувањето, ми ставија клизма и болките стануваа се почести и подолготрајни во 3.30 прв пат се качив на боксот но бев отворена само 4-5 прсти и ме вратија уште малку во кревет. во 4.30 повторно се качив на боксот и со правилно дишење без многу врева во 5,45 го родив моето сонце кое од што играше фудбал во стомакот успеало да ја замота папочната врвца околу врат. Откако го средија ми го дадоа во раце и мислам дека оттогаш сум најсреќна жена на цел свет . Многу беше болно, имав и добра епизиотомија, од неколку cm, бидејќи Надица се роди 4300гр, а мислеа дека е околу 3500-3700 гр. Кога во 5,45 h му се јавив на мојот маж да му честитам ќерка, ја побара докторката да чуе од неа, мислеше дека го зезам.
Се’ се заборава, болките, непријатностите, кога краен производ е најслаткото бебе кое некогаш сте го виделе (нели за секоја мајка нејзиното е најубаво).
Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето? Прочитајте како во статијата Породилни приказни. |
забава Бремените
Автор: bobik
Првата играчка не е само обичен предмет. Таа е првиот мост кон светот ...
Како да ги заштитите коските за време на бременост?
За време на бременоста, телото на жената прави неверојатни прилагодува...
Митови и вистини спиење со бебето во ист кревет
Што треба да знаете пред да ја донесете оваа одлука, со срце, но и со ...
Фризерскиот салон како оаза за бремени жени – еве зошто
Мирисот на шампон, звукот на фенот и тишината на мислите. Понекогаш, т...
Нега на кожата кај новороденчиња
Кожата на новороденчињата е неверојатно нежна, чувствителна и подложна...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: