|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Болки – знак дека треба да го сослушате своето тело

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Болката е непријатно чувство и една од најчестите симптоми на болест. Преку неа нашето тело не предупредува дека нешто не е во ред со него.

image
/11


Денес е тешко да се одвојат обврските на работа, обврските во домот и слободното време. Секојдневното брзање го исцрпува нашето тело. Како последица се јавуваат главоболки, проблеми со срцето, слабост и слично. Болката е непријатно чувство и една од најчестите симптоми на болест. Преку нив нашето тело не предупредува дека нешто не е во ред со него. Болката, сепак е и корисна и многу важна за преживување.  

Кога болките траат кратко време, ги нарекуваме акутни. Тие краткотрајни болки имаат своја биолошка смисла, затоа што не предупредуваат на некое штетно делување во телото или неговата непосредна околина и имаат заштитен ефект. Кога болките траат подолго време, иако вистинска причина не постои, ги нарекуваме хронични.Тогаш ја губат својата првобитна смисла, често се појавуваат и знаци на депресија, што состојбата уште повеќе ја влошува. Се развива хроничен синдром на одредена болест.


Сите болки, без разлика дали се работи за акутни или хронични, треба да се лекуваат. Има се повеќе докази дека болките кои не ги лечиме или ги лечиме недоволно, му штетат на нашиот организам. Постојат многу начини на лечење - грубо може да ги поделиме на лечење со лекови и лечење без лекови. Без лекови, болките ги лечиме со различни масажи, облози, хипнози, акупунктура...
 
Кои се сигурни и ефикасни средства за ублажување на болки кои можеме да ги добиеме без рецепт од доктор?

Лекови за ублажување на болки (аналгетици) кои ни се достапни во аптеките без рецепт од доктор, најчесто содржат една од наведените состојки - парацетамол, ибупрофен, ацетилсалицилна киселина, напроксен или комбинација од повеќето од тие состојки во помали количини.

Paracetamol (npr. Paracetamol (Galenika), Lekadol (LEK), Panadol (GlaxoSmithKline)) е најверојатно најчесто употребуван лек за ублажување на благи и средно јаки болки и за смалување на телесната температура. Може да го употребуваат и деца, и возрасни. Механизмот на делување на парацетамолот се разликува од механизмот на делување на другите лекови за ублажување на болки - има помал број на пропратни појави, не ја оштетува слузокожата на желудникот...

Во аптеките можеме без рецепт да добиеме и таблети за ублажување на болки кои без додаток на течности и без жвакање во устата брзо се топат, а имаат пријатен овошен вкус.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Трудници, внимавајте на температурата на в...
Колку долго може една бремена жена да плива во море? Дали водата во базенот е погодна за бремена жена? Што е со термални...
4
Често мокрење во бременоста
Честото мокрење е еден од најчестите симптоми на бременоста и може да започне уште од првите недели, па да продолжи или ...
4
7 знаци дека ќе се породите за 24-48 часа
Ако сте за прв пат мама, веројатно постојано ви се чини дека ги препознавате раните знаци на породување. Навистина се ра...
4
Бледа линија на тестот за бременост
Користењето на домашен тест за бременост е многу едноставно. Две линии значат дека сте бремена, една дека не сте. Но што...
3




Анкета

Одвикнување од пелени.
пеперутка16

Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?