Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.
ВАШИОТ момент на породување!
Детали:
Ник: Anna Molly
Датум на породување: 13.06.2010
Тип на породување: Царски рез
Болница: Чаир
Многу ми е мило за овој потег на Рингераја! Да ги споделиме нашите искуства, да ја поделиме радоста.
Мене термин ми беше на 29.06.2010, но се породив на 13.06.2010 година
Уште од самиот старт на бременоста, бебето беше поставено карлично. Докторот ми рече да чекам до 28. недела ќе се свртело. Чекај, чекај... ништо. Отидов на контрола, пак карлично. А Филип многу малку ми мрдаше во стомак. Докторот рече дека најверојатно нема да се заврти и дека ќе мора да се пораѓам со царски рез. Јас малку се разочарав, затоа што бев подготвена да си се породам природно, без епидурална анестезија и слично. И чекав, но на Филип му беше изгледа убаво така седнат да си биде во стомачето и не му се вртеше. Докторот кој требаше да ме породи требаше да оди на одмор од 16.06 и да се врати дури во Јули. На 13 Јули, кога отидов на контрола, ми рече ако сакам да ме задржи и да ме породи. Според моите пресметки и пресметките на матичниот бев во 37. недела, но докторот што ме породи рече дека бебето одговара за 40. недела. Јас имав направено крвна слика и се’ беше нормално, па одлучив да останам.
Ме примија околу 11 часот, без болки. Почнаа да ме спремаат за пораѓање околу 13 часот. Ме однесоа во сала и ме спремија, ми ставија целосна анестезија. Но анестезиологот не можел да ме интубира и ме разбудија, па ми ставија спинална анестезија. Си бев свесна цело време, ама поминав многу лесно и убаво. Анестезиологот беше многу откачен и цело време ме смееше и ме занимаваше. Во 14:40 часот се роди моето сонце Филип, тежок 3190 грама и долг 50 сантиметри. Веднаш ми дадоа да го видам, а јас бев пресреќна.
После операцијата очекував големи болки, но за чудо воопшто не ме болеше. Ми дадоа аналгин инекција против болки само првата ноќ, и тоа не на мое барање, за да можам поубаво да спијам. Следниот ден станав од кревет и чувствував само мал притисок кај резот, но не страшна болка. После тоа многу често станував и се шетав по ходник за побрзо да закрепнам. Сега по речиси 6 недели немам никакви проблеми со раната и јас и Филип сме супер и уживаме еден со друг!
Моето породилно патешествие помина со невидена леснотија и не осетив никаква болка.
Но и да имаше болка, се’ ќе издржев за моето сонце!
Рингераја му посакува среќно детство на Филип!
Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?
Прочитајте како во статијата Породилни приказни.
12
10
5
4
забава Бремените
Автор: bobik
Прв преглед по позитивен тест за бременост
Двете цртички на тестот носат огромна радост, но и многу прашања. Кога...
Ултразвук во бременоста, што треба да знае трудницата?
Од првата мала слика на екранот до деталниот преглед на развојот на бе...
Најдобри вежби за болки во грбот во бременоста
Болката во грбот е една од честите непријатности во бременоста. Како ш...
Затнат нос и тешко дишење навечер во бременоста
Кога легнувате, наместо да се опуштите, чувствувате дека носот ви се з...
Најтешки симптоми во првиот триместар
Првите недели од бременоста можат да бидат исполнети со возбуда, но и ...