|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Подготовка за доаѓање на бебето дома

Редакција Рингераја, 4.8.2021
Секоја идна мајка во бременоста се прашува што треба да подготви за доаѓањето на новиот член во семејството.

image
/11


Секоја идна мајка во бременоста се прашува што треба да подготви за пристигнувањето на новиот член во семејството.

Многу е убаво да одиш наоколу по продавниците и да разгледуваш како облека за бебето, колички, играчки, козметика и слично. Но изборот е толку голем што поголемиот број на идни мајки се во дилема дали тоа што го гледаат за бебето е воопшто потребно? И цените се разбира се такви какви што се, а во станот нема ни простор колку што би било потребно. Треба да се мисли и на тоа дека многу работи за раѓањето на бебето ќе ви подарат или позајмат роднини и/или пријатели. Обично комбинизони за бебето има премногу, затоа што бебето ги „пораснува“ пред воопшто да ги облече.

Затоа за вас, идните родители, спремивме список на работи кои треба да ги набавите пред доаѓање на бебето:

На мајката и треба градник и навлаки/газички за гради кои спречуваат течење на млекото, но мора да се внимава на точната величина за да не ја стега. Потребни и се и хигиенски влошки.

Од опрема за бебето ќе ви треба шкафче со кадичка или перница, корпа/кошничка или креветче со душек како и цела опрема за него, иако често се случува бебето да заврши во вашиот кревет. Секако дека не смеете да заборавите количка со корпа во лежечка положба или комбинирано (на пр. длабок и спортски дел, на кој може да се намести мобилно седиште за автомобил, кое истовремено може да послужи и како столче за лулање и хранење, како и корпа за носење).

Ќе ви требаат и неколку шишенца и цуцли, четка за чистење на шишенцата и прибор за стерилизација (може да се набави стерилизатор или да се користи стариот рецепт на нашите мајки – топла вода). Ако нема проблем со доењето, шишенцата не ви се потребни веднаш. Истото важи и за адаптираното млеко. Немојте да заборавите на чај за бебе кое ќе ви одговара и на вас. Останатите работи може (по потреба) подоцна да ги набави среќниот татко.

Што се однесува на гардеробата за бебе, добро е да имате 6 маици кои се врзуваат со врвки на грбот или на рамената, неколку комплетчиња, хулахопки, капчиња, чорапчиња како и се разбира комплет за заминување од породилиште - маица, панталончиња, капче, чорапчиња, џемперче. Постелнината и целата гардероба нека биде од природни материјали.

Што се однесува на пелени и слични работи, ќе ви треба следново:
20 тетра пелени, околу 6 крпчиња односно пелени за перење, 30 влакнести крпчиња за перење, вата, 50 парчиња стерилна газа (5х5 см). За нега на бебето ви треба детски сапун, крема и/или пудра за газето, Bepanthen крема за воспалени брадавици или бебиното газе, физиолошка течност за миење на папокот и чистење на носето, термометар, детски ножички за нокти, четка за коса, аспиратор за нос. За излегување надвор од куќата ќе ви требаат марамчиња за нега на газето, хартиени марамчиња, пелени. Не купувајте премногу пелени за новороденчето (број 1), затоа што бебето брзо ќе ги порасне.

Ве советуваме да не претерувате со купување, затоа што многу работи можете да ги позајмите, а некои од наведените можеби воопшто нема да ви требаат. А најверојатно вашата мајка и тетки се сеуште преполни со резервни (ваши) опреми, гардероба, пелени. Со малку планирање и организирање можете значително да ги намалите трошоците за бебето.

Па, многу радост со новиот член на семејството!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Крварење во второто и третото тромесечје о...
Прочитајте кои се најчестите причини поради кои во второто и третото тромесечје доаѓа до крварење
7
Пратеничката Маринела Тушева стана мајка!
Вчера се породи пратеничката на СДСМ, Маринела Тушева. Таа доби здраво машко детенце, тешко 3.630 грама. ЧЕСТИТКИ!
5
Зошто бебињата икаат во стомакот?
Како се чувствува икањето на фетусот, и дали бебето ика премногу или премалку? Имаме информации за сите тие прашања и мн...
4
Зошто добивам тежина толку брзо за време н...
Леле! На вагата можете да видите колку брзо ова бебе расте во вашиот стомак. Да ја разгледаме оваа често контроверзна те...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?