namesp во 10:11
Стефанија Ангелова Митева: Мојата породилна приказна
Редакција Рингераја, 31.1.2021Ангел беше мојата втора бременост. Бременост која ја поминав само со молење на Господ да биде жив и здрав, а мама се ќе издржи.. Пред Ангел имав друго ангелче кое не дочека да дојде на овој свет. Тоа беше нешто најлошо што ми се случило дотогаш. Кога дознав дека сум бремена (првата бременост) бев пресреќна, едвај дочекав да завршам со работа (направив 2 теста на работа бидејќи не можев да чекам до дома ) и да одам дома да го израдувам сопругот. Тогаш од еднаш ни се смени светот нешто најубаво за да трае само неполни две недели. За недела дена бев на гинеколог ми потврди дека имам мало човече во мене. Бев прееесреќна.
Два дена од како дознав дека сум бремена неочекувано ми се појави крв . Во тој момент не мислев на ништо освен да ми овозможи Господ да биде живо и здраво моето бебе. Но за жал не успеа да се избори.. Доживеав спонтан абортус кој не распарчи мене и сопругот. Да, може беше едно мало гравче во стомакот, но сепак беше дел од нас.
За 3 месеца точно на мојот роденден правев тест и беше позитивен.
Додека ги дував свеќите на тортата си замислив желба и побарав од Господ да ми даде живо и здраво бебче. И ДААА имам преубаво синче кое го сакам повеќе од самата себе.
Бременоста со мојот Ангел помина и не така добро, но издржав машки (така ми велеа) . Во текот на бременоста бев во постојан стрес и често доживував тахикардија.
Дојде и пандемијата со корона. Бев ограничена со дружби со пријатели, ретко кога излегувавме со сопругот да прошетаме. Во 5-тиот месец од бременоста дознав дека ми се имат формирано вакуоли на плацентата и дека имаат не баш добра прогноза. Требаше да бидам повеќе во мирувачка положба да сум далеку од стрес и нервоза, но никако не успеваше ни едното ни другото . До крајот на бременоста постојано правев контроли на покачените д-димери кои за среќа се качуваа секој пат се повеќе, а најмасовно покачување имаше пред да се породам ,кога веќе и не беа толку од важност.
Терминот за породување ми беше 10 август, но поради ситуацијата во која се наоѓав (постојан стрес) си мислев дека многу порано ќе дојде мојот Ангел.
Се породив на 15-ти август. Од инает не сакаше да излезе .
Два дена после минат термин бев во болница, овде кај нас во Штип за правење на ЦТГ и поради состојбава со корона вирусот мерење на температура пред да влезиш на одделение. И топломерот покажа дека имам температура дури 37.2 и ми рекоа дека сум суспектна на корона. Од толку што бев изолирана, од секој од сешто јас имав температура... Бидејќи ми покажа на ЦТГ дека имам постојани контракции и 2 прста отворена директно ме пратија за Скопје (со амбулантно возило секако) персоналот кој дојде со мене облечени во скафандери, маски, визири... Шок.. Кога стасав во Скопје на Гак веднаш ме тестираа со брз тест за корона вирус и за 40 мин. се покажа дека сум негативна. Супер, се израдував дека ќе си одам за Штип дека нема потреба да се пораѓам во Скопје. Но, за жал не ме пуштија бидејќи веќе бев отворена и рекоа дека мора да ме задржаат, доколку сакам да си одам требаше да потпишам согласност дека што и да се случи по патот е на моја кривица.. Останав во Скопје, сопругот си отиде. Сабајлето бев отворена веќе 3 прста и имав постојани болки. Ми дадоа прстен провокација од кој што добив ненормални родилни болки ми пукна водењакот, но никако да се отворам.. Два дена седев со родилни болки и само 4 прста отворена. Третиот ден ме земаа во предродилна сала ми вклучија венска провокација и ми рекоа повеќе да шетам за мое добро за да биде побрзо. И да јас не се откажав постојано шетав со болки правев склекови и само си велев ајде веќе излегувај. Во точно 11 часот дојде мојот Ангел. Тоа беше најубавиот момент во мојот живот. Тој беше ангел мал, невин, преубав..
Ангел сега има 5 месеци и е едно палаво бебуле кое што ми значи најмногу во мојот живот.
Уживам во секој момент доживеан со него и тек ќе уживам во понатамошниот живот
Ви благодарам многу што одвоивте време за да ја прочитате мојата статија. Ви посакувам на сите убави и незаборавни моменти со вашите најмили и користете го времето што е можно повеќе со нив затоа што животот е еден и многу вреден.
Поздрав
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
...Твојата мудрост е безгранична. Оној, кој Ти го љубиш, Ти неповреден ќе го сочуваш преку твојот ангел од секакви напад...

Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...

Сигурно многу од вас се запрашале како порано жените правеле тест за бременост? Многумина од вас сигурно сметаат дека то...

Дали сум бремена? Кога да направам тест за бременост? Кој тест за бременост е најточен?
