|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

cecka: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 6.9.2010
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/51


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: cecka

Датум на породување: 24.06.2009 година

Тип на породување: со царски рез

Болница: ГАК

 

Морав да ви ја раскажам мојата  приказна бидејќи благодарност до проф. Адамова јас го доживеав најубавото чувство - мајка. Темата е моето породување, но јас би сакала да ви раскажам и дел од бременоста. Јас останав бремена по пат на ИВФ  кое што го правев во Ремедика. Денот кога установивме дека сум бремена видовме дека се зачнати сите три ембриони и оттука почнаа проблемите. Докторот кој што ми направи ИВФ ми рече дека шансите да ги износам до крај сите три се мали затоа што јас сум ситна и требаше да се одлучиме дали едниот ембрион ќе го уништат. Постоеше ризик да ги повлече сите ембриони,па така одлучивме да ги носам сите, па како е Господ никој не е. Се беше добро, иако лежев постојано до 21. недела, кога добив некои  силни болки во пределот на јајниците. Кога отидовме да направиме ЦТГ тест за рано откривање на контракции на матката, испадна дека сум отворена два прста и дека имам породилни болки. Веднаш ме упатија на болничко сместување во Државна болница. Кога ме примија не ми препишаа никаква терапија, туку ме оставија така и сестрите ми рекоа дека кај мене нема терапија. Бев  скршена од тага, но тогаш се сетив на Проф. Адамова и ја замолив да ме види. За помалку од 5 мин. таа веќе беше кај мене во собата. Веднаш ми дадоа се што требаше и болките веќе до вечерта ги немаше. За два дена ме направија серклаж и ме пуштија дома, бев пресреќна, повторно имав желба за живот да се борам за моите ангели што ги носам во себе. Терминот за пораѓање ми беше на 20.07.2009 година но кај мене се знаеше дека неможам да го чекам тој термин. Кога влегов во 31. недела ме задржаа во ГАК  за да бидеме сигурни дека ако почнат болките да може одма да се интервенира. Деновите си минеа а јас веќе допрев и до 36. недела кога го дефиниравме денот за царски рез, среда. Можам да кажам дека вечерта не ни можев да заспијам се плашев од тоа како се ќе помине и додека моите мисли лутаа дојде сестрата и ми рече дека е време да ме качи  во сала. Бев престрашена, кога влегов во салата мојот поглед ја бараше професорката и тогаш таа се појави како и секогаш ведра и насмеана. Поради тоа што примав Клексан не можеше да биде со спинална мораше со целосна анестезија, но прво требаше да се извади серклажот. Тоа беше страшна болка, потоа почна постапката на успивањето. Кога се освестував во сала прво што прашав беше како ми се децата,  а одговорот беше прво освести се па ќе дојде докторката и ќе ти  каже. Ме пренесоа на интензивна и дојде професорката ми кажа дека децата ми се во одлична состојба, дека се во инкубатор под општ кислород и дека ќе бидат само неколку дена. Бев пресреќна, бев мајка  на три деца. Утредента на визита ми кажаа дека едното детенце имало криза и дека е на апарат. Стоев по цел ден пред ОИН и чекав да ми кажат нешто убаво, но ништо. Другиот ден ме повикаа во ОИН и ми кажаа дека детето имало уште една криза и дека не се знаело дали ќе преживее. Не можев да се помирам со тоа што ми го кажаа,  како може дете оценето со апгар 8-9 да доживее таква криза и со родилна тежина 2.090. Не можев ни да замислам дека ќе се случи најлошото но за жал се случи, никогаш нема да го прежалам моето синче. Единственото нешто што ми дава сила и што ме тера да продолжам се мојот син и мојата ќерка кои што сега имаат 13 месеци.

 

Рингераја им посакува среќно детство на дечињата на cecka !

 

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Особено е важен за жените кои очекуваат бебе. Магнез...
5
9 засрамувачки симптоми на бременоста
Еве неколку од нормалните симптоми на бременоста кои ги засрамуваат трудниците:
5
Бремена и гола - на насловна страна
По Синди Крафорд, Деми Мур, Моника Белучи и други познати дами кои позираа бремени и голи за насловните страни на светск...
5
Шакира: Бремена, ПРЕУБАВА и хумана!
Шакира и таткото на нејзините деца Пике, организираа забава пред доаѓањето на свет на нивното второ дете, со хуманитарна...
5




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?