|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Тежината на мајчината љубов...

Annie Reneau, 20.4.2015
Таа љубов, о Боже таа љубов. Понекогаш е многу силна, нели? Љубовта ја влече по себе и загриженоста, па одат заедно. Љубовта со себе ги влече и фрустрациите. Ја влече и исцрпеноста. Но љубовта е инсталирана во тебе мамичке...

image
/11


 

Здраво мамичке.

Ти можеби не ме познаваш, но јас те знам. Сум

била во твоите чевли, сум го носела твоето бебе во транспортер, сум го управувала твојот автомобил натоварен со колички, играчки, пелени, облека и расфрлани бонбони. Сум спиела во вашиот кревет и сум се разбудувала по неколку пати во ноќта како медицинска сестра, кога го смируваш бебето, кога ги бркаш лошите соништа...

Сум била во рајот и пеколот на твојата љубов.

Таа љубов, о Боже таа љубов. Понекогаш е многу силна, нели? Љубовта ја влече по себе и загриженоста, па одат заедно. Љубовта со себе ги влече и фрустрациите. Ја влече и исцрпеноста. Но љубовта е инсталирана во тебе мамичке. Тешка е, сеопфатна, прекрасна и застрашувачка. Превкусна е, животозначна, благословена во мајчиниот блажен свет.

Мајчината љубов не е лесна, ниту на почетокот, ниту во средината, нити пак на крајот. Никогаш. Таа е огромно богатство, гради натоварени со скапоцени камења, вредна од мерата надвор. Не е лесна за носење. Не можете да чувствувате љубов без таа да има одредена тежина. Тие две работи се неразделни.

Но овие први години од мајчинството ќе те направат силна. Силата која сега ќе ја стекнеш, ќе ти помогне да поминеш преку предели кои не си можела нити да ги сонуваш. Таа љубов е силна и тешка, но верувај ми кога ти велам дека ќе ја ставиш на своите рамена и ќе ја носиш преку планини. Ќе пливаш низ разбранети мориња со љубовта врзана на срцето. Ќе те повлече да отидеш на места за кои не знаеш дека постоеле.  Места кои го одземаат здивот, магични места, застрашувачки места.

Знам дека понекогаш е тешко. Можеби во поголем процент е тешко, отколку лесно.  Но знам дека е неописливо прекрасно цело време. И ти ветувам дека во текот на целото мајчинство ќе биде така. Успони и падови. Светлина и темнина.  Радост и тага. Пловење по мирно море и бесни бури.  И секогаш, секогаш носејќи ја таа љубов.  Таа тешка но прекрасна таписерија исполнета со убавина, радост и нежен трепет.  Таа нема никогаш да стане полесна, но ти ќе станеш посилна, ветувам.

А радоста, фала му на Бога за радоста. Радоста е најубавата родителска алатка, ако знаете правилно да ја употребувате. Зграпчете го секој радосен момент и држете го се додека не се впие во вашата душа. Нема да чувствувате радост во секој момент од мајчинството, затоа фокусирајте се на радосните моменти. Тие се тркала, кои ќе помогнат да ја носите вашата љубов полесно.

И мамичке, те молам најди други мајки кои носат љубов исто толку тешка колку твојата. Зборувајте за тоа чувство, за убавите нешта кои ги носите во вашите души и срца и за товарот кој го носите. Убаво е да се стават убавината и тежината на вага. Не е лесно, но можеме да си помогнеме едни на други, преку споделување на своите радости, преку потсетување за сопствената сила со зборовите: “Да сестро, знам, тоа е тешко.”

Во деновите кога вашата љубов ќе се лизга надолу по падината, другите мајки можат да ги понудат своите раце, за да ти помогнат повторно да ја искачиш љубовта на врвот од планината. Ние сме си потребни едни на други, мамички. Сите ние.

Имам толку големи чувства кога се потсетувам на првите денови од мајчинството.  Тие слатки малечки бебиња се толку природни, нивната иднина неограничена и непозната, а љубовта кон нив преполна со зачудување и грижи. Понекогаш се уште ја чувствувам таква и покрај многуте години искуство како мајка. Но таа љубов ме направи посилна. И се уште ме прави силна секој ден.

 

И тебе ќе те направи силна, ветувам.

Држи се и продолжи мамичке!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Др. Ранко Рајовиќ: Родители, разбудете се
Интервју со Др. Ранко Рајовиќ – МЕНСА
4
Да имаш постара сестра е најдобро нешто на...
Кога бевте деца, скришно ти купуваше колачи. Кога малку пораснавте, преку неа се набави и првото пиво и со неа беше поле...
4
Ноќно мокрење во детската возраст
Енуреза е најчест облик на примарно ноќно мокрење кај здрави деца после 5 година. Според податоци од литературата на воз...
4
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?