Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Страв од разделба
Околу првата година од животот многу деца развиваат страв да не бидат одвоени од своите родители. Некои похрабри и будни деца покажуваат таков страв во многу помала мера, други - во изобилство. Разликата се должи не толку на родителските грижи, колку на вродениот темперамент на детето. Кон осумнаесеттиот месец некои деца кои одлично се занимаваат со изучување на светот околу себе, развиваат нова, посилна приврзаност. Тие можат да замислат дека некој ги одвојува од нивните родители и тоа ги плаши. Овој период на силна приврзаност обично поминува кон втората година, понекогаш малку подоцна, кога децата учат дека по разделбата секогаш доаѓа ред на нова средба.
Страшни звуци и глетки
Кога е на една година, вашето дете може да остане фасцинирано од нешто во текот на неколку недели. Запомнете дека тоа учи најдобро, кога ги допира и мириса работите и дека малиот научник има потреба одново и одново да ги повторува своите обиди. Но во тоа време малиот истражувач започнува и да се плаши од некои работи. Можно е да го исплашат чудни предмети - сите деца се плашат од нешто, тоа е природен дел од процесот на развој. Не е тешко да ја откриете причината. Сите ние се плашиме од работите што не ги разбираме. Секогаш успокојувајте го детето не се обидувајте да го убедувате дека нема причина да се плаши: на неговото ниво на разбирање стравот е целосно објасниви реакција. Избегнувајте да му ги покажувате често предметите кои го будат овој страв.
Страв од капење
Меѓу првата и втората година детето може да почне да се плаши од бањата. Измислете начин да го направите ова негово искуство помалку трауматично и да му дадете можност да го прифати. Деца кои се плашат да влезат во кадата, не треба да бидат принудувани.
Сомничавост кон непознати
На оваа возраст природата му сугерира на детето да доживува сомневање и недоверба кон непознати, додека не ги разгледа добро. Многу возрасни не чувствуваат дека треба да остават малото дете смирено да ги гледа. Тоа го отежнува детето да манифестира дружељубивост. Кога детето е доволно голема за да оди, дајте му можност да се среќава со непознати. Земајте го со себе до продавница неколку пати неделно. Водете го на места каде што играат други деца, што е можно почесто. Тоа сепак нема да сака да си игра со нив, но нема да има против да гледа. Ако види како играат другите, ќе биде многу подготвено да се приклучи кон нив, кога дојде време (обично помеѓу втората и третата година).
забава Бремените
Автор: bobik
Водич по возрасти за лажењето кај децата
Сите деца понекогаш лажат и тоа е дел од растењето. ...
Штитната жлезда и женското здравје
Штитната жлезда можеби е мала по големина, сместена во предниот дел на...
Историја и потекло на јаболкото
Јаболкото, скромно, сочно и широко достапно има подлабока историја. Не...
Најдобрите намирници за подобрување на плодноста
Кога зборуваме за плодност, често прво помислуваме на хормони и медици...
Запушениот нос кај бебе може да изгледа како мала непријатност, но за ...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.