|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Смрт на перфекционизмот, слобода за родителите

Редакција Рингераја, 8.7.2019
Завршив со обидите да бидам совршена. Со обидите да бидам најдобра. Со обидите да бидам доволно добра
Клучни зборови:

image
/11


Доволно добра не постои (или јас тоа никогаш не успеав да бидам). Доволно добра е лага, вечно незадоволство за нас, нашите родители и воспитувачи. Не е ни битно зошто е тоа така, важно јас завршив со тоа.

Завршив со чистење на куќата и подготовките за гости.

Завршив со замолчување на децата пред комшиите.

Не се нервирам заради тоа што можам и сакам да го направам и не се плеткам во она на што не можам да влијаам.

Завршив со пресериозните анализи на туѓите мислења и филозофии. Завршив со впивање на секој напис за воспитувањето кој ми излегува во news feed. Повеќе не ме фаќаат емоции, ниту грижа на совест. Сега знам доволно, доволно сум јака и доволна сум самата на себе.

И почетокот на родителството е како почеток на пубертет, кога сме ранливи и несигурни. Туѓите критики или дури и туѓите начини кои се спротивни на нашите, лесно можат да предизвикаат грижа на совест.

Грижата на совест е корисна емоција. Таа ми кажува дека треба да постапуваме подобро, да бидеме подобри. Сите тие блогови за воспитувањето ме научија да разликувам два извори на грижа на совест, кои ги нарекувам интерни и екстерни, поттикнувачки и штетни.

Интерна и поттикнувачка грижа на совест е кога, дури и кога ќе препознаам дека постои место за подобрување на некои мои постапки. Тогаш правам план како да ги спроведам тие подобрувања, да си простам себеси, да се насмеам и мирно да заспијам чекајќи го новиот ден.

Екстерна или штетна грижа на совест е кога сум донесла некоја одлука, а некој кој за мене претставува авторитет – таа постапка ја оспорува.

Од силната грижа на совест, извлеков неколку заклучоци:

Авторитетот не е од Бога даден. Во ред е некои совети да не ми одговараат. За мојот живот и моите деца јас сум авторитет. Јас сум мајка. Кога мајката стана толку несигурна, пасивна, од кога мора да го слуша овој или оној, памет да и соли комшивката или жената на шалтер, или сестрата кај педијатарот. Кога јас бев дете, мајката беше алфа и омега, живот и смрт. И сега на никој небитен не му се правдам, не објаснувам и не се извинувам. Таква сум каква сум.

 

Не морам никому да поднесувам сметки

Сама сум одговорна за моите постапки и мојот начин на живот. И тие одговорности се големи и важни. Баш заради тоа ги прифаќам и одговарам само на својата совест. Секако дека со семејството и пријателите разговарам за тоа како сум донесла некоја одлука и барам нивно мислење, но тоа не го правам за да се правдам и да го стекнам нивното одобрување и прифаќање.

 

Не морам да добијам одобрување од друштвото

Било да е тоа одобрување од моите стари пријателки, или мајки од групата на ФБ. Ако не морам, тогаш не го барам. Се ослободувам од потребата некој да ме прифати таква каква што сум. Битно е самата да се прифатам.

Ништо не морам. Не морам за секој оброк да послужам зеленчук, а за секоја ужина мед и овошје. Не морам да ги изнесам децата надвор. Не морам да зборувам англиски. Не морам. Некои денови, месеци, доволно е само да бидеме тоа што сме, таму каде што сме. да правиме она што ни се прави и она што ни е најдобро во тој момент.

Наздравје!

Децата нека се досадуваат за летниот распу...
Дали ги забавувате вашите деца со часови по танцување, часови по пливање, часови за готвење или тенис лекции за време на...
3
Рецепт за најубави балони од сапуница
Децата обожаваат да си играат со величествените балони од сапуница. Еве неколку рецепти за течност со која се прават нај...
3
Домашна задача за летниот распуст
Една учителка од Калесија им дала на своите ученици задача за летниот распуст
3
Како да купите соодветно седиште за во авт...
На секој родител најважна му е безбедноста на своето дете, па затоа се одлучува да купи седиште за во автомобил. Најваж...
3


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

najubavo zensko ime
piko

Glasajte za najubavo zensko ime

Lana (18%)

Hani (3%)

Dajana (6%)

Dina (10%)

Jana (36%)

Katja (27%)


Број на сите гласови: 126

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!