Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Подгответе се заедно со Вашето дете.
За време на првиот логопедски преглед родителот е интервјуиран, односно, сите потребни анамнестички податоци ги дава родителот.
Проценката и времетраењето на прегледот зависат од возраста и потребите на детето.
Кои прашања да ги очекувате?
Која е причината заради која сте на посета кај логопедот?
Каква била бременоста на мајката, дали таа во текот на бременоста била изложена на некаков ризик, дали примала хронична или акутна терапија, дали била изложена на токсични материи.
Каков бил пораѓајот, дали детето доживеало некоја траума во текот на породувањето, со која APGAR оцена е родено.
Дали во раниот период било често болежливо, примало медикаменти, страдало од чести ушни инфекции.
Дали се соочува со сензорни потешкотии.
Кога се јавиле првите зборови со значење
Кога почувствувале родителите дека нивносто дете има некаков проблем во говорно јазичниот развој.
Каква била стимулацијата на детето, дали било изложено на технологија и странски јазик.
Кога се јавило гугањето.
Кога пролазило и проодело детето и друго.
На самиот преглед, логопедот врши проценка на детето, во зависност од комуникациската потешкотија со која се соочува детето:
Како комуницира детето (изговор, глас, флуентност)
Јазичната експресија (Каков вокабулар користи, граматиката...)
Јазично разбирање
Процена на играта и социјалните комуникациски вештини
Кај повозрасни дечиња, логопедот може да провери и како детето чита и пишува.
Тестирање
За дечиња под 3.5 години
Тестирањето се врши преку игра на под или на маса
Родителот или старателот, може да биде дел од играта
Кај постари дечиња:
Секогаш кога ќе забележите некоја отстапка во говорно – јазичниот развој на детето, побарајте преглед кај логопед. Не чекајте да помине време во надеж дека нештата ќе се поправат сами по себе. Понекогаш навистина се поправаат сами по себе, некогаш е потребна мала стимулација а некогаш е потребна логопедска, можеби и дефектолошка поддршка кај детето. Што точно е потребно за Вашето дете, ќе дознаете со логопедска проценка која ја прави логопед.
Автор:
Follow on Facebook Логопедски кабинет Среќичка
Follow on Instagram Logoped @srekjichkaofficial
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Женското здравје претставува комплексен и важен дел од целокупното здр...
Прифаќање на телото после породување
Породувањето е неверојатен подвиг, но телото на жената доживува значај...
Најчести симптоми по месеци од бременоста
Во бременоста телото на жената доживува бројни промени, а симптомите с...
Како да воспоставите рутина за спиење кај бебе?
Спиењето е клучно за здравиот раст и развој на бебето, но за многу род...
Како да се подготвите за породување? Практични чекори
Подготовката за породување е важен дел од бременоста. Добрата подготве...
Кофеин за време на бременост.
пеперутка16
Дали е здраво да се пие многу кофеин за време на бременост, дали влијае на здравјето на бебето? Колку кафе мислите дека е „дозволено“ да се пие дневно за време на бременост?