Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
“Родителите ќе му купат на бебето оригинал патики. Тоа е ОК, иако бебето нема појма за тоа. Тоа се уште не оди. Патиките чинат можеби 3,000 денари и ќе траат само месец, два.
Своите први оригинал патики ги добив во 3-ти клас гимназија, на 15 години. Беа тегет и беа од некого, па станаа мои. Не ги носев долго, не знам зошто.
Станав мајка и природно го сакам најдоброто за своето бебе.
Што е најдоброто нешто кое можам да и го дадам? Дали се тоа оригинал патики?!
Не се.
Дали онаа најскапа количка е нешто најдобро за неа?
Верувам дека не е.
Маркирана облека? Играчки по вртоглава цена?
Чисто се сомневам.
Не сум сигурна дека моето бебе ќе се чувствува поубаво, заради сето кое го најбројав, ниту дека повеќе ќе се смее.
Родителите претеруваат. Лесно се паѓа во замка, го разбирам тоа.
Го помнам снегот и како тато не носи на санка, завиткани во ќебе, кај баба и дедо. Брат ми седеше назад, а јас како помала напред.
Го помнам врелиот леб кој го купувавме од пекарата, кога се враќавме од станицата каде што ја чекавме мама од работа.
Ја помнам куклата Вида, така ја викав. Беше обична кукла со залепена коса, која не можеш да ја исчешлаш. Ја помнам калта и како ја мешавме во мали садови. Го помнам цртањето во голема А4 тетратка. Го помнам мирисот на алиштата на баба и приказните за војната на дедо.
Го помнам пијанството на тато и денот кога престана. Помнам дека и пијан беше најдобриот татко. Помнам како тој поднапиен, а јас мала, заедно го местевме креветот. Ги помнам улиците. И игрите на улица.
Го помнам капењето на ловечкиот пес на дедо, Дона, која од шампонот не можеше да земе воздух.
Ја помнам загриженоста на тато, заради тромбозата на мама. Ги помнам солзите и смеата на мама. Помнам дека купував по половина леб, павлака и млеко. Ги помнам куќата и дворот на дедо. Помнам како во лето не освежуваше со водата од црево. Врескавме и се смеевме – Мене дедо, менееее!
Го помнам лепчето со паштета и јогуртот и мама кој мачка. Како јадевме со модри усни и скиснати прсти.
Ја помнам првата нивна расправија. Го помнам тато кога го болеше чирот. Ја помнам и неговата нервоза заради тоа. Го помнам мајсторот кој во времето на најголемата инфлација ќе кажеше – Ви отишол грејачот. Грејачот скап како ѓавол, а пари се нема.
Ги помнам чувствата.
Не се сеќавам што имав на нозете. Не се сеќавам во каква количка ме туркаа. Не знам дали беше нова, или позајмена. Не и ја помнам ниту бојата.
Не се сеќавам на квалитетот на облеката, ниту дали беше скапа.
По некоја слика, па чувство, по некоја слика, чувство, чувство, чувство...само по некоја слика, многу чувства.
Љубов. Низ допир и збор.”
забава Бремените
Автор: bobik
Што значи балансирана исхрана?
Покрај мноштвото совети за здрав живот, балансираната исхрана е тема н...
Мали ритуали без кои ништо не ќе биде исто
Многу луѓе не ги оставаат овие навики дома, дури ни кога се на одмор....
Музика за бебето уште пред да се роди – мит или наука?
Многу идни родители пуштаат музика на нивниот стомак, верувајќи дека б...
Кога бебињата почнуваат да паметат лица и предмети?
Од првиот момент кога ќе ве погледне, ви се чини дека вашето бебе веќе...
Што е посмешно да работиш во Македонија?
Млад, забавен, паметен...се само дел од епитетите кои го опишуваат сте...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.