vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Неверојатно! И мојата бивша го сакаше тоа.
Спомнувањето на бившата девојка или жена е на самиот врв на листата на забранети теми, а ако баш неизбежно морате да зборувате за некого со кого сте поминале месеци во креветот, зборувајте како за досаден продавач на правосмукалки.
Не можам да верувам дека сето тоа го изеде сама!
Никогаш не и давајте на знаење дека сте забележале што и колку јаде. Мудро молчете и олеснете си го животот, бидејќи ќе мисли дека и забележувате што се здебелила.
Да, пријателка ти баш добро изгледаше вечерва
Ама баш никогаш не наседнувајте на женската игра, во која се фали друга жена. Во прашање е стапица за почетници. Ако сте направиле грешка и потврдно сте климнале со главата, морате да бидете свесни дека сте активирале бомба, која порано или подоцна ќе експлодира.
Смири се
Сите понекогаш реагираме бурно, но откако жена ќе ги изгуби нервите, најдобро е да молчите, додека таа повторно не проговори.
Си купила уште еден пар чевли?
Воопшто не ни е јасно како досега не најдовте разбирање за тој мал порок на Вашата драга. Сепак, ако буџетот не може да поднесе уште еден пар сандали, време е тоа да и го кажете.
Мајка ми не правеше така
Без споредби! Во моментот кога Вашата партнерка ќе ја споредите со Вашата мајка, сте тргнале на пат без враќање кон прерана смрт од нервоза. Доколку дотогаш не ја мразела Вашата мајка, сега ќе почне. Започнавте војна која никогаш нема да заврши. Среќно!
Тоа ќе го облечеш вечер?
Ајде да Ви олесниме – никогаш не коментирајте неповикани што облекла жената. Не наседнувајте на она “Кажи ми искрено” – таа секогаш за Вас треба да изгледа одлично.
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да го одржувате крвниот притисок во здрави граници
Крвниот притисок е еден од важните показатели за здравјето на срцето и...
Доењето го одржува притисокот на мајката на ниско ниво
Мајките кои ги дојат своите бебиња шест месеци се повеќе заштитени од ...
Како телесната тежина влијае на плодноста?
Телесната тежина може да има значајно влијание врз плодноста и кај жен...
Брачниот живот, секако, ако е хармоничен, позитивно влијае на здравјет...
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...