|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што мислев за бебињата, пред да станам мајка?

Jessica Taylor, 22.8.2022
Тоа ќе биде лесно! Нема мајка која не помислила дека кога ќе дојде бебето, ќе знае и умее се. Но, тоа баш и не е така, зар не? Еве во што погреши мајката Џесика Тејлор...
Клучни зборови:

image
/11


 

Додека сами не се оствариме во улогата на родител, често си земаме за право да ги осудуваме и критикуваме другите родители, а тоа се случува и кога ќе добиеме деца.

Меѓутоа, повеќето работи ќе ги сфатиме откако ќе добиеме деца. Никој не ви кажал дека ќе биде лесно, само  што не сте верувале во тоа, баш како ни мајката блогерка Џесика Тејлор.

 

Еве што мислела таа:

1. Во тек на породилното отсуство ќе се одморам од работа.

Во ред, не дека ми недостасуваат разните конференции, секојдневното патување од и до работа, како и секојдневното облекување, но ова никако не може да се нарече одмор. Сега работам по дваесет часа дневно опкружена со каки и повраќаници, а она што е најлошо – не сум ни платена за тоа.

2. Ќе ми биде големо опуштање да излезам со бебето на прошетка

Ќе биде, ако не ја сметаме претходната подготовка за прошетка – пакување на работите скоро два часа, пресоблекување на бебето најмалку пет пати (бидејќи повторно и повторно блуцка на себе), носење и пакување на количката во автомобил со вештина на искусен нинџа и се тоа додека внимавате да не ве извалка бебето со повраќаница.

3. Ќе можам се' сама

Помошна е потребна постојано. 24 часа дневно. Ми треба константна асистенција во се што правам.

4. Ќе се заљубам во бебето штом го здогледам.

Да, точно е дека веднаш ќе се создаде некоја необјаснива поврзаност, но мислам дека вистинската љубов се гради постепено, додека го запознавате вашето бебе. Кај мене моментално е во полна сила и расте од час во час, но првите неколку недели беа толку тешки, што имав вистински спектар на емоции.

5. Лесно ќе се изборам со пост-породилната депресија е емоциите.

Освен ако тагата и очајот, кои ве онеспособуваат, не ви паѓаат тешко, можеби лесно ќе се изборите со тагата по породувањето.

6. Заморот не е толку страшен колку што кажуваат.

Не, тој е уште пострашен. Значи, ништо страшно, освен што ќе го изгубите разумот!

7. Лесно ќе се вратам на работа

Прочитајте ги повторно ставките под број 5 и 6.

8. Ќе ми биде лесно да се вратам во форма, бидејќи не работам.

Не само што немате време, туку немате ни енергија ни волја. Откако знам за себе, зависна сум од физичка активност, а што е уште позагрижувачки, сега не можам да направам апсолутно ништо. Сега воопшто немам желба за вежбање, а и да ја имам, не би имала ни време, ни енергија.

9. Нема да бидам под влијание на она што сум го прочитала на интернет.

Ова можеби и би било остварливо доколку не го храните бебето по 20 часа на ден и ако телефонот не ви е единствениот прозорец кон светот. Добродојдовте во Google лудилото.

10. Секако дека ќе бидам добра мајка

Можеби во некои области и сум добра, со тоа што бебето е здраво и напредно (УРА!), но се сомневам во себе бидејќи главата ми е во хаос.

11. Доењето ќе биде магично искуство.

Беше и потоа престана да биде. Се испостави дека тоа не е најдобар избор за нас. Не ми беше лесно да прифатам, дека нема да можам да дојам, бидејќи и општеството го поддржува доењето, а избегнува млечни формули. Од друга страна, бев изненадена колку мајки кои ги познавам ме поддржаа и навистина им благодарам за тоа.

12. Нема да се потпирам на советите на другите мајки.

Ќе го кажам само ова: Немаше да успеам без поддршката, љубовта, насоките и советите на своите пријателки и семејството. Го мислам ова со сето свое срце. Благословена сум што покрај себе имам прекрасни родители. Тие секогаш биле покрај мене и кога бев очајна и кога стравував, навистина секогаш. Исто така имав и несебична поддршка од пријателите, кои беа подготвени да помогнат во секој момент.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Интервју: Анита Даева
Анета Даева е новинар во утринската програма на телевизија Сител. Преку интервјуто ни ја доловува атмосферата и односите...
4
Интересен жирафа ролат
Направете го за децата. Ќе уживаат јадејќи го!
4
Децата на извонредните родители се депреси...
Секоја година ми доаѓаат родители и ми се жалат - Зошто моето дете не сака да ме слуша, зошто не прифаќа не како одговор...
3
Зошто собирањето сликчиња е добро за вашет...
Интервју со Др. Ранко Рајовиќ, соработник на УНИЦЕФ за едукација, член на Комитетот на МЕНСА за даровити деца: “Собирање...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?