|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Сексуален развој кај децата

Редакција Рингераја, 9.7.2010
Не постои човек кој не е заинтересиран за развојот на сексуалноста кај децата.

image
/11


За повеќето од нас, кои како родители сме соочени со предизвиците на детското сексуално однесување, разбирањето на знаците на детската сексуалност е важен услов за адекватни воспитни активности.

Терапевтите уште од времето на Фројд се склони да ги бараат корените на многу психички проблеми во детството, во т.н. ранодетски трауми, кои главно се однесуваат на сексуалните искуства на децата.

Модерните методи на истражување на детската сексуалност значително се разликуваат од психоаналитичките толкувања. Овој пристап се карактеризира со стремеж со поцелосна интеграција на постоечките биолошки, психолошки и социокултурни знаења со цел систематски да се разбере детската сексуалност и нејзиниот развој во годините на детството.

Пред да ги разгледаме специфичните карактеристики на сексуалниот развој во одделните возрасни периоди најпрво да ги специфицираме општите закономерности:

  1. Половиот развој започнува уште пред раѓањето и продолжува во текот на целиот живот на човекот.
  2. На сите фази од развојот влијаат две групи на фактори: наследно-биолошки фактори (закодирани генетски во човековата природа) и фактори на средината (кои свесно можеме да ги менуваме). Овие две групи на фактори не делуваат изолирано туку се во постојана соработка.
  3. Почетен момент во сексуалниот развој е хромозомската комбинација (XX или XY) од која зависи развојот на специфичен пол кај плодот. Според својата специфика овие жлезди лачат различни хормони кои ги диферекцираат двата пола, како по половиот орган, така и по специфичното (машко/женско) однесување. По раѓањето детето се развива под влијание на родителите, врсниците, на културната средина во која израснало (детски градинки, училишта)
  4. Суштинско значење во психологијата на сексуалноста има разбирањето на специфичните процеси и механизми поврзани со изградбата психички пол на детето.

Детска сексуалност

Помеѓу втората и четвртата година од детскиот живот се развива неговиот полов идентитет, односно свесноста на кој пол му припаѓа.

Ако сте родител на доенче, мало или претшколско дете, веројатно за сексуалниот развој на своето дете размислувате “Мал е тој/таа, има уште мнооооогу време” Не толку одамна, до пред неколку десетици години, се сметаше дека сексуалноста се појавува дури во годините на адолесценција. Денес со сигурност можеме да потврдиме дека сексуалниот развој на детето почнува многу порано, такаречи од денот на неговото раѓање. Важно е да се напомене дека сите деца се различни и се развиваат со сопствено темпо. Наведените фази служат како патоказ за што подобро да го разберете детското однесување.

Фази на сексуалниот развој

Деца од 0-3 години

Децата имаат сексуални чувства уште од самото раѓање.

Најраната емотивна поврзаност на доенчето со неговите родители се воспоставува по пат на физички контакти (држење во раце, допирање, гушкање, бакнување, галење, скокоткање...) во кои родителите ја изразуваат својата љубов спрема детето, а што претставува основа за развој на зрели облици на интимност и љубов, кои се важни компоненти на зрелата сексуалност.

Момчињата порано го откриваат половиот орган од девојчињата.

Момчињата имаат видливи ерекции (често од рефлексен карактер)

Допирањето во подрачјето на половите органи започнува рано во животот на детето, најчесто во втората половина од првата година (пр. при промена на пелена) и се смета за нормално однесување, насочено кон детската потреба за истражување на своето тело, како и неговата вродена радозналост. И девојчињата и момчињата се чувствуваат убаво кога ги допираат своите полови органи. Мастурбацијата се јавува помеѓу 1-та и 3-та година од животот и се смета за нормало и природно изразување на половото однесување во тој период. Во овој период мастурбацијата кај детето често е проследена со чувство на гордост и потреба за самопокажување.

Помеѓу две и четири години кај детето се развива неговиот полов идентитет, односно свеста за тоа на кој пол му припаѓа. Децата во овој период разбираат по што меѓусебно се разликуваат и почнуваат себеси да се сврстуваат во девојчиња или момчиња.

Претшколска возраст (3-7 години)

Овој период се карактеризира со зголемување на интересот на детето за сопствената сексуалност, па така тоа може да биде преокупирано со разликите во начинот на мокрење или за играта “покажи ми што имаш” во која децата меѓусебно си ги покажуваат половите органи. За оваа игра губат интерес на 5 годишна возраст, кога се развива срамежливоста.

Децата во овој период учат децата мастурбацијата е нешто што се прави кога си сам, во засолништето на сопствената интима. Се развива силно чувство на полов идентитет, па детето продолжува уште поинтензивно да го истражува сопственото тело. Интензивно се развива и детската емоционалност, што најмногу може да се види во неговата потреба да ги гушка и бакнува своите родители, како и другите блиски личности.

Во 4-та и 5-та година сексуалноста станува социјална, односно почнува да ги вклучува и врсниците. Во овој период чести се игрите меѓу децата од спротивен пол, кои ги имитираат возрасните, пр. игри “мама и тато” и “доктори”

Во 6-та година доаѓа до засилен развој на поимот за себе, па детето станува срамежливо, свесно за општествените ограничувања и има зајакната потреба од приватност.

Во овој период детето станува “возрасно” за да стои на ставот дека никој не смее да го допира на начин кој му предизвикува нелагодност. Исто така, детето продолжува да ги впива ставовите на родителите за сексуалноста, како реагираат кон личностите од спротивен пол, или како се однесуваат со сопствената голотијата.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Детска непослушност: Ти не си ми шеф!
Непослушност. Она што најмногу ги мачи родителите. Вие треба да сте главни, нели? Но што правиме кога не можете да се сп...
5
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
5
Силна жена
Ти силна жено, колку болки, колку ножеви те распараа, жено? Колку ли страдања преживеа жено? Еј, ти жено...
5
Детето беснее, што да (му) правам?
Кога малите деца имаат изливи на бес, родителите ги гледаат само последиците преку нивното однесување, а всушност треба ...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?