|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакам да дојдам изненадно, кога не се надевате, сакам да ви го одземам здивот и моќта за говор.

image
/11


 

Постоев пред да постои било што во Универзумот, постоев пред да постои природата, постоев пред да постои човекот. Бев осамена, сакав да го поделам сето она што го носам со себе низ неброените векови и го создадов светот кој сакав да се вика според моето име.

Се вовлеков во морињата и езерата, во реките и потоците, во планините и бескрајните полиња, во шумите и падините. Јас сум онаа во која се миете, јас сум онаа во која го огледувате своето лице, јас сум онаа која ја вдишувате.

Сакам да дојдам изненадно, кога не се надевате, сакам да ви го одземам здивот и моќта за говор.

Сакам кога срцето ќе ви зачука брзо, кога ќе ви се затресат колената, кога ќе почнете да изговарате непотребни реченици.

Сакам кога заради мене правите непромислени работи, кога се смеете како деца, кога шетате по ливадата и берете цвеќиња.

Сакам кога сте радосни заради мене, сакам кога пеете заради мене, сакам и кога пишувате песни заради мене, кога измислувате приказни на кои не им е рамна ниту една бајка.

Но тажна сум кога се плашите од мене.

Ме тепавте, затворавте во темни вилаети, ме исфрлавте од своите храмови, ме остававте гладна и жедна, го сокривавте сонцето од мене, ми праќавте дожд и темни облаци, го крадевте виножитото од мене. Ме врзувавте во ланци, не ми дадовте да се ширам и развивам, говоревте дури и дека не постојам. Не верувавте во мене, измислувавте страшни работи само да го прекриете моето име, палевте и пљачкавте.

Но се' издржав заради вас.

Не се бунев, плачев во тајност за да не ме видите несреќна, да не ве растажам. Сите ланци ги скинав, сите облаци ги растерав, незабележливо, тивко, тајно, за да не ве преплашам. Се прикрадував како крадец околу вашите срца, ги омекнував оградите кои ги поставивте. Ги бришев солзите од вашето лице кога мислевте дека нема кој да ги избрише, ве натерав да се смеете кога мислевте дека вечно ќе плачете, ве натерав  да зборувате и тогаш кога бевте заколнати на вечно молчење.

Не плашете се.

Примете ме во своите дворови, отворете ми ги вашите храмови. Припремете ги садовите на вашата душа за да ги наполнам со радост и веселба. Јас ќе бидам вашата молитва, јас ќе бидам вашиот вид кога не гледате, јас ќе ве нахранам кога ќе огладните. Јас ќе бидам вашата светлина во мракот, јас ќе бидам вашиот патоказ кога ќе мислите дека се движите по непознат предел.

Не плашете се. Отворете го срцето и примете ме во себе. Бидејќи сум тука. Бидејќи постојам.

Се викам Љубов. Само викнете ме и ќе бидам тука.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Подарете инспиративна играчка
Кога донирате играчки, направени од Вашите раце на болните деца, им подарувате љубов, топлина и надеж.
4
Груб моторен развој I
Стандард 1 : Детето може да ја одржува рамнотежата на телото
3
Детска непослушност: Ти не си ми шеф!
Непослушност. Она што најмногу ги мачи родителите. Вие треба да сте главни, нели? Но што правиме кога не можете да се сп...
3
Деца лидери
Социјалните улоги се распределени во таква хиерархија што успешните луѓе обично се лидери. Тие се силни и гламурозни и ...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?